Очекувано, да беше позитивен одговорот ќе беше чудо. Изгледа заборавија како е да имаш мало дете! Абе дново нема дно! Мизерија коштаплерска!
Какво неплатено ,кој ќе ти даде ..тоа работодавци нели од продолжено ги присилуваа да се вратат на работа што фондот плаќаше ,сега неплатено. Јас одмор 2020 ќе го користам ,го земав демек за да не отворам рано породилно ,ама се породив предвремено и така ми останаа 14 дена ,со викенди и неработни дена ми се собра 3 недели ,а да не беше тоа се враќав на работа немаше друго што. Или отказ ,јас или некој со помали примања,да речеме. А сите еве јас што ги познавам се со кредит/кредитни картички. И рати кој да плаќа ,а кај се сметки ,пелени ,храна ? И пак за месец дена мене нема да ми се реши проблемот... Останува со баба ѝ. @Mila_Skopje не заборавиле они ништо ,туку изгледа толку чувале деца...
Ама и за три месеци ако не го примат детето што правиме? Нели само три месеци смее ако го примат после 6 месеци, им нема логика ова.
Јас се јавив вчера во градинка, ми рекоа ќе има место, за од јуни ќе може да оди, не се веќе 6 деца во јасли, сега читам 12 деца до 2 годишна возраст, дали тоа 6 било интерна одлука на нашата општина, добро што смениле.
Многу ме интересира во една градинка колку групи има т.е. колку деца може да собере? Еве јас кај што живеам во оваа зграда во секоја втора врата има бебе што годинава треба да почне со градинка грубо кажано околу 100 бебиња кај е околината а само една градинка најблиску,а другата исто е во населбава ама и околу таа градинка живеат луѓе со бебенца.
Јас живеам во Аеродром, општина во која се градат згради со брзина на светлината, полно е млади брачни парови со бебенца и мали дец, а за нова градинка не сум чула дека ќе се гради... Така да како да очекуваме место не знам
Па они ќе отворат во некое село кај што едвај 5 деца се и напрајле градинка Толку кадар имаат толку и пари им се даваат. Толкави општини со по 3 4 градинки. А на тв викаат 1000 слободни да може во јурумлери, ново село, сарај, раштак... млади таму да ги преброиш. Место згради во аеродром една градинка да кренеа
Мене ми се јавија дали сум уште заинтересирана па во јуни ќе ми кажеле дали ќе биде примен за од септември
За во јасли секоја година има нови групи само прашање е кој ќе влезе а кој ќе остане на чекање. Ама еве чим зголемуваат број на 20 деца има надеж
Имам братучедка учителка во Аеродром и ја праашав што е фркава со градинки. Муабетот е дека од министерство прават протисок за малце деца во група ради ковид, и сите можни простории ги направиле училни, дури и трпезарија. Им правеле контроли и не им давале плус ддеца, а мн пријавени има, башка мн деца а малку градинки
Сепак после ова треба да се провери во градинките, кажува зголемување за 5 деца,ако во јаслите биле 12 деца, сега според ова би требало 17, а не се споменати во ова.
I sto ako e usvoeno?? Ete denes se javiv vo gradinka za da prasam dali ke go primat kategoricno NEMA MESTO e odgovorot
Истото и кај мене, иако муабетот беше дека Антонија е прва на листа на чекање зошто имам аплицирано пред година дена и веднаш ќе ми јават штом некое се отпише/откаже/се зголемат групите, ми кажаа дека прво ќе ги викнат оние што плаќаат режија а децата им седеле дома, а не тие на листа на чекање што не се запишани. Во превод само на хартија ќе бидат 20 дечиња, а тие што си ги чуваат децата дома пак нема да бидат присутни во градинка.