1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иницијатива за продолжување на постоечкото породилно отсуство поради пандемијата

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 1 април 2021.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Се напишаа неколку текстови од кои едниот е и во медиум,за жал само еден ,па ќе ги споделам сите тука.
    Секој може да додаде или одземе нешто ,па ако се сложи одреден текст да го вртиме сегде ,како што се вртеше кога успеаа да издејствуваат.



    „Почитувани, ние мајките кои сме на породилно отсуство бараме да се продолжи платеното породилно отсуство. Ние сме во многу незавидна состојба бидејки немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено градинките сеуште се небезбедни (воспитувачките може се негативни,но може некое дете да е носител и да ја рашири болеста), а поради социјалната дистанца не можеме, а и немаме сите услови да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт). Поради тоа бараме да го заштитиме здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство. Сега кога бебињата се најнемоќни, а ние за нив најпотребни. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема да бидеме во неизвесност, бидејки состојбата со вирусот никогаш не била посериозна. Ова е мал чекор за државата,а голем за нас.“




    Почитувани,

    ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневни сме сведоци на зголемен број на заразени и починати.

    Од овие причини, градинките се уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во неповолна позиција, во ситуација кога немаме кој да ни ги чува децата.

    во таа насока, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите.





    Отворено писмо до :

    Министерство за здравство
    Министерство за труд и социјална политика
    Комисија за зразни болести
    Влада на Република северна Македонија
    Со оглед на тоа дека се наоѓаме во најголемиот и најстрашниот бран на корона вирусот од почетокот па до денес...во кој што се потешки клинички слики се јавуваат и кај најмалите за разлика од претходните бранови,а намалениот број на групи и деца во градинките не доведува во една незавидна ситуација во која нема каде да ги згрижиме нашите бебиња за да се вратиме непречено на работните обврски.
    Имено голем е стравот за најмалите,најмилите , нај незаштитените.
    Поради тоа ние мајките ,кои сме на породилно отсуство бараме решенија за оваа ситуација.
    Малкуте места во градинките ,но и не сигурноста во истите не носат кон тоа да се продолжи платеното породилно отсуство ,додека не се среди малку ситуацијата- како моментално решение додека помине бранот.
    Дополнително,да се разгледаат можности за проширување на капацитетите на градинките ,како едно трајно решение.
    Со почит
     
    На eta, Филотеа, stevemila и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Јас го споделив на мејловите
    овој

    Почитувани,

    ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневни сме сведоци на зголемен број на заразени и починати.

    Од овие причини, градинките се уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во неповолна позиција, во ситуација кога немаме кој да ни ги чува децата.

    во таа насока, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите.
     
    На kjofti4, stevemila, SkarletOHara и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.626
    Пол:
    Женски
    На кои маилови милки?
     
  4. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е тешко стави линкови од меиловите ..... :D
     
    На Brpbrp и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    На Servet90, stevemila, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  6. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    И од кај мене е пратено ....
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    На Milkiway, stevemila и Brpbrp им се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.768
    Допаѓања:
    12.884
    Пратено и од мене се надеваме на позитивен исход (fingers)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Го пратив и јас тоа ,барем сите исто да бараме :)
     
    На Milkiway и Leksikon им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Почитувани,

    Ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневно сме сведоци на зголемен број на заразени и починати.

    Од овие причини градинките сè уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во многу неповолна позиција, се наоѓаме во ситуација во која немаме кој да ни ги чува децата.

    Поради ова, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите или пронаоѓање на некое друго решение кое ќе биде во склад со епидемиолошката ситуација.

    Се надеваме дека ќе ни излезете во пресрет.
     
    На rainbow_bb, Kolache na mama, stevemila и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LittleMissSunshine

    LittleMissSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    22
    Сигурни ли сте дека се по 6 деца во јасли, мислам дека уште во септември го зголемија бројот на 12 деца.
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.768
    Допаѓања:
    12.884
    Сигурно се, баш се сретнав со една мајка кажа дека 6 само биле во група.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    82.138
    Пол:
    Женски
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    82.138
    Пол:
    Женски
  15. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    2.697
    Пол:
    Женски
    Добро е ова од RainBow да се сподели на ФБ во утринската емисија на Сител кога има 'Дневен ред'. Често постапуваат по поплаките. Немам ФБ јас, иначе би го споделила.
     
    На Snowflake92 и Milkiway им се допаѓа ова.
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.626
    Пол:
    Женски
    И јас исоратив
     
    На Rainbows му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Овде требаше да пишам, изгледа веќе мејловите допреа до надлежните, денес на неколку жени им се јавија од градинките за да потврдат дека се уште се заинтересирани за место.
     
    На thelittle17, Brpbrp, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Мислиш на тие што предале документи за упис за децата?
     
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Да веќе имаат предадено документи за упис и чекаат место.
     
  20. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    2.697
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од тие градинки се од општина Аеродром?