Убаво кажа како за со вакцината како им одговара така. Ако не им се работи да те откачат ќе те прашат. Мене во 2 населби ми одобрија да аплицирам иако л к. Ми е во 3та населба ...
Нема врска провинција и слично. Факт е дека Скопје е преполно. Мора решение за сите. Ако така гледаме “дојдените” имаат најголема мака бидејќи баба сервис е во друг град. Заеднички е проблемот. Со коронава само доаѓа до израз.
Вклучена сум во еден групен чат на фб и си пишуваат мајките за породилно. И сега читам ризик било да се прошират групите во градинка, требало само да се продолже породилното. Е кога ќе мине таа година, а групите не се прошират кој ќе им ги чува децата.? Не бива така.
Ако сме членки во истата група... Зошто не кажеш дека до пред да пишат тие две три мајќи така целиот акцент е на градинките !? И видеата ако не се лажам (може некое да не сум го видела ) се со тој акцент.
Затоа што не ја пратам групата и не знам што се се пишува. Знам дека се за тоа да се прошират групите, ама оваа тоа што го напиша не е воопшто во ред. А гледам дека има и поддршка. Значи не мислат сите исто дека треба да се зголемат групите. Поделени се
Реално лани кога не беа децата зафатени од ковид се затворија и градинки и школи сега кога има голем број на бебиња со тешки кл слики не само бебиња и поголеми дечиња ништо да не се презима е страшно нелогично. Тие негователки и воспитувачки додека се извакницираат па треба да мине 21 од орва доза п втора доза па уште минимум 21 ден за да се створи солиден имунитет кај нив. Сеедно и да се тие вакцинирани децата се во постојан контакт без маски значи може да се заразат едни со други... Се чомалку свесни родители се повеќе лоши клинички слики кај мали деца бебиња.. нем алогика лани ќто преземаа и сега се што не презимаат. Побитно е сега да се преземе нешто отколку лани ама тоа е. Ни групи ќе се зголемат ни ќее се продолжи породилното. Ко преживи причаче .
Ама не може да не се прошират групите. Еве ќе минат и тие 3 месеци плус и кој ќе ни ги чува децата ако нема место во градинките?
Епа еве кај виде некоја да ја прошируваат? Јас не викам да не се прошират јас кажувам дека тоа не го прават. Плус даваат лажна слика на безбедност кога не е.годинава е многу полошо за децата од минатата ама ете се си работи за разлика од лани. Ама тие мислеле на иднината на нашите деца нема грешка . Нека најдат решение не е решение да отоврат градинки со плус 600 места за сите возрасни групи. А деца има многу што чекаат.
Па и поделени да се ,ок е. Ама не е ок лажна слика да се прави Друго до негде се во право значи стапката на заболени и смртни случаи е повеќепати зголемена од лани ,а годинава се молчи ,значи не зборувам само за породилното туку општо за севкупните мерки.
Најдобро е да се побара таму каде што може да се прошират градинките за поголем капацитет и да се градат нови. Така ќе има место за сите кој сакаат децата да им одат во градинка. Зошто и да го зголемат породилното, ако нема место во градинка и треба да се чека пак ќе мора мајката да седи дома, а вечно на породилно нема...
Многу се напнав! 3те коментари се од мајки кои веќе дале отказ од работа поради проблемот. На истото ќе бидам приморана и јас како и многу други мајки. Тие што треба да реагираат се уште неми на овој проблем, па до кога веќе аман ми се вика. Поднесовме и ние денеска док за во градинка и сличен одговор добивме и ние..
Пак во Аеродром....најголемиот проблем е таму. Не можам навечер да спијам од таа пуста градинка, ќе почнам панични напади да добивам....навистина не знам што ќе правам ако не ми го примат.
Јас не сум од Скопје, ама во сите градови е истиот проблем. Веќе некако се помирив со фактот дека ќе морам отказ да дадам.. ко преживи причаче, со една плата + и кредит нека ми е на здравје
Ужас. Искрено мислев со иницијативава ќе направиме нешто, еве имаше и протест, но сите неми се прават. Страшно е што немаме одговор од ниту една институција, односно што нема волја да најдат решение.
Па погледнете го профилот на Шахпатска. Секој пост отвораме / прошируваме градинки.... Чак на алфа во интервју кажала дека има 7000 места. Така да или неа ја лажат или нас не спремаат за одговор.
Мора да се мисли долгорочно, според мене во ред е да се бара продолжување на породилното, но тоа нема пак да ни го реши суштинскиот проблем, а тоа е недостаток на детски градинки. Секое дете треба да има загарантирано место во градинка. Без разлика од кој град/населено место сме. Еве ние сме од провинција живееме и работиме во Скопје, дојдовме за подобра егзистенција не сме ни ние виновни, но како да се организираме кога во општина Аеродром упорно од сите градинки добиваме одговор дека нема место, дека има предолги листи на чекање, дека вината е во мерките и протоколите кои го ограничуваат бројот на деца во групите. За крај сметам дека нашата заедничка цел треба да биде во насока да се изнајде начин да може секое едно дете да биде згрижено во градинка.
Не ја следам таа група, кога ти го прочитав првото мислење сфатив дека баш се е сведено на продолжување на породилното. Ама уствари и ти не ја пратиш групата (така ти кажа) ама дојде овде да ги оговараш, при тоа и преувеличуваш. ( една рекла така а не цела група) Ете во темата Пост породилна депресија, една мајка пишува со што се соочува за тоа што нема место во градинка, а треба да појде на работа. Што тоа за некој може значи место во градинка.
Највеќе е ставен акцентот на продолжување на породилното. И не е една таква што мисли дека не треба да се прошират групите во градинка, многу се. Уште лани кога беше продолжено породилното имаше многу кои не сакаа да се отворат градинките.