welcome to the club се вакцинираше кој стигне со списоци од некакви новинарски кругови (не се бунам за новинари кои реално се нон стоп на терен и контакти), по министерства, ама иницијатива на трудници или доилки го зема редот на кутрите стари луѓе. тие пола не сакаат да се вакцинираат (почнувајќи од мајка ми и свекрва ми), ама каков аздис е ова од мајкиве! стварно е тешко да се провери која мајка дои, а која не. Со оглед на тоа каков народ сме, очекувам први да се наредат на боцкање оние кои зборат против иницијативата.
Колку што знам ние Фајзер вакцини до сега само на донација имаме добиено. Пак донации ли ќе чекате или ќе истражите дали и некоја друга вакцина не е штетна за трудници? Јас мислам да си истражите оти ако чекате донации не ви ја бива работава.
Околу 180 жени се на список, 180 и кренавте прашина. Срамота!!! Читнете нешто пред да коментирате, иницијативата не е за да се земе нечиј ред за вакцинирање, туку како една група, да ја имаат во предвид властите. Ако може секоја вакцина, споделете факти, не само рекла казала. Тие што сакаат да се вакцинираат, најмалку посакуваат да се молат со вакви иницијативи, барем властите да имаат предвид. Не се работи за приоритет, се работи за одреден тип на вакцина кој се спомнува како безбеден.
Мајки, прво НИЕДНА вакцина не се лачи во млеко, туку АНТИТЕЛАТА се пренесуваат до бебето. Второ, до сега има податоци дека фајзер и модерна смеат, а за сите други вакцини НЕМА ДОКАЗИ и тоа не значи дека не се безбедни. И јас сум за вакцинација ама се прашувам како сме приоритетна група? Дали знаете дека пациентите со дијабетес како најголем ризик за смрт од ковид, не се ставени во приоритетна листа? Моментално вакцинираат по старост, а хроничните во 2 фаза
Е па грешно знаеш. Имаше и пратка од сопствена набавка. До сега само модерна и фајзер се потврдени за оваа категорија. Се информираше нешто или колку да се хејта нешто е работата? Ајде сподели која друга е безбедна, па и неа ќе ја имаме предвид. брее! Збор не гукнавте за ојле дојле од државна администрација, ама мала група е трн во око . Кои ситни души.
Имаат ли тие студии? Колку трудници и доилки примиле? Веројатно може, ама Кинезите не даваат податоци од нивните студии. Некако не ми се за верба. Модерна и Фајзер се сепак бар транспарентни во процесот. Се тоа прави и довербата да е поголема. се согласувам дека има поприоритетни, посебно кај хронично болни. Она кое ми боде очи е тоа што никој А не кажа кога вакцинираа новинари и буџетари, а сега им смета се. Еве јас во фамилија имам 2 така вакцинирани. Е стварно се прашувам за нивната приоритетност. Што ќе сменат уште 200 вакцини за трудници?? Еве нека не е за доилки!
Кинеската тек сега се одобри од страна на СЗО. Тука се и политички и фармацевтски мафии, пари и што не. Еве моја колешка доилка се вакцинираше со Спутник, продолжи да дои. Зборев со имунолози кои апсолутно тврдат дека смее, затоа што механизамот е тој, се пренесуваат антитела. Јас прележав и му пренесов антитела на детето, затоа и помалку имам и без мислење би примила кинеска која штити од се, цел вирус а фајзер од спајк само. Прашање на време е кога ќе се дозволат сите вакцини
Јас ќе се вакцинирам ама како доилка сега во оваа состојба ми е страв најискрено. Мене ми се јавија, но за сега одбив здравје на есен ќе се вакцинирам. Само треба да им кажам дека само со Фајзер дека ќе смеам. Ило до тогаш може ќе ги одобрат сите за доилки.
Инаку Кина прави журки без маски, короната е кај нив завршена сите вакцинирани со Симофарм, а да не зборам дека од таму излезе. А за буџетари, пратеници, што да кажам барга се истепаа и тоа со фајзер, коштаплери. Али Вучич, Филипче кинеска
Јас еве како трудница не сакам сега. На неистражено, на несигурно, не сакам. Понатаму да, да видам како ќе биде. Но, не се сметам како приоритетна, не пред оние со хронични заболувања на пример.
Колку за информација кинеската вакцина на синовак е 60 долари од доза(таа е таа што моментално ја имаме ние), а фајзер е 20 долари од доза. Три пати поскапа е кинеската вакцина. Подоле имате линк за информации во однос на цената на вакцините. https://www.biospace.com/article/co...strazeneca-oxford-j-and-j-russia-s-sputnik-v/
Синофарм ја имаме, а Синовак се чека. Види, затоа реков политики се во прашање. Зашто руска не е одобрена? Не ме интересираат цените, ме интересира тип на вакцина, техника на изработка, ефукасност, нус појави. Фајзер кај многу во Израел предизвика кардиолошки последици, така да сите вакцини имаат предност и мана. Астра зенека е ефтина, кренаа фама, а е многу добра вакцина, цела Британија се извакцинира. Ама океј, секој со свои ставови, јас се водам од медицински издржани работи и препораки
Единствената причина зошто другите вакцини "не се препорачуваат за трудници" е само затоа што самите производители немаат извадено студии. Во САД трудниците им влегоа во приоритетни и се вакцинираат со се што ќе има. За кратко ќе искочат статистики за сите вакцини, и сите ќе ги одобрат за трудници и доилки. Правете разлика помеѓу "не е испитано" и "докажано е дека не смее да се прима". Иницијативава си е океј, ама основана ви е на погрешни информации. Да беше докажано дека Синофарм/Спутник/Модерна/која и да е вакцина е контраиндицирана за трудници, ќе разберев. Ама не е докажано. Само не е испитано. Додека ние добиеме вакцина по желба на примачот, од 900 термина на еден пункт на ден се појавуваат само 150 за имунизација. Вака за 100 години нема да завршиме со имунизација.
Јас не се пријавив. Во последен момент така одлучив, при крај сум со доење (се надевам). Ќе почекам како ќе се одвиваат работите. Тие што сакате да се вакцинирате идете подобро во Србија, искрено мене малку лошичко ми е веќе од коментарите, да изгуби човек волја да се избори за нешто. Што народ ќе бевме.
Колку не верувам во тоа Кажаа дека докторите од приватните ќе чекаат. Е па јас бев на преглед кај докторка која ми кажа дека примила од првата пратка фајзер. На популистички маркетинг не верувам. Спутник не е одобрена затоа што русите не се транспарентни. АЗ еве јас не би ја примила. Не ради рекла казала, туку ради студиите на скандинавците, читај Норвежани. Ќе излезат и данците, ако веќе не излегле. @Spidy точно дека е различно, ама во овој момент нема потврда дека се безбедни за оваа категорија. Што е проблем за 180 да се одвојат фајзер дози? Во Србија милиони имаат опција да изберат, а кај нас е проблем за мала група.
Да тераше некој со сила да примите одредена вакцина, па да се прави иницијатива од страна на трудници и доилки дека не сакаат друга освен Фајзер 100% ќе беа во право. Не дека сега не се. Сите сакаме вакцина. И повеќето сакаат Фајзер ама мислам треба да разбереме дека нема доволно за сите во овој момент. Ете имате иницијатива, супер ако ви дадат Фајзер, ама иницијативи постојат за се живо и диво и властите за тие прашања се глувонеми. Кога би биле на ниво на високоразвиена земја ќе немаше потреба од иницијатива. Ќе си избереше секој што сака и ќе се вакцинираа вистински приоритетни луѓе. Како што знам во други држави старците не се приоритетни бидејќи седат дома, вакцинираат хронично болни, млади и општо ризични групи. Кај нас вакцинираат старци бидејќи тие се најприоритетни за властите, од пензионери најмногу гласови се добива и најлесно можат да ги купат. Ретко младите овде се замараат со политика, најактивни се старците и затоа ќе се вакцинираат пред трудници, пред доилки и пред сите на кои им е потребна вакцина.Јас сум за да има вакцини за сите без упикувања, сум за Фајзер да биде за трудници и доилки, ама прво треба да има Фајзер доволна количина. Треба и мора да се вакцинираат приоритетните, а според мене тоа се здравствени работници и хронично болни. А потоа се сите останати. П.С во Америка веќе вакцинираат 12 годишни деца, кај нас деца не се на никој список. Ете јас мислам млади деца се побитни од 80 годишници, ама тоа јас мислам, а тие на власт гледаат кој гласа за нив тој да е приоритет.
Многу примија фајзер, а не беа на список, и тоа со дебели врски. Мене не ми се ни јавија од работа затоа што сум на породилно а ми завршува во јуни, и ќе работам во ковид одд. Ни за спутник не ми јавија, се е на молење и натегање. Апсолутно сум за вакцинација на трудници и доилки, но за жал кај нас нема бирање и еве вака идат работите, па или ќе се разболиш или ќе примиш било што. Реално јас како здравствен работник сега можам одма да се вакцинирам, ама имам имунитет и оставам другите да примат, ама сакам со кинеска. Можам да ја чекам фајзер ама не би