1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иницијатива за давање приоритет на доилки и бремени за Фајзер вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од MinnaAnne, 20 април 2021.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.463
    Пол:
    Женски
    Ako gresam popravete me bidejki veke ne ja sledam situacijata kaj nas i so korona i so vakcini tolku religiozno.
    Posledno sto znam deka vo momentot se vakcinira kaj nas naselenieto spored prioritetnost po kriteeium na starosna granica zaradi nedostig na vakcini site od ednas da se vakciniraat. So koja vakcina ne znam i dali ima izbor da se bira so koja sakame isto taka ne znam. Tuka spagja i ona naselenie koe e vo kriticna grupa so rizik za zaboluvanje zaradi rabotata i profesijata. Drugite site smee na lista za cekanje da dojdat podobri vreminja.
    Ovaa inicijativa ja razbiram kako iznaogjanje krivina kako da se dodzapame do vakcina pred site ostanati jer #zenamajkakraljica bez razlika dali e Fajzer ili nekoja druga. Koga bi imalo za site i site da bideme zastiteni togas mislam deka e vo red da se baraat krivini i da se bira koja e najbezbedna, vo slucajov velite Fajzer. Vo situacija koga sekoj se bori da se dodrzi zdrav za sebe za deteto svoe za soprugot svoj za svoite roditeli koi bez razlika sto se nad 60 godini imaat pravo i oni da poziveat uste nekoja godina ne e vo red da se bara prioritet nekomu da se dade samo zosto doi. I pak ke kazam kako ke go regulirate toa? Kako nekoj ke znae dali jas dojam ili ne ? A sekogas ke ima nekoj sto ke saka da iskoristi prilika i da izvlece polza, pa ke kaze jas dojam iako bebeto majcini mleko kapka nema probano. Pre bi maz mi da go stavam vo prioritetna lista bidejki jas sum doma na porodilno bez NIKAKVI nadvoresni kontakti i da go zastitam a so toa i sebe da se zastititam. Majki se i onie koi imaat 5 godisni deca i onie koi imaat 10 godisni deca i podednakvo se grizat i gi sakaat svoite deca kako sto jas go sakam moeto 5 mesecno bebe. Pod ednakvo im e strav da ne mu donesat bolest doma kako sto mene mi e strav. Taka da ne se ljutete ako nekoi vasi inicijativi i baranja ne se srdecno prifateni.

    @MinnaAnne eve jas bev trudna i se porodiv lani. So maz mi doznavme deka sum bremena na 21 mart bas koga pocna seto ludilo so korona a se porodiv na 19 noemvri koga pocna neznam vekje koj bran vo nasata drzava. Trudna bev vo najlosiot period ama projde. Toa ne me pravi pomajka od tie sto rodile pred 2 godini i tie so ke ragjaat posle mene samo zatoa sto jas sum bila trudna vo vreme na pandemija. I uste 1000 zeni bile trudni lani i ragjale ednostavno zatoa sto zivotot tece dalje. Da znaev deka ke bide taka mozebi ke pocekavme ama nikoj od nas ne znael. No, toa ne ne pravi posebni majki i posebni trudnici. Ednostavno takva ni bila srekjata. Maz mi ni pred zgrada ne nazdravi so nikoj, mekici ne jadese, prvite 2 meseci so maska sedese pokraj bebeto i go drzese po pola saat pa ete ziv i zdrav e kueto ne mu padna so ne slavese. Ednostavno taa e realnosta utre ova ke bide edna prikazna koja ke im e raskazuvame na nasite deca vo kakvo vreme sme gi rodile.
     
    На Kitten, baby-star, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Па маж ти со кој памет правел живели а ја знае ситуацијата?
    Тука никој не тие крив.
     
    На baby-star, Bezimenka90, Lepoticata и 4 други им се допаѓа ова.
  3. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Не ми е крив никој, секако дека згреши. Луѓе правеа и свадби и мекици и крштевки и си седат по кафани...не беше тоа поентата.

    Како и да е ете имате екипа за контра-иницијатива :D:D @SuperGirl24 @нина122 @kravce @butterflysk
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Од истата причина, луѓе не ми давале предност во болница, во банка, не ми станале во автобус и слично - себичност и некултура. Зошто ти, кога можам јас?
    Најдобро е да се игнорираат ваквите ликови и ако се успее да се истера ова до крај. Ако не, да сме живи и здрави.
     
    На Alishan30, @rollercoaster@, natasam и 5 други им се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ама споредбите не ти се на место.
    Еден куп оставивме деца во пандемија и одевме на работа и им донесовме корона дома.
    Како и да е јас во мојата ситуација во никој случај не би се вакцинирала.
    Треба за сите да има вакцини и сите да се еднакви.
     
