Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инклузивно образование

Дискусија во 'Образование' започната од cresa-jagoda, 26 април 2017.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @JoyJoy
    Какви термини користиш, затварање на деца во посебни училишта, криење на деца...ми се чини ти си таа со предрасуди. Не се затвори училиштата специјализирани за деца со посебни потреби, туку училиште како секое друго, прилагодено на развојот на деца со аутизам или други пречки во развојот.
    Ок е овие деца да следат редовна настава со останатите деца до одреден момент и во зависнот каде се на спектарот. После тоа им е јасно на сите, и на учители и на родители и на другите деца дека е невозможно да следат настава прилагодена за деца со нормален развој.
    Спомнуваш многу други деца биле агресивни некогаш или проблематични. Да, разликата е што такви деца можеш да ги казниш, родители да викнеш на разговор и да ги опомениш, социјални служби да им пратиш ако сметаш дека ситуацијата дома придонесува за агресијата кај детето, го праќаш кај психолози и крајно ако нема напредок -поправен дом. Мерки се превземаат, ред си има за сите.
    Редот за децата со пречки во развојот е посебна програма која сосем логично, не може да се изведува истовремено со редовна програма со деца без пречки.
     
    На SuperGirl24, Directioner005, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе шооо... гледам сите деца шо ја нарушуваат наставата, се во поправни домови |(

    Ќе фатат врски родителите и ќе го избркаат тоа што има предизвици во социјализација и едукација.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Смешен ти е целиов муабет. Демек родителиве на децава со посебни потреби аплауз му даваат во ситуација кога треба мерка да се превземи ? Баш родителите на тие деца си ги гледаат како сите останати и наоѓаат начин да му укажат дека нештото што го прави не е правилно.И да,врие од невоспитани деца по школите. Јас сум видела затоа можам да кажам.
     
    На eli25, mariz и JoyJoy им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Да, баш исто е да советуваш и дисциплинираш дете без пречки и со пречки во развој. Исто ќе те разберат, ист ефект ќе има. Јас не знам зошто воопшто тогаш се поставуваат дијагнози ако сите сме исти? Со сила глупави и слепи се правиме овде на темава или што?
     
    На SuperGirl24, Peanut Butter, Серотин и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    50% od decata imaat dijagnozi.
    Ne se samo autistite

    ama izgleda e pofensi da si anksiozen, otkolku na spektarot. |(
     
    На Angie1432 и NewMama им се допаѓа ова.
  6. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Син ми се дружи со дете кое што сеуште и нема дијагноза. И да исто го воспитува. Детето разбира што треба што не треба само разликата е што не секогаш ќе послуша. Ама секоја мајка се труди најдоброто да го извлече од нејзиното дете. Ти си баш таа што прави предрасуди зад профилот на фина особа. Така ми гледа ова.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Значи ти веќе си му дала дијагноза иако уште нема и тука на темава го испостави.
     
    Последна измена од модератор: 1 ноември 2022
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Не , детето оди на комбинирани часови од дефектолог ,невролог и психијатар ама сеуште нема дијагноза.
     
    Последна измена од модератор: 1 ноември 2022
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.087
    Пол:
    Женски
    Има деца и веќе возрасни што спаѓаат некаде на спектарот ама бидејќи дијагностичките критериуми се менуваат и фалат специјалисти, никогаш не биле дијагностицирани, а го поминале цел процес на образование(секако со тешкотии).
    Значи да, треба да има посебни улилишта за деца кои се невербални и на кои им треба многу повеќе поддршка за да функционираат нормално.
    За другите, сосема е во ред и е многу покорисно за нив да посетуваат нормална настава, со тоа што школите треба да направат одредени приивилегии кои тие деца ќе може да ги користат. Акомодација за посебни потреби мора да постои, без разлика дали се физички или ментални и социјални пречки. Не може цел еден дел од популацијата да се одвои, ама може да се навикнеме да се прилагодиме едни на други.
     
    На Yellow456, mariz, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.552
    Пол:
    Женски
    @Серотин прочитај погоре има постови каде што пишува дека се чудни. Насилство не смее да има ама насилни има многу деца од оние "нормалните". И тоа е поприфатливо. Така што ич бе ми е срам што укажувам на реалноста.
    @Bridget правиме моабет за деца што имаат проценка дека може да се вклучат. И ако внимателни читаш ќе видиш дека другите викаат тие деца да одат во други училишта (таму да се скријат па од време на време ќе ги покажуваме на некакво активности). Знаеш колку е лошо тоа како став кон такви деца?
     
    На Yellow456, NewMama и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Пред 30 години учев, 4 школи сменав и секаде имаше секакви деца.
    Дури чудно ми е во денешно време, да има уште отпор кон вакви појави, кои се секојдневие со векови.
    Мислам... досега требаше да имаме научено некои работи... стварно...
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Абе каква реалност. Имам блиска работи во специјализирано школо за деца со посебни потреби (најголем број се аