Сега на Сител прочитав продолжување од 9 на 12 месеци... Подобро 12 отколку 9 да ама проблемот сепак нема да е решен. Јас си имав замислено продолжување до крајот на пандемијата. За колкаво продолжување беа потписите?
Веќе е изгласано дека ќе продолжат? Предлогот беше додека да ги пуштат градинките со поголем капацитет зад а можат барем децава да одат во градинка, а ние да се вратиме на работа.
Не, таа некоја си бара продолжување од три месеци за кое ќе е платено 80%, Тука не гледам решавање на проблемот. А оние мајки што веќе дале отказ? Треба и тие да се спомнат во петицијата.
https://deca.mk/roditelot-e-tuka-za-detsata-da-go-zasakaat-zhivotot/ Пишува дека 2700 деца чекаат на список, а мислам дека бројот е и поголем. Конкретно за битолската градинка Мајски цвет, кога ја запишував првата ќерка пред 2г ми рекоа имаат 600 деца на чекање. А беа 23 деца јасли група. А тек сега со мали групи јасли што ќе се случува.. шансите дека баш моето дете ќе го примат се минимални. А без моја плата не можеме да преживееме. Барем да се продолжи породилно, во меѓувреме нека отвораат нови капацитети..
Таа некоја е прецедател на сојузот на жени од ВМРО , да не звучам песимистички супер е дека работата стигнала до таму ама чим опозиција подржува нешто тогаш тешко дека ќе се изреализира до крај , наведува госпоѓата дека со години наназад се бара од собранието да изгласа промена на ЗАКОН за зголемување на породилното и постојано го отфрлаат , реално и на почеток пишав дека за да се истера работава треба да бараме измени на законот затоа што лани кога продолжуваа беше изгласано од техничка влада во услови на вондредна состојба кое во моментот кога заврши водредната состојба падна измената во вода сега не е ситуацијата иста , вондредна состојба им дава право да гласаат измени на закон и да го преиначуваат користењето на буџетот од една насока во друга , па затоа беше лесно и едноставно , ако сега направат било каква промена ќе треба да се пушти предлог закон кој во регуларна или убрзана постапка треба да се разгледа од страна на собранието па ако од некое чудо невидено се изгласа со 61 мнозинство ќе ги направат промените па ќе кажат кога ќе стапи во сила, ќе се објави во службен весник и од моментот кога би стапил во сила од тој ден ќе ги фати сите кои се во моментот со тековно отворено породилно ( ако не одлучат да чекаат следен ребаланс на буџет тоа би било следна година ) , секогаш ќе има некој кој ден претходно тргнал на работа или некој кој утре ќе тргне на работа така да работите не се едноставни .... исто така во пакет мерки неможат да го вметнат бидејќи ова е нешто за што без измена на закон или ако нема законска одлука неможат да одвојат средства кои ќе се користат за да ги покријат дополнителните месеци кои ги бараме ..... Со оглед на тековната состојба на собранието и безредието што владее таму шансите да ова што поскоро се изреализира се мали скоро и непостоечки ...
Поздрав до мајката која денес заедно со својата мила и мирна ќеркичка Софија дојдоа од Прилеп и беа на утринската во Сител зборувајќи во името на сите мајки. Лично ме засега проблемот со градинките, во време на пандемијава внука ми оди во градинка, би го пуштила и моето само да се најде место.
Вчера имаа изјава дека ке се отвараат 13 нови градинки.Скопје,Делчево,Берово,Струмица и уште некој друг град.
Градинки се отвараат ама може во Чаир да има слободно, а јас не смеам да го запишам детето таму зошто од друга општина сум. Збориме за голема група на деца што треба да се чуваат не за 15 деца.
Не е веќе по општини, во градинките ми кажаа не гледале повеќе може да аплицираш. Што е лошо пошто ќе испадне во радишани слободни места и одма на ТВ ќе речат пример има 30 слободни места...нека кажат кај се местата стално така прават
Неможам линкот да го најдам.На фб читав.Па пак подобро е и тие 13 отколку ич ниедна.Од некаде нека почнат.
точно, ама битно е како е распределена бројката. Може има 30 слободни во Берово, а требаат во Скопје не брка работа.
Верувам дека секаде требаат.Некаде повеќе некаде помалце нормално.Ама не е ферски само на Ск да се мисли секогаш.
Како тоа не гледале кога мене прво ттука ме прашаа од која општина сум ова како за вакцина во некои диспанзери примаат од сегде од секоја општина, а во некои само од таа општина кај што се наоѓа диспанзерот. Како им одговара така прават.Скопје реално е пренаселено и треба да се отворат повеќе градинки или во истите градинки повеќе групи.Сигурна сум дека 50% дремат дома од учителките не е дека немаат кадар.