    На baby-star, SuperGirl24, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    12.362
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека сме контра нивната вакцинација, ама мислам дека и во приоритетот има приоритет. Односно дека мора да течат работите по својот тек, пратеници, полиција, медицинари, наставници, ок за хронично болни нив ги вакцинираат со цел да не дојде до колапс на здравствениот систем ама овие другите се е тоа приоритет на цела држава да бидат вакцинирани што побрзо. После идеме ние другите неприоритетните и пак и помеѓу нас неприоритетните има приоритетни, односно ете трудници би биле приоритет. Јас бев изиритирана од тоа што некој имаше пишано нешто како да побрзаме, ќе ни ги потрошат вакцините, како леб во маркет да е ова. Не ги трошат за џабе, туку за општо добро.
     
    На baby-star и Poppins им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.968
    @MinnaAnne зошто би правела контра-иницијатива? Па јас пресреќна би била сите да сме вакцинирани и да го испратиме вирусов у пм. Во моето мислење изнесувам факти од сзо и прашувам кој ви кажа дека само Фајзер може да ја примите? Ако сите вакцини не се испробани на бремени и доилки, како се знае дека ете Фајзер може, другите не може.
    Еве повели
    Нашето министерство за здравство не ни има дадено зелено светло за вакцинација на бремени и доилки. Имаше случаи со други состојби, специјалист им дава поддршка да се вакцинираат, а на вакцинален пункт не им даваат и ги враќаат. Истото се случуваше и во Србија, доилки беа враќани од вакцинација, освен ако тазе нешто се променило.
    Би советувала да не се избрзува, ама ете...секој си знае за себе.
     
    На baby-star, Celltica, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Мина не ве следам, но многу ве поддржувам. Редовно праќам мејлови до МЗ да се даде приоритет за хронични, ретки, автоимуни и др заболувања ве додадов и вас доилки и трудници, но општо и мајките...
    Само за болдираново твое, ако во мејловите сте пишувале дека ви е страв да не ги заразите бебињата, тогаш додајте не и нас што не доиме нека не вакцинираат со било која друга. И нас ни е страв да не им донесеме нешто на бебињата. И ние сме загрозена група без разлика што нашите бебиња растат на адаптирано.
     
    На baby-star, Leksikon, forumce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Абе ако не ве засега темава зашто коментирате. Имам право да барам приоритет? Имам. Крај тука завршува приказната. Ако сметате дека спаѓате и вие во некоја група за приоритет, одете борете се. Може ќе одобрат, може не!
    Кога можеа војскана што игра шах по цели денови да ја вакцинираат зашто "била приоритетна" зошто не и нас?
    Плус ние бараме фајзер да има достапни за нас. Сега за сега вакцините направени со м-рна технологија се докажани дека не се излачуваат во млекото. Се излачува само еден протеин кој во желудочната киселина се губи. Додека кај вакцините со аденовируси се излачуваат адитиви кои бебињата ќе ги голтнат секако. Не знам што се наоѓате навредени и се дрзнувате да коментирате. Ајт таму...
     
    На Alishan30, @rollercoaster@, natasam и 7 други им се допаѓа ова.
  10. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, не сме пишувале такво нешто по мејлови. Секако дека сите мајки на мали бебиња се во загрозена група. Можеш да се приклучиш во групата на фб и да дадеш предлог да се таргетира поширока група.
     
    На Lepoticata и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Нема фб за жал ама ќе продолжам со мејлови. Додека не добијам одговор од МЗ зошто нема приоритизирање на одредени групи ќе пратам.
    Мој предлог кој можеш да го пренесеш во групата е доколку не ви дадат приоритет и одат по старосни групи тогаш да обезбедат однапред вакцини на фајзер конкретно за доилки и трудници во момент да можат да одберат кога регуларно би им дошол ред, а не да си ги даваат фајзер на кој им одговара. Ако прифатат за вас ќе мораат и за други ранливи категории, а не знам која е причината што не даваат приоритет на никој освен на пратениците последно што дадоа, што е за срамота...
     
    На MinnaAnne му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Фајзер е тестирана на доилки и трудници на 3 начини: лани на трудни животни, оваа година клиничка студија на трудни и доилки жени, и 3: Америка и Израел ги вакцинираа трудниците, па има податоци и од тоа. Дополнително, трудници се приоритет во повеќето делови во Америка, буквално заедно со лекари и други критични групи.
    Некако осеќам дека ќе се наситиш ако не ни ја прифатат иницијатицата. Наместо како жени да се поддржуваме, овие 2 дена се расправаме меѓу нас дали сме заслужиле или не, да се вакцинираме трудници и доилки. Од нашите немаме поддршка, што да се каже за власт и другите? За срамота сме жениве на форумов...
     
    На Alishan30, @rollercoaster@, natasam и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Не можев да ве дочитам, значи ми се лоши веќе од ваков себичен народ, е за тоа не не бива.
    Ако направиме притисок сите може ќе обезбедат повеќе вакцини па побрзо да се извакцинираме сите.
     
