Ова не е поврзано со нашата иницијатива, ама денес вакцинирале со Фајзер доилки во Борис. Јас разбрав само за здравствени работнички без термин со потврда од работа.
Мое мислење е дека џабе иницијатива за вакцинирање за трудниците и за нас доилките и џабе списоци правење да не вакцинираат со Фајзер кога никој апсолутно не се замара ни Министерство ни Филипче ни никој... Највеќе од се што не можам па ич да сфатам е како првин старите што изнаживеале живот ги вакцинираат и што седат дома . Постојат луѓе што се хронично болни , постоиме ние што доиме и имаме бебиња , трудниците што носат живот во нив и што највеќе треба да се пазат. Значи луѓето што одат на работа се до 64 години и тие се изложени на најголем ризик а не некој што седи дома и гледа тв. Коронава не зима само стари зима и млади животи ...
Од цела фирма само јас што сум доилка не сум вакцинирана, никој не не брои во држава каде што пензионерите се за скоро речеси се на прво место ништо не бидува
Во нашава земја најубаво е да си пензионер. Се вакцинираш прв, гратис автобус имаш , гратис зимски одмор имаш , бања исто така , поповолни мобилни пакети и што ли уште не ☺
Најверојатно не се замараат зошто еве и со други е одобрено да се вакцинираат бремени и доилки како на пример синофарм....
Чекаме инфо како ќе поминете со реакции вие и бебињата. На бугарска граница вакцинирале со Фајзер и Модерна, без закажување без бг пасош. Сте слушнале за ова?
Девојки Братучедка моја прашува дали некој се вакцинирал а да не е во здравство од тие што доите. И какви потврди носите ако да? Цела недела доилки вакцинирале самп не знае дали може туку така да отиде
Јас добро поминав дс речеме, раката ме болеше вчера многу, попладнето бев омалаксана имав болка по телото особено грбот, пред да си легнам се напив парацетамол сабајлево се разбудив супер сеуште имам само мала болка во раката. Бебе си цица, супер е она.
Се мислев за на граница, ама решив да чекам да ни успее иницијативата, не знам зошто не ми се допаѓа сликата да ме вакцинираат на граница во шатор?