Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инклузивно образование

Дискусија во 'Образование' започната од cresa-jagoda, 26 април 2017.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Како не е свесно?
    Свесно е. Децата со аутизам не дека не сфаќаат што се случува околу нив или што треба или не треба.
    Работата е што на многу деца им се прогледува низ прсти.
    Воспитувањето на дете ск аутизам е тежок процес и има многу родители кои едностсвно креваат раце, не е се до асистентите.
    Аутизмот е спектар, не се сите исти, но се третираат исто.
    Нашето образование не е спремно за инклузија иако е наметнато. Не им прават услуга вака ноту на децата, ниту на наставниците.
     
    На Directioner005, mariz, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    А ти као подржуваш враќање со иста мера ? Кога ќе дојде до тоа детето што го започнало насилството треба да има воспитна мерка. Во моја смена имаше случај каде дете вратило на булинг вербално и заврши без два заба и со едната ноздра неможе да диши ако не направи операција. Детето не било ни во состојба да врати а и да би било не треба. Има институции и за тоа ако сите имате еден глас.

    На децата со посебни потреби асистентот или родителот треба да знае што му е тригер и како реагира во одредени ситуации па во моментот да се понуди друг стимул или да се одвлечка вниманието. Доколку детето е пре агресивно и нема услов за никаква комуникација тогаш има установи за луѓе со посебни потррби и таму би им било подобро. Ако се створи услов за школо со типичен разбој секогаш има простор да отидат и таму.
     
    На SuperGirl24 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Не ми ги вади зборовите од контекст
     
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.552
    Пол:
    Женски
    Леле стварно сте лоши.
    Толки предрасуди, толку лошотилаци кон деца изнакажавте чудо едно. И од ова на повеќето им пречат такви деца. Зашто оние со типичем развој де сите цвеќиња за мирисање. Никој не прави булинг, никој никого не тепа. А родителите на типичните деца сите финји и културни, ич не ги учат децата да навредуваат, да се двојат од други. Ич не очекуваат наставниците да ги поправаат нивните грешки во воспитувањето.
    Срамота бре што пишувате.
    Системот е таков каков што е сите треба да се потрудиме да го смениме на подобро.
    И не е само до асистент, и до наставничката е и до родителите. Знаете ли колку време поминавме за да му објаснам на детето дека сите се различни. Дека некому мозочето поинаку му работи и дека на тоа дете не треба да му се замери и кога вика и кога мава.
    Најлесно е да замижиш и да ги обвиниш другите и да бараш да отстраниш некој. Место поддршка и прифаќање како што се прави секаде ние се уште сме заглавени во среден век и бараме различните да ги снема. Стварно жално.
     
    На WildMk, Волкот, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Не е кон деца, кон систем е. Самите родители на деца со аутизам кажуваат дека инклузијата е само илузија. Додека се замижува на проблемите тие уште поголеми ќе растат, како тумор. Ништо не се решава со ќутење.
     
    Последна измена: 29 октомври 2022
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во децата, туку во неподготвеноста на училиштата, т.е системот.
    Погрешно ги сфаќате работите.
     
    На buba4e89, No Makeup и Серотин им се допаѓа ова.
  7. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Имам другарка која е асисент на вакво дете, работеше и со поголеми, сега моментално е со второ одделенче. Не седат исто како останатите ученици, туку три максимум четири часа. Потешко е, не сфаќа како другите дечиња, си треба работа и трпение со нив. Има деца кои воопшто не сакаат насабајле да влезат во школо, викаат не сакам! И јас сум за водење на таквите дечиња во специјални школи, каде сите ќе бидат исти и нема да ги гледаат како "чудаци". Постојано им зборувам на моите деца да ги прифатат и нив, да си играат, ама реалноста е сосема поинаква. Ќерка ми понекогаш се плаши од нив и реагира, што е нормално. Имаат бунтовни реакции и постапки.
     
