Мене ми рекоа јас да си одлучам, нема доказ дека не смее, нема студии. И ми рекоа штом добијат Фајзер, ќе ме повикаат. Но не бев во Скопје јас, ова во внатрешноста
Да, се вакцинирав, никакви несакани ефекти, минимална болка на место на убод. Ја дојам и понатаму ќерката, нема ништо кај неа реакција. Кажав дека не дојам за да не ме вратат. Се консултирав со проф. Пановски пред вакцинација, ми рече апсолутно да за вакцина, и дека само антитела можам да и пренесам, а со тоа да ја заштитам.
И јас денес се вакцинирам со Синофарм, и реков на таа докторката што беше на пунктот за вакцинација, дека ќе прекинам со измолзување, таа ми рече да не го правам тоа, дека вакцината е безбедна за бебето. Рече дека и самата е доилка, дека се вакцинирала со Спутник и продолжила да си дои, а за Синофарм рече дека е уште побезбедна. Вика поголема штета ќе му направиш на бебето ако престанеш да му даваш мајчино млеко. Јас бев решена да прекинам со измолзување, но откога ми го рече оваа докторката, ме предомисли некако. Им пишав и на Др Станка и др. Фидановски од Систина. Др.Станка ми пиша да продолжам , а од Фидановски уште чекам одговор. Да видам и тој што ќе ми пише. На здравје да ни е вакцината.
Ти се погодил нормален доктор. Немаат сите ист став затоа што не прочитале и некои враќаат. Во упатството не пишува дека е контраиндицирана така да не знам што е проблемот.
Сега добив одговор од Др.Фидановски, дека кинеските вакцини не се доволно испитани на доилки и не се знае какви ефекти можат да предизвикаат. Напишал и дека Фајзер е препорачлива за доилки. На сите ви посакувам, да успеете со иницијативата, а ние останатите што се вакциниравме со другите вакцини ни останува сами да си одлучуваме дали ќе продолжиме со доење или не, очигледно и докторите имаат различен став. Јас и онака немам многу млеко, едвај вадам по 100 до 120мл. на ден. Знам дека секоја капка мајчино млеко е драгоцена, ама па и ова не доволно испитано, не се знае на што си. Најдобро е да си прекинам со измолзување. Парадоксот да е уште поголем денес во Кавадарци немаше вакцини за сите доволно. Тие што имаа закажано после 12 ги враќаа. На излегување слушнав дека ќе ги вакцинираат само оние што се закажени до 9 часот. Многу ни е интересна државава, си отишол таму од друг град, си изгубил драгоцено време, си направил трошок и ти викаат нема вакцина.
А да продолжиш да се измолзуваш, како што разбрав не цица, измолзено и даваш, па фрлај го неколку денови, за да одржиш лактација, после продолжи да и го даваш? Така не губиш, ништо. @Mila_Skopje во друга тема те читав, бебето со потечна столица, можно е да е како реакција на вакцината? Тој период беше или?
Зашто не го замрзнеш ако за 6месеци се појават посигурни информации ќе и го дадеш мислам дека антителата би си стоеле во тој случај ако не се лажам.
Мами, денес почнав со работа на вакциначеннпункт во Штип. Инструкциите се дека со вакцната Синофарм може да се вакцинираат и трудници и доилки. Не мислете се со било која можете да се вакцинриате.
Па нека не кажуваат дека доат или се бремени ако сакаат да се вакцинираат. Единствено тоа е решение во моментот.
Ама луѓе се е ова ок, дајте црно на бело дека е одобрено. И јас чекам вакцина па сакам написмено дека е безбедно да се прима. За 16дена тргнувам на работа, па уште си чекам.
Сзо вика може синофарм. Немало доказ, ама бенефитот го надминува ризикот https://www.who.int/news-room/featu...opharm-covid-19-vaccine-what-you-need-to-know
Отвори и види го упатството. Има веќе на сите сајтови дека се безбедни. Искрено нз каков доказ барате повеќе од тоа и од искуство. Ако ти е страв почекај фајзер
Ти се вакцинираше ли? Што мислиш за ова? Јас стварно сакам да имам некаков доказ како доилка, не се ни спомнати доилките. А ова за бенефитот што го надминува ризикот е за скоро 90% од лековите во бременост и лактација, па не посегнуваме 90% во случаите кога по упатството вака пишува.
Тогаш нема потреба од иницијативи, да одиме и да се вакцинираме. Се јавив денес во вакцинален пункт и ми беше одговорено дека немаат одобрение никакво за другите вакцини освен за Фајзер. А Фајзер тие немаа на лагер. Ниту сум поборник за Фајзер, ни ништо. Ако би бирала баш со оваа би се вакцинирала, само сакам да се сигурни дека е ок, по пунктовите. Ете Штип биле сигурни, да одиме таму најдобро