Се напишаа неколку текстови од кои едниот е и во медиум,за жал само еден ,па ќе ги споделам сите тука. Секој може да додаде или одземе нешто ,па ако се сложи одреден текст да го вртиме сегде ,како што се вртеше кога успеаа да издејствуваат. „Почитувани, ние мајките кои сме на породилно отсуство бараме да се продолжи платеното породилно отсуство. Ние сме во многу незавидна состојба бидејки немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено градинките сеуште се небезбедни (воспитувачките може се негативни,но може некое дете да е носител и да ја рашири болеста), а поради социјалната дистанца не можеме, а и немаме сите услови да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт). Поради тоа бараме да го заштитиме здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство. Сега кога бебињата се најнемоќни, а ние за нив најпотребни. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема да бидеме во неизвесност, бидејки состојбата со вирусот никогаш не била посериозна. Ова е мал чекор за државата,а голем за нас.“ Почитувани, ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневни сме сведоци на зголемен број на заразени и починати. Од овие причини, градинките се уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во неповолна позиција, во ситуација кога немаме кој да ни ги чува децата. во таа насока, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите. Отворено писмо до : Министерство за здравство Министерство за труд и социјална политика Комисија за зразни болести Влада на Република северна Македонија Со оглед на тоа дека се наоѓаме во најголемиот и најстрашниот бран на корона вирусот од почетокот па до денес...во кој што се потешки клинички слики се јавуваат и кај најмалите за разлика од претходните бранови,а намалениот број на групи и деца во градинките не доведува во една незавидна ситуација во која нема каде да ги згрижиме нашите бебиња за да се вратиме непречено на работните обврски. Имено голем е стравот за најмалите,најмилите , нај незаштитените. Поради тоа ние мајките ,кои сме на породилно отсуство бараме решенија за оваа ситуација. Малкуте места во градинките ,но и не сигурноста во истите не носат кон тоа да се продолжи платеното породилно отсуство ,додека не се среди малку ситуацијата- како моментално решение додека помине бранот. Дополнително,да се разгледаат можности за проширување на капацитетите на градинките ,како едно трајно решение. Со почит
Јас го споделив на мејловите овој Почитувани, ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневни сме сведоци на зголемен број на заразени и починати. Од овие причини, градинките се уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во неповолна позиција, во ситуација кога немаме кој да ни ги чува децата. во таа насока, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите.
Ја мислев ставени се contact@zdravstvo.gov.mk minister.kabinet@zdravstvo.gov.mk pr@zdravstvo.gov.mk Јас немам фб убаво е тие што можете таму да пишете на страните
А да тоа изумив. Две ФБ групи во кои членуваат мајки на трудничко, односно тие ја покренаа иницијативата минатиот пат ,но не поддржуваат и сега. https://www.facebook.com/groups/2727415280701870/?ref=share https://www.facebook.com/groups/300031324419476/?ref=share mtsp@mtsp.gov.mk info@vlada.mk Овие плус може да се искористат
Почитувани, Ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневно сме сведоци на зголемен број на заразени и починати. Од овие причини градинките сè уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во многу неповолна позиција, се наоѓаме во ситуација во која немаме кој да ни ги чува децата. Поради ова, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите или пронаоѓање на некое друго решение кое ќе биде во склад со епидемиолошката ситуација. Се надеваме дека ќе ни излезете во пресрет.
Сигурни ли сте дека се по 6 деца во јасли, мислам дека уште во септември го зголемија бројот на 12 деца.
Воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена; https://koronavirus.gov.mk/протокол-за-активности-во-установите
Добро е ова од RainBow да се сподели на ФБ во утринската емисија на Сител кога има 'Дневен ред'. Често постапуваат по поплаките. Немам ФБ јас, иначе би го споделила.
Овде требаше да пишам, изгледа веќе мејловите допреа до надлежните, денес на неколку жени им се јавија од градинките за да потврдат дека се уште се заинтересирани за место.