1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инклузивно образование

Дискусија во 'Образование' започната од cresa-jagoda, 26 април 2017.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Инклузијата во наставата не е хендикеп, напротив, е благородна можност
    за секој наставник, водејки се од принципот за еднаквост. Всушност,
    образованието постои за учениците и нивните потреби и можности, затоа да се
    биде ученик со посебни потреби не е хендикеп во општеството, туку е стремеж
    да се биде еднаков меѓу еднаквите.

    Какво е вашето искуство во врска со подготвеноста на наставниците да работат со ученици со посебни потреби? Колку се прифатени таквите деца, од наставниците, соучениците и нивните родители?
    И колку е вклучен училишниот дефектолог на часовите или сите обврски и грижата за децата со посебни потреби им се препуштени на наставниците?
     
    На Giovanna, kjukli, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    За да работиш со инклузивно дете, потребно е многу љубов, пред се. И многу, многу енергија и посветеност.
    Нашите училишта немаат обучен кадар, кој може да се справи со тој предизвик. Не е доволно дефектологот да работи со тоа дете два три пати неделно, туку е потребна постојана и секојдневна посветеност на стручно лице.
    И да повторам, многу љубов од страна на учителот, кој ќе ги научи останатите деца, како да се однесувсат и како да му помогнат на другарчето, кое е сепак поинакво од нив.
    Сметам дека е тоа најважна и најголема улога на учителот, а околу процесот на учење, идеално би било, секое инклузивно дете да има свој личен асистент.

    Особено е тешко со повеќе различни наставници, кои поради недостиг на време, немаат можност да му се посветат на инклузивното дете. Во тој момент, училиштето многу малку може да пружи и станува само место за привремено згрижување, во текот на денот.
     
    На Giovanna, eliesaab, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Работам како професор по англиски во основно училиште каде има неколку дечиња со посебни потреби во различни одделенија.
    Јас не сум квалификувана и обучена за работа со вакви деца. Не сум компетентна да направам наставна програма за нив, со цели и задачи, а од Биро за развој на образование не добиваме никаква помош.
    Се што можам да направам е да го предавам материјалот предвиден за тоа одделение, а децата со посебни потреби да ги оценам со поблаг критериум.
    Инаку на крај година никој не зема во предвид дека децата се со посебни потреби и тие полагаат исто екстерно како и другите деца.
     
    На Серотин, Giovanna, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Интересна, донекаде контроверзна и најчесто болна тема - за родителите на деца со посебни потреби.

    Иако мислам дека инклузивната настава е благородна идеја, исто така мислам дека во моментов и не е баш изводлива кај нас.

    Вклучувањето на децата со посебни потреби во училиштата има еден многу позитивен аспект врзан со себе, а тоа е запознавањето на „обичните“ деца со децата со посебни потреби. На овој начин, децата уште од најмала возраст би сфатиле дека постојат и деца со посебни потреби, дека иако се поинакви од нив, сепак имаат и многу заеднички работи. Би научиле дека посебните потреби не се ништо лошо или „срамотно“, би научиле како да комуницираат со нив, како да другаруваат и како да ги прифатат како најнормален дел од општеството.

    Бидејќи, иако повеќето сме декларативно „за“ или „против“ инклузивната настава и поголемата инволвираност на луѓето со посебни потреби во сите сфери на животот, фактот останува дека најголем дел од луѓето во животот никогаш не се сретнале со лице со посебни потреби. И ова би била можеби најголемата придобивка од инклузивното образование.

    Од друга страна, ние како општество не сме ни приближно подготвени за вакво нешто - ретки се училиштата кои имаат дефектолози, а уште поретки се просветителите кои се обучени за држење на настава на деца со посебни потреби.

    А форсирањето на инклузивна настава без пред тоа да се обезбедат соодветни услови, може да резултира со ефект обратен од посакуваниот - и кај самите деца, и кај нивните соученици, и кај наставниците.
     
    Последна измена: 26 април 2017
    На Giovanna, kjukli, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  5. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Има случаи каде што инклузијата влијаела позитивно, а има и случаи каде што не се покажала баш најдобро. За секое дете е индивидуално, дефектологот и останатите специјалисти треба да одлучат дали детето може да се вклопи. Сепак, ние како држава имаме уште многу "леб да јадеме", за да можеме да ја спроведеме инклузијата. Почнувајќи од фактот дека има само еден дефектолог, за цело училиште, тоа не може да се постигне. Се надевам дека, напорите што ги правиме сите ние, ќе се исплатат.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Искрено, во ова наше општество, не знам кон што да тежнеам повеќе - дали за инклузија на децата со посебни потреби, или тие деца да учат во "посебни училишта" како "Иднина" и "Златан Сремац". Причината што не сум за инклузивно образование е дека во "обичните" училишта нема доволно квалификуван кадар за да работи со овие деца, или уште полошо, го нема воопшто. Не може еден дефектолог да постигне да работи со повеќе паралелки каде има деца со посебни потреби, или пак обичен наставник да работи дури и со само со едно такво дете.

    Од друга страна, како што кажа @Bender Rodriguez ми се допаѓа концептот на инклузивно образование од аспект на тоа што децата уште од најрана возраст ќе се сретнат со дечиња кои се "поразлични" од нив, всушност и различни е глупав збор, зошто сите ние сме различни на свој начин. Со тоа ќе научат да ги прифатат, и да им помогнат полесно да се вклопат во општеството и секојдневниот живот.

    Но, зошто веќе сум била на пракса во училиште за деца со посебни потреби, сум сретнала деца со најразлични интелектуални пречки и општо можност за секојневно функционирање, и верувајте ми, одредени деца не може да се снајдат во средината на "обично" училиште. Овде имаат дефектолози кои воедно се наставници по одреден предмет, и во секое одделение имаат најмногу по 5 дечиња кои имаат слични пречки во развојот. (баш ни спомнаа дека не ги мешаат децата со психози и оние со Аутизам/Даунов синдром) Дефектологот на овој начин има многу повеќе време да се посвети на секое дете посебно, зошто имаат плус изготвена специјална програма за секое дете посебно, а и децата се некако посреќни, повеќе се сфаќаат и се дружат меѓу себе.

    Да живеевме во некое поразвиено општество, и да имаше барем по еден или идеално, повеќе дефектолози на еден клас во училиштата, кај што ќе се работи со специјална програма за секое дете, тогаш би била за инклузија... но, и тогаш си велам, зарем не би било тоа збунувачко за децата, пример другите 20 деца во исто време да учат една програма, а они да учат друга, и го слушаат и дефектологот и наставничката, мислам дека тоа би ги преоптоварило.
     
    На Giovanna, kjukli, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Во ОУ "Владо Тасевски" - Скопје, има дете со оштетен слух, 3-то одделение е. Има постојана помош од дефектолог, децата одлично го имаат прифатено, дури и знаковен јазик научиле, но наставничката воопшто не го знае знаковниот. Еве типичен пример за неподготвеноста на наставниците во училиштата за нормотипичните деца. Во секој случај, детето е позитивен пример на инклузија. Се снаоѓа, работи по поинаква програма од другите, но сепак се снаоѓа и сите му помагаат. Сакам да кажам дека не е преоптоварено, ама не може секое дете да е вклучено во инклузија, посебно не децата со потежок интелектуален дефицит, на кои им е потребна постојана грижа и помош.
     
    На kjukli, eliesaab, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    @blackwave Да, да, јас за тие деца и зборував, има доста тешки случаи каде што одредено дете колку и да се сака не може да се вклучи во инклузија... и да се вклучи, искрено повеќе лошо ќе му се направи отколку добро. Бидејќи тврдам дека обична наставничка нема да знае како да работи со него, а комбинација од наставничка, клас од 30 други деца без пречки во развојот, плус дефектолог, гужва, галама, една програма за другите, друга за него... само ќе го збуни и исплаши уште повеќе, баш ќе го преоптовари.

    Затоа постојат различни степени на интелектуална попреченост, и едно дете што има аутизам воопшто не може да се споредува со друго што има исто аутизам. Според мене, секому според потребите би било идеалното решение, некој одлично ќе се снајде во процесот на инклузија, додека некој само тоа ќе го уназади. На стручниот кадар би требало да биде да одлучи кој како ќе се развие во одредена средина.
     
    На eliesaab, Espadrila, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Речиси сите деца со посебни потреби се одлично прифатени во своите одделениja, другите деца воопшто не ги гледаат како поразлични и ги вклучуваат во сите активности и игри, и им помагаат ако има потреба. Во моjaва досегашна пракса само едно дете не се вклопи, но тоа е поради неговата состоjба, психоза со голема агресивност и низок праг на толеранциja кон другите деца.
    Сепак каj нас децата со посебни потреби не го добиваат потребното. Не е поентата само да се форсира инклузиja a притоа да не се обезбедат доволно дефектолози. Во моето училиште на пример доага дефектолог само еднаш неделно бидеjки работи во неколку училишта. Таа нема време ниту да ги запознае децата, а камоли пак да им се посвети и работи со нив соодветно. За нас наставниците кажав, не сме компетентни и не сме обучени за работа со овие деца, немаме поддршка ниту од Министерство за Образование ниту од БРО, и навистина не можеме соодветно да одговориме на потребите на децата.
    Инклузиjaта е прекрасна работа, но за жал каj нас нема соодветни услови.
     
    На Giovanna, Bender Rodriguez, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Во пракса, најголем проблем доаѓа од родителите на децата со посебни потреби, кои одеднаш како да добиваат крилја и почнуваат да сметаат дека и нивното дете е еднакво со останатите, штом законот тоа го овозможил.
    Притоа и кога ќе ги согледаат сите недостатоци во истиот, и понатака настојуваат детето да оди во училиште, во кое не напредува. Зборувам за потешки случаи на инклузивни деца, на кои им е местото во специјализирани училишта, но законот им овозможува да бираат.
    Не може да се генерализира секако, сите тие приказни и судбини дечији се тажни, секоја за себе.

    Треба да се инсистира, секое дете да добие персонален асистент.
    Тоа може да се воведе и како студентска пракса ако веќе нема доволен број на стручен кадар.
    Замислата е хумана, но недоволно добро спроведена во пракса.
     
    На Giovanna, Bender Rodriguez, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Морам да те демантирам, воопшто не е така. Во пракса изгледа дека е така додека ти си присутна на часовите, но после тебе следува друга слика.

    И јас како иден наставник не можам да кажам дека сум компетентна за работа со такви деца, но кога би идела во такво школо прво ќе појдам од себе бидејќи и јас сум дете со посебни потреби и не го кријам ниту оспорувам тој факт и ќе се сведам на тоа што мене требало да ми се покаже љубов и разбирање од своите соучесници кои за жал кога бев дете го немав тој луксуз.

    Прво сакав да видам што ќе искоментирате другите на оваа тема.
    Прво и основна работа никогаш не треба да го употребите зборот различен дури и кога ќе се обидете да кажете "другите деца не го гледаат како различен од нив."
    Зошто го велам тоа, бидејќи така индиректно им ставате до знаење сосема друга слика на родителот и на детето. Сакате да им потенцирате дека не е различен ама е.

    Е сега имав соучесничка во школо која исто имаше посебен проблем и бевме исти случај, но таа беше прифатена повеќе од мене. Јас бев мирна и тивка, повлечена додека таа беше бунтовна. И тука е проблемот во социјализацијата,не е ни до мене ни до неа. Обично се поприфатени децата кои не се толку посветени на школото туку на животот надвор од него.

    Е сега кога станува збор за потешки случаеви на лица со посебни потреби тука највеќе треба да им се посвети внимание меѓутоа истото внимание треба да им се даде и на другите деца. Постепено да им се вметнува по некое мислење и позитива за да можат и тие полесно да ги разберат.