    На Alishan30, natasam, MinnaAnne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сфаќаш дека само Фајзер е одобрена за нас, во Македонија и светот. Кога ќе дојдеме на ред, без приоритет, тебе ќе ти дозволат да се вакцинираш со било која вакцина, а мене ќе ме вратат, затоа што ќе ги потрошат фајзер на било кој друг, и јас нежа да можам да се вакцинирам, иако сум дошла на ред. Иницијативата е да не приоритизираат нас трудници и доилки за Фајзер. Да се спремни кога би дошле на ред, да има фајзер, за и ние да се вакцинираме. Нашиве власти не размислуваат за тоа, немаат толку мозок за таква организација, па мора да се потсетат. И да, кај нас е дозволено вакцинирање на трудници и доилки. Баш препорака е, ако сака да се вакцинира, има право. Како што кажа сама, нити следиш ситуација, а пак се бунтуваш. Зошто? 150 жени сме, нема да да ги потрошиме сите вакцини во Македонија... Многу ми е жал и срам што гледам дека вака се третираме жени едни со други... никаква поддршка нема меѓу нас, како очекуваме да има од други?
     
    На @rollercoaster@, natasam, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Абе ако сакате да правите затворена група не е форум местото за тоа.
    Инаку, за бремени не можам да зборам, не сум читала дека воопшто било која вакцина се тестира на бремени, искрено не ги знам истражувањата, ама за доилки не гледам како се ризична категорија. На работа не одат, веројатно се на трудничко повеќето, освен ако се хронично болни не сфаќам воопшто како се најзагрозени. Прегледите за бебето максимално заштитени и тоа е тоа. Има луѓе во многу посериозна состојба со куп хронични болести кои се уште не се стигнати на ред за вакцина.

    Убаво е да има иницијативи, и никој тука нема да ви ја запали иницијативата ако решите да поднесете, ама дефинитивно може да се дискутира дали е издржана или не.
     
    На Spidy, cresa-jagoda, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Leksikon

    Leksikon Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    491
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се разбираме дека не е приоритет за време, туку приоритет за тип на вакцина. Дека и да не дојдеме на ред заедно со пратеници, туку кога по старосна граница ќе дојдеме на ред, да ни оддвојат фајзер за вакцина. Пак ќе повторам, само фајзер е тестирана за доилки и трудници. Само таа вакцина е дозволена и кај нас за доилки и трудници. Дека кога јас и ти ќе дојдеме на ред за вакцина, тебе ќе ти дозволат со било која, мене нема. Ќе ме вратат, ќе ми кажат да чекам кога ќе има фајзер, ако има некогаш...и тогаш ти ќе си вакцинирана, а јас трудница, или некоја доилка, нема да биде. И не само што нема да бидеме приоритет, туку ќе бидеме оставени на случај ако некогаш донесат пак фајзер, или ако некоја друга се одобри за нас. И сите ќе бидете вакцинирани, освен ние, само затоа што немало кој да организира распоред за вакцини. А нема!! Ако не се избориме, нема да одвојат за нас фајзер. Ете затоа се бориме. И се бориме не само со власта, туку и со други жени. И да, ова е форум, за да можат повеќе жени да видат, дека затворена група не може да информира доволно. Ама не очекував дека од самите жени ќе наидеме на вакви препреки, особено кога ете вие што сте контра иницијатива, нити знаете за што зборуваме, нити знаете ситуација во свет за доилки и трудници, ама онака само да пакостите сте овде. Ако не ти се допаѓа темава, не ја читај. Остави не да се договараме на раат. А ако еве сметаш дека можеш да допринесеш за дискусијата, едуцирај се, па тогаш. Вака само од љубомора не иде... Ако имаш било каков паметен аргумент, може и ќе смениш нечие мислење, но вака само контра колку да бидеш контра, нема смисла.
     
    На rainbow_bb, Alishan30, natasam и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Секојдневно слушам вести, читам на нет, сега поретко од порано ама немам слушнато дека некои вакцини се за доилки или трудници а некои не.
    Инаку, мајка на тригодишно дете и мајка која дои или трудница, не е исто. Се што примаат трудници и доилки може да има ефект на бебињата пошто се хранат преку мајката, што не е случај со бебиња и деца што се хранат одделно.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    20210424_180028.jpg
     
    На eta, SkarletOHara, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Ефно нешѕо паметно прочитав . Супер брсво за иницијатива се надевам дека ќе успеете. И одма коментари зошто доилки абе како не ви е срам да коментирате така? Па глејте си за вас. Секако дека и доилки зошто има голем број на жени кои дојат и по 9месеци, не треба ли да се заштитени на работното место? Свашта. Да било само за бремени а не за доилки .... На комшијата да му умре козата (facepalm) не дојам и не сум бремена ама ве поддржувсм
     
    На Alishan30, Keri, @rollercoaster@ и 5 други им се допаѓа ова.