Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иницијатива за продолжување на постоечкото породилно отсуство поради пандемијата

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 1 април 2021.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ептен добра идеја. Не ми текнало ајде има многу мајки што веќе биле одбиени периодов. Вие што до сега бевте одбиени ангажирајте се за на писмено. Јас се уште чекам одговор до јуни дали ќе бил примен породилното ми е до јули па да видиме...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    4.817
    Пол:
    Женски
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Така де ние што ќе останеме без работа и нема ни после септември да ни ги примат бебињата од воздух ќе живееме :)
     
    На Inana123 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Ама додека изгласаат... Не знам дали нас што ни завршува во јуни ќе не фати ова... Бтв јас ја запишав од септември ама до тогаш не знам, нешто одбиваат да ми го дадат стариот одмор.
     
    На thelittle17 и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    На IRBBB, Servet90, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас, ама мене уште сега ме фаќа депре што ќе треба да ја оставам :( некад мора да се вратимњ на работа, ама не мислев дека толку ќе ми фали тие 8 саати:( забегана сум знам :)
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  8. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Апликација имам поднесено во февруари 2020, Антонија тогаш имаше 1година и сеуште не е запишана, во Септември се јавив не примале нови дечиња туку тие од јасли оделе само 12 во прва детска група. Сега пред два дена бев да им однесам потврди за редовно вработени со физичко присуство да ги комплетираат документите, не ми ги примија, им кажав за во случај некое да се отпише летниов период, итно ми треба. Ми рекоа нема шанси сега, дури од септември ќе видиме сега била на листа на чекање. Ги прашав дали да аплицирам и електронски зошто така им стои на страната, ми рекоа не, ти веќе имаш аплицирано.
    Никој не дава писмен одговор од градинките дека нема место зошто апликацијата ја примаат, а кога ќе се јават е прашање. Еве јас чекам повеќе од година :@
     
    На SkarletOHara и Осе им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.761
    Малце предизборно, у септември има избори, сега се ќе ветат
     
    На Pacient srna, kukla21, SkarletOHara и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ајде здравје нека изгласаат па ќе планираме второ,трето :D. Али по некоја логика ќе треба барем и за тие со близначиња да им се зголеми ако веќе се зголемува, се надевам дека во предвид ќе го имаат и тоа
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Јас поднесов електронски и добив одговор и пред саат време и го пуштив одговпрот на дотична Шахпаска што треба да правиме кога децата не ги примаат во градинка туку од септември и пршање е и тогаш дали ќе ги примат.Па да видам дали ќе има одговор.
     
    На GolemaMala, IRBBB и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  12. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Ама и многу ги имаат запишано децата во градинка, држат место а не ги носат со месеци! И тоа не е фер. Ако не планираш да го носиш бар отстапи на тие што мора да го пуштат во градинка
     
    На IRBBB, Klara91, SkarletOHara и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    4.817
    Пол:
    Женски
    Мене ми завршува во мај , и не немма кој да ми го чува. Ама зошто да не искористи некој ако јас не можам. А плус арно бикаш дека којзнае кога ќе стапи на сила и дали ќе биде изгласано такад а. .
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Дали си во групата на месенџер да го пуштиш таму ,за на средбата да го имаат ако сакаш?
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.391
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Почитувана,



    Министерството за труд и социјална политика, Ве известува дека јавните установи за деца – детски градинки основани од општините во Република Северна Македонија, се посебни правни лица и Министерството за труд и социјална политика, нема надлежност за постапување во случај на запишување / примање на деца во јавна установа за деца – детска градинка.

    Министерството за труд и социјална политика како надлежно во делот на политиките за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, и Комисијата за заразни болести подготвија Протокол за активностите во установите за згрижување и воспитание на деца и истиот е доставен до сите јавни и приватни детски градинки. Воедно секоја градинка е посебен правен субејект и носи свои акти за работење во време на пандемијата, кои треба да бидат усогласени со Протоколот.

    Согласно Протоколот, воспитните групи за деца до 2 годишна возраст треба да имаат по максимум 12 деца и групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца. Самиот факт дека градинките треба да работат со намален капацитет и помал број на деца во воспитните групи а со цел поголема заштита на здравјето на децата се утврди потреба од одредување на приоритет додека трае епидемијата - КОВИД19.

    Со оглед на погоренаведеното, ПРИОРИТЕТ во овој период за посетување на градинка ќе имаат децата на самохраните родители и деца на двајца родители кои се вработени и за тоа ќе донесат потврда во установата, а одлуката за згрижување на останатите деца и упис на нови деца ќе ја донесе самата детска градинка доколку има помал број на деца во групите од предвиденото во Протоколот и доколку просторните капацитети го дозволуваат тоа.

    Воедно, Ве информираме дека детските градинки се тие кои што ја организираат работата во градинката согласно Протоколот, а основачите на Јавните установи за деца- детските градинки ( општините ) потребно е да изнајдат начин односно дополнителен просторен капацитет (адаптација на простории) за згрижување и на останатите деца кои се запишани или се на листи на чекање. Исто така МТСП до сите детски градинки достави писмено укажување да се продолжи со упис и згрижување на деца особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос без разлика дали работат од дома или со физичко присуство исто така писмено е укажано да се контактираат родителите чии деца се запишани а не се донесени за престој во детските градинки во овој период.

    Ви укажуваме дека можете и писмено да се обратите со жалба / претставка до директорот на јавната установа за деца – детска градинка или до градоначалникот на општината (како основач на детската градинка), доколку не сте задоволни од постапката, во случај на примање на Вашето дете во детската градинка.



    Во однос на породилното отсуство, согласно актуелното решение во Закон за работните односи, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, Ве известувамедека работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци, во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето.



    Со почит,


    Министерство за труд и социјална политика



    Еве го одговорот од нив што значи ги боли патлакот за нас снаоѓај си се како знаеш и умееш сепак сакаат сите да бидеме на терет на фирмите.Мизерија од држава
     
    На SkarletOHara и Milkiway им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.619
    Пол:
    Женски
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Вчера била средбата... Истото кажано е од г-ѓа министерка...
    Снаоѓате се како знаете ,еве јас одмор земав ,но некои не можат и тоа. Па така имаме уште една цртка во причини за заминување од тука :)
     
    На Jana06, Milkiway и Brpbrp им се допаѓа ова.
  19. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
  20. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Значи неплатено од 3 месеци е единствено решение? Што за оние што не можат да си дозволат да земат неплатено, а верувам дека поголемиот дел не можат, ни за мене тоа не би било опција. А во краен случај и да земеш неплатено, која е гаранцијата дека после тие 3.месеци детето ќе го примат во градинка, и што после ако не го примат. Плус на работодавците им е гајле дали ти имаш или немаш кој да ти го чува детето и не ги засега дали го примиле во градинка, ако не идеш на работа, се знае што следи... Значи, катастрофа сме...
     
    На Осе и Mila_Skopje им се допаѓа ова.