    Инклузијата е супер работа, тие имаат многу љубов во себе, те гледаат со мили очиња и со надеж дека вие сте им "втора мајка" во школо, но треба да имате и граница кон себе, да се внимава на комуникацијата.
    На пример може да дојде да го искараш обичното дете а детенцето со посебни потреби да се вознемири од случкава, тоа карањето треба да биде во блага форма.
    Јас сметам дека не сме различни и дека сме исти и имаме исти права како вас, само дека живееме во лоши услови и држава за жал прифаќањето на истите е многу тешко.
     
    На eliesaab, kjukli, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Да, најважна е љубовта од учителите и соучениците.
    Во образованието би морале да работат пред се емпатични и добри луѓе.
     
    На Giovanna, kjukli, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    На последното работно место работев и со деца со посебни потреби, без присутен дефектолог на часовите. Искрено многу тешко се снаоѓав. Со инклузијата доаѓаат и посебни наставни подготовки, посебен пристап, без искуство и обука е голем проблем.
     
    На cresa-jagoda, blackwave, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    За жал немаме такви услови тука. Доста дефектолози имаме, но скоро никој не се нафаќа да ги запознае учениците баш како што напиша членката, за таа што доаѓала кај нив и немала време да ги запознае.
    Тука е грешката, без оглед колку училишта поминуваш и работиш на детето мораш да му посветиш внимание, да те запознае и најважниот пристап за инклузивни деца е довербата, да му ја освоиш довербата. Тешко дека некое дете би те прифатило туку така. Почетокот е тежок, премногу.

    Не им помагате ако ги праќате во посебни училишта каде врсниците се исти како нив, напротив го одвојувате од вистинскиот свет и ги правите различни, за потоа кога ќе се соочат понатака во иднина наидуваат на различни реакции,наидуваат на отфрлање, а тој процес и самите знаеме каде води.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Можеби @buba4e89, но таков е моjoт впечаток. Децата не се ни свесни во понижите одделениja дека некое соучениче е поразлично ако некоj возрасен не им го каже тоа.
    Ние овде разговораме на темава, многу нормално дека на децата не им посочуваме дека детето со посебни потреби е поразлично ниту пак држиме посебни часови за него со посебни содржини.
    Е сега, знам дека ти е осетлива темава, но не е изводливо децата со посебни потреби да имаат ист третман како и другите деца. Едноставно не може од тие деца да се бара истото како и од другите деца, да им се даваат исти задачи, исти тестови, да се оценуваат со ист критериум итн. Вo тоj случаj детето со посебни потреби ке мисли дека е глупаво затоа што не може да ги реши задачите или научи лекциите на исто ниво како другите деца.
    Диjaпазонот на посебни потреби е огромен и за секое дете треба индивидуален пристап, програма за работа базирана на неговите потреби и способности итн.
    Во идеални услови, таа програма би се изработила заеднички од предметниот наставник и дефектологот, но тоа каj нас не функционира.
     
    На Bender Rodriguez, cresa-jagoda, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    @buba4e89
    Точно е дека еден дел од децата со посебни потреби треба потполно да бидат вклопени во општеството.
    Но, сепак не сите, не оние кои не покажуваат никаков напредок.
    Верувам дека знаеш и за такви деца, на кои специјализираните училишта би им помогнале многу повеќе.
     
    На Bender Rodriguez, cresa-jagoda, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @LollySky полесните случаеви на деца со посебни потреби нема потреба да бидат издвојувани од другите.
    Како што кажав, за потешките случаеви треба повеќе внимание и точно се согласувам дека можеби и специјализирани школи ќе им помогнат како што кажа @sonuvana.

    Меѓутоа тие полесните почнувајќи од мене беа двоени, јас како дете го имам искусено тоа и секогаш милионски прашања си имав поставувано.
    Денес се гордеам со тој факт како позрела личност и не се гледам како поразлична од другите. Напротив, јас сум човек тоа е така и така требало да биде.

    Генерално и сум за тоа да не се издвојуваат и потешките случаеви со помош на дефектолог, никогаш не можеш да знаеш дали тоа дете ќе напредува во иднина или не.
    Сепак како што кажавте кај нас ништо не функционира, многу се гледа, се преценува, се суди...
     
    На kjukli, Bender Rodriguez, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило да прочитам вакво нешто. :)
    Штом си успеала, сигурно си имала и помош и љубов. А, и понекоја училишна лузна, како и секој од нас. :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zara*

    zara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Еве јас како лице со малку намален слух на едното уво, не бев прифатена од моите соученици во основно, често пати ми се исмеваа, ме навредуваа... Во средно бев одлично прифатена што ми беше мотив плус за нови пријателства . Имав професорка која ми посветуваше внимание и ми даваше можност на часовите да се докажувам.
    Јас лично си ги ценам своите способности, сега работам( не живеам во мк) и живеам со луѓе кои не прават разлика.
    Сепак не се бунтовав на тие што не ме сакаа , баш спротивно ги разбирав и ги применував нивните зборови/дела. Сега сум пресреќна благодарност до нив.
    Најискрено најмногу си патев од моите кои ми кажуваа ќе биде подобро ( а не ми кажуваа како) .
    Реалноста не беше сурова за мене. Се прифатив како различна и баш во тој момент имав премногу пријатели а и сеуште ги имам.
    Имав и имам привилегија да се дружам со луѓе кои се ми кажуваат во лице не се дволични и ќе ми речеа зара свесна си дека си посебна , не се сеќирај ќе најдеш посебен. Не скокав на тие зборови туку ги разбрав па господ ми испрати личност која ме прави најсреќна на овој свет.
    И свршеникот има исто намален слух на едното уво. Во земјата каде што живеам не прават разлика ама и да прават ние одлично живееме среќни и најзадоволни.
     
    На eliesaab, Mrs.Brain, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Према мене, деца со посебни потреби е добро да биди во клас со останатите од повеќе причини меѓу кои некои се за добро на тоа дете, а некое за другите деца. Добро е што ќе има шанса да се дружи со деца поразлични од него, да се стреми да напредува, другите деца ќе можат да видат дека има деца поразлични од нив и да ги прифатат, иако тоа е многу потежок процес него што вака звучи филовано и тоа е ете една негативна страна. Имам пример каде дете зборува за друго дете од класот дека е поразлично, па мора детално да му се објасни зошто е поразлично. Тоа дете сака да се почувстува сакано и да биди дружено од другите, а не да биди сожалувано, што е до некаде многу невозможно кај нас. Како што беше споменато погоре нема доволно кадар, дефектолози, кои би работеле со децата, и да има малку олеснителни околности во врска со материјалот. Лошо е да се дели детето и да се очекува како возрасен човек да биди способно да се вклопи со останатите, па ваквата настава и образование баш поради тоа е сосема соодветна.
    Но, многу зависи и од наставата и самиот наставник. Поради низа околности, јас имам сменато основни училишта. Секогаш за едно од нив, зборувам од срце и под присила бев смената во второто. Имавме книга за знаковен јазик и кога имавме слободни активности наставничката не учеше барем некои основни работи во врска со тоа, и како правилно да комуницираме со некој кој неможи да не слушни, или доколку неможи да не разбери, да не се исмеваме, да прифатиме дека и тие се деца и дека сакаат љубов колку што сакаме и ние. Додека во училиштето кое учев подоцна, каде сега учи и брат ми, не се внимава ама на баш ништо. Имавме во клас дете кое беше со посебни потреби, но не сериозен случај, и никој ни наставник, ни стручен кадар не му обрнуваше внимание. Дури и да беше исмеван од другите и нарекуван погрдни зборови никој не реагираше. Сега брат ми видел некое дете со посебни потреби, дојде дома да кажува колку изгледал смешно. Ваквите реакции кај него реално ми сметаат и сметам дека образованието треба постепено да се смени целосно и да се посвети внимание на вакви посензитивни теми првично, зошто нема смисла да се повредуваат нечии чувства поради невнимание. Во најмала рака, образованието има влијание на личноста во која едно дете ќе се оформи, барем еден од низата фактори и мое мислење е дека треба да си ја земи улогата сериозно.
     
    На eliesaab, kjukli, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.