    На Волкот, minne992, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    Нема децата да мислат дека некое дете е чудак и да му прават булинг ако не добијат пример дека тоа треба да го мислат.
     
    На M.B., JoyJoy и Серотин им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    Многу сме далеку, мноооогу. За да стигнеме до успешна инклузија, како што е тргнато ќе треба уште многу години. Не е само до асистентите, најдобри да се, ако инклузивниот тим не соработува убаво, ако наставникот не соработува, ако училиштето не е спремно (ретко каде има сензорни соби, ретко каде има разни ресурси), ако родителот не соработува, на трепки да застане асистентот, нема да има напредок, ќе има и агресија кај детето и ред други негативни работи... Не е тоа само пушти асистент и супер ќе биде се. Тоа дете на моменти ќе се вознемири, ќе му дојде премногу стимулација (обично на физичко се вознемируваат, на часови кога има вклучено ИКТ, за време на одмори кога ќе се размрдаат сите), во тие моменти супер би дошла сензорна соба, да може да се изолира и да се смири, за пак да може да се врати на час. Затоа викам, далеку сме од добра инклузија...
     
    На Zorina, Nausicaa, simona_baby и 4 други им се допаѓа ова.
  10. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Спомнав јас булинг? :^)
     
    На buba4e89 и Серотин им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    Не, ама е тесно поврзано, затоа и спомнав.
     
  12. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Во ред @Angie1432 ;)
     
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Додека беше сестра ми во основно, имаше едно детенце со аутизам. Секој ден одеше на школо, мирен седеше, но во 8 и во 9 одделение не одеше секој ден, покажувал агресија. И родителите беа свесни и кажуваа дека го пуштаат во школо за да одморат малку и тој малку да биде со врсници, инаку за учење секако ништо не научил. Мене детенцето ми беше многу слатко, иако не зборуваше, како со поглед да искажуваше добрина. Знам дека тоа беше одамна и тогаш немаше ништо од инклузија, ама никој не се пожали, седеше на часови, на одморите со хигиеничарките одеше, наставниците сите го прифатија, децата исто, дури го викаа на полуматура и го бараа да се слика за табло (последната година неколку пати само се појави во школо).
    Мислам дека тогаш ништо никакви услови немаше, исто како сега, но веќе требаше да има обезбедено некаков систем, па да се изнајдеше решение, можеби децата да имаат асистент и некои активности прилагодени за нив. Бидејќи реално дечињата само ги малтретираат во школо, ретко кое дете нешто може да научи во школо од сегашниве програми и неписмени наставници, па мислам греота е дечиња со посебни потреби да се мачат по цел ден во училница. Идеално би било да им се овозможи, покрај учење малку и други активности, работилници или групни работи, така сите ќе бидат вклучени. Исто така имам приметено дека дечињата со пп се многу креативни, може да им се дозволи да прават, изработуваат нешто, нормално со посебни насоки и поддршка.
     
    На mariz и No Makeup им се допаѓа ова.
  14. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Во нашето училиште од денес се отвора сензорна соба за ваквите дечиња. Горда сум на училиштето, асистентите и сите вклучени во ова :bow:
     
    На mariz, cresa-jagoda, No Makeup и 2 други им се допаѓа ова.
  15. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Браво
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.987
    Пол:
    Женски
    Нашата држава сака да постигне нешто со инклузијата,ама ниту се спремни ниту се кадарни.Мојот сопруг работи со деца со лесна до умерена попреченост.И не воопшто не е лесно.Скоро цел кадар е за тоа тие дечиња да одат во специјални училишта.Да бидеме реални дека настава неможе нормално да се одржува кога има детенце со попреченост во одделението.Без разлика дали има асистент со него или не.Тие дечиња го одвлекуваат вниманието и губат концентрација.Често знаат да викаат тропкаат маваат а уште почесто имаат и епи напади.Во моментов може најпаметно е да одат во исто одделение каде ќе бидат само деца со попреченост,а да се дружат на одмори со дечиња со нормален развој.И они ќе се почувствуваат дека се прифатени и другите деца ќе научат за различности.Да се организираат споени часови,настани каде заедно со тие дечиња ќе работат и сл.
     
    На Peanut Butter, No Makeup и KiT им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ситемот сме ние.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.552
    Пол:
    Женски
    @Серотин ако е против системот зошто тогаш во повеќе наврати истакнувате дека се чудни, па дека сам,о тие реметат настава и слично. Не е против системот против децата ви се реакциите.

    И како сте против системот кога барате затворање на децата во посебни училишта. Зашто кај нас најлесно е да се правиме на тошо и ако нешто скриеме ќе се преправаме дека не постои. Знаете ли дека и тие деца подоцна како возрасни може да работат на одредени работни места. Ама ако ги скриеме нема како да дојдат до тие работни места зашто нивниот врсник воопшто не е навикнат да гледа таков човек во цсвоја близина.

    И ај да ве прашам кој ја прави буката на час што доведува децата со аутизам (зашто таквите вик се најмногу на тапет) да бидат престимулирани. Вашите слатки мали „нормални“ деца што се дел од булинг групи и чии родители сметаат дека нивното дете има право на се, ама другите немаат. Дај не се правете луди и признајте дека и вашите деца учествуваат во кавги и тепачки, дека ги поттикнуваат другите на агресија, дека од дома или градинка научиле да пцујат, да се дерат, дека не можат мирно да седат на столче, дека не знаат да врзуваат врвки па учителкиуте и со тоа се занимаваат.

    Секое дете е различно. Не нккој му треба поголема, на некој помала помош. Сите треба да се потрудиме да бидат прифатени таквите деца.

    И да ако некој сака да работи со такви деца треба да му се направи профилирање дека може и знае да работи со такви деца. Е тука е системот виновен. виновен е зашто дозволува професори на дефектолија да учат студенти дека децата треба да се затвораат во специјални училишта, зашто се дозволува некој без соодветна подготовка да треба да помага на дете со посебни образовани потреби, зашто сеуште користиме назив дефектолог (наместо некои други поинкулзивни), ама промената треба да дојде од сите нас. Срамота е ако некој зема пари да му помага на дете со посебни потреби да биде поборник за инстутиционализирање на истото. До луѓето што го прават сисемот е.

    Не е до сензорните соби. Тоа е залажување. Конкретно во Велика Британија во ниту едно учичиште каде што сум била немало сензорна соба, ама луѓето сакале да работат со тие деца (и да ако го нема асистентот на учителкат и е тешко да му псовети внимание соодветно на тоа дете, ама другарчињата се навикнати на него па тие му помагаат). Дадов пример за син ми . Мајката не сака да ја види таа што е дефектолог во училиштето (баш заради образованието што дефектолозите го добиваат), ама затоа наставничките се супер, асистентката е максимално посветена и децата го прифаќаат детето. Со сите негови плачки (зашто во второ одделение сите понекогаш плачат не се сјајни инстаграмски деца). И се надевам дека во иднина самите деца ќе му помагаат на аутистичното дете во одделението. Или на детето во количка, на она со невидливи посебни потреби итн итн.

    Се додека сите се криеме позади системот, системот нема да го биде. Ние го градиме системот.
     
    На Yellow456, mariz, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Се' така се решава кај нас...

    Предај му го “проблемот“ на другиот, тој нека се замара.
     
    На DarkStormm и JoyJoy им се допаѓа ова.
  20. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Цитирај каде сум пишала дека се чудни.? . Кој е бе против дечињата? како не ти е срам да зборуваш така , да превртуваш зборови. Членката кажа има насилства. Без разлика дали е аутистично дете или "нормално" не смее дa се толерира насилство не сфаќаш ли? Пак ќе речам срам да ти е.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.