Доилка сум-4месечно бебе. Фајзер прва доза, болка во рака, омалаксаност, замор, мускулна болка 30 саати, воглавно издржливо. Втора доза пред 4 дена катастрофа. Од вечерта сите можни нус појави: болка во рака, кучма,грб,температура до 39,повраќање, треска невидена не можев да стојам од тресење, цело тело ме болеше со вртежи, плачев од болка, како воз да ме прегазил... дури на 3ти ден се намалија симптомите. Денес како ништо да не било. Ако вака изгледа ковидот и трае по 2 недели....страшно
Вака изгледа ковидот... Истово го осетив на своја кожа како позитивна, страшно беше! Вакцинирајте се жени!
Јас бремена го поминав, 6 дена како во бессознание бев, седмиот ќерка ми 2.5 години пројави симптоми па магично се освестив од секирации и нервози по неа. Убедена бев дека бебето не е ок, не го чуствував воопшто како морска тие денови, но еве го лежи до мене се галиме, фала му на бога... Дојам 2.5 месеци, следната недела ќе одам Србија да се вакцинирам.
Девојки, ИТНО и БИТНО инфо: Овој четврток, 08.07, од 10.00 - 12.00 часот, во Борис Трајковски, сите доилки ќе се вакцинираат со фајзер. Штотуку ми јавија. Ве молам споделувајте, нема списоци, нека одат и тие што се пријавиле макар и изминатава недела.
Баш ми е мило што успеа ова. Јас не бев во можност да дојдам во ск. Сега преку работа се пријавив, досега со синофарм ги боцкале, знам имаше многу доилку со синофарм, може искуство?
Јас се вакцинирав со Синофарм. Никакви несакани ефекти ни јас ни беба. Антитела тек крај на август би испитувала, а се вакцинирав пред 1 месец. Ама мислам сега Синофарм нема, има Синовак
Дали е можно вакцинава стрикно за фајзер да направи пореметување на циклус послем втора доза? Се има кај некој десено? Требаше да добијам кога ја примив втората доза, али ништо еве веќе цела недела
Не ме сфакај погрепно но тоа испитување антитела е само пари земање, антителата не минимален пкказател дали делувала вакцината. Трајниот имунитет зависи од Т линфоцити кои ако еднаш ги произведе организомот сп таа содржима така се произведуваат до крај на животот, во крајна линија никогаш на децата не им испитуваме антитела послр секоја примена ревакцина.
По втората доза Фајзер, на вториот ден добив циклус првпат после пораѓај. Мноооогу обилен, и траеше 7 дена обилно, на средина и капки ерготил ми дадоа, зошто неможев да движам од многу крварење. Сега вториот циклус еве го касни 4дена. Пред бременост имав оскуден циклус од 3 дена кој трае и ниту еднаш не ми задоцнил. Ова сега скроз ми е ново. Незнам дали има врска со вакцината.
Сонофарм и сонпвак се наједноставни вакцини, само вирусот во неактивна форма, се препорачуваат за луѓе со нарупен инунитет и др болести. Според мене единствено само тие вакцини неможе да имаат никаква штета понатака во дополнителни испитувања што реално ќе се знае за повеќе од 10год, што на пример за Фајзер и останатите допрва ќе се види како тип на вакцини како влијаат на човекот, неговиот организам и имунитет.
Реков би испитала, а не дека ќе испитам. Прележана сум и вакцинирана само затоа што рабоѕам во 8ми септември, инаку немаше ни да се вакцинирам затоа што ми е јасно дека имам имунитет.
Па затоа и ти кажав не ме сфакај погрешно, го пишав тоа бидејќи не знаев дека си медицинско лице. Се утепаа луѓето пари давајќи со коронава па затоа сакав само да дадам мое мислење.
Вака како што опиша ми беше цел циклус откога се породив. Земав ц витамин во прав еден германски не му го знам името со жена на слика го има во бети аптеки 170ден е после 1 мес користење сега еве прв пат асален циклус со нормално крварење.
Еве сега баш гуглав и најдов дека му се случило на многу жени.. Во секој случај неделава ќе посетам гиниколог.. Никогаш во живот ми нема доцнето, едино кога бев бремена
Види реално и стресот може да направи да дицни циклус, јас тргнувам од себе, реално самото примање на оваа вакцина за нас не е баш психички лесно.... исто што има логика влиае на имуниете, паѓа имунитетот од присѕство на вирусот па и тоа влијае на циклус...
Оф топик само да не се грижиш за циклусот јас без фајзер првите 3 циклуси после порагај ми беа ужас. На пола саат под туш и полна влошка. Користев такви како памперс без крилца