Овие ништо не пишале по мене. Да бидат земени во предвид при креирање на план за имунизација? Па планот е креиран веќе, а во согласност со светски препораки--Ако е така според Светска здравствена трудници и доилки може со било која вакцина да се вакцинираат. Мина не е кон тебе ова, онака си дискутирам ми е малце двосмислено барањево.
Но ако не е барањето временски да се први бремените и доилките за Фајзер вакцината, тогаш не станува збор за приоритизација. Во таков случај, значи барањето е да се обезбеди Фајзер вакцина за бремените и доилките во тој момент кога ќе се имунизира ризичната популација. И тоа е да речеме ок барање. Но, реалистично план од сега за тоа не ни може да се направи со оглед на динамиката со која се носат вакцините во државава. Дури да стигнеме до фаза ризичното население да е вакцинирано, ни бремените ќе се уште бремени, ни доилките уште доилки. Јас се согласувам дека треба да има различни вакцини за различните категории на луѓе, тоа не е спорно. Спорно ми беше дека доилките се ризична категорија, прво зошто доењето со ковид нема ризик по детето, второ зошто секако детето има двајца родители дома од кои може да му биде нешто пренесено. По таа логика, треба сите родители на мали деца да се имунизираат веднаш, што секако ни е можно, ни е фер спрема ризичните категории. Јас немам намера да бидам дел од никаква контра иницијатива, само пак, сите сме дел од општеството, сите плаќаме даноци и сите имаме своја специфична ситуација за која можеме да имаме аргументи дека сме први за вакцинација. Но сепак, колку ни се издржани аргументите, тоа е веќе предмет на дискусија. Инаку секако дека имате целосно право да барате нешто што сакате.
Ја отворив темава кога се отвори и ја отворив сега кога има повеќе мислења. знам дека досадна сум со муабетов, ама ме потсеќа на моментот дека во 90% од случаите, жена не ми застанува на пешачки. Нели, можам јас сама со моите да чекам, што па оваа ќе ја пуштам. така и тука. Што па некоја што дои е приоритетна!! Секако пратениците се поприоритетни. Факт е дека никој не ни прочитал за што се работи. Јас стварно се прашувам кога се претворивме во вакви саможивници.
Проблемот е што не ги читате мислењата. Ќе прочитате нешто од нешто и веднаш тргнувате да пишувате мислење без да знаете за што точно пишувате и истото само се врти во круг. Темава е за иницијатива, не е за расправа да биде или не, туку како да се организира, исто како и другата тема. Ако имате некакво мислење да помогнете, во ред, ако не прескокнете ја темава. Значи, Фајзер е безбедна за трудници и за доилки бидејќи не се лачи во млекото и кога ќе пристигне оваа вакцина треба да се приоритет трудниците и доилките, за тоа е целата иницијатива, толку. Значи, темата треба да продолжи во насока на организирање, се друг е веќе оф-топик.
https://mms.mk/220351/фајзеровите-в...XklwwstgNsTFcxbLOU62FVRN--p_oIu1sG1CUahDygcP0 Ќе има ли за нас?
Не е, само е иницијатор на групата и стапува во контакт со соодветни луѓе. Јас само ви пренесувам од групата на фб.
Во земји каде има вакцини во изобилие во ред е да се класифицира и Фајзер да ја добиваат бремени и доилки. Ама кај нас вакцини нема за едно село да се вакцинира цело, ние иницијативи ќе правиме. Убаво, баш би сакала да успеете, ама глувонеми ќе бидат властите. И кажете тука ако успеете иако не дојам ќе речам таму дека дојам па ќе се вакцинирам. Не се зезам стварно. Да одземам ред за да се вакцинирам пред некој стар/немоќен/човек од ризична група со врски не би била со мирна совест искрено. Ама ако како доилка можам на коњ да се качам би прифатила.
А како споредуваш кој треба да биде приоритет, постар човек или трудница? Ете баш ме интересира. Плус, старите скоро сите што сакале се вакцинирани. Сега се вакцинираат помлади, и некои си критични групи што не се ни критични, нити приоритетни. Ама неее, трудниците не дај боже да се вакцинираат, некако последни да останеме, и со никоја вакцина да не можеме, најсреќни ќе бидете. Затоа што сите, ама сите други можат со било која вакцина, а ние не. И ако не оддвојат за нас фајзер, не даваат со друга. Значи ми се гади веќе од вакви коментари, па што луѓе сте??? Не е тоа себичност, тоа е веќе злоба што го има на форумов. За греоти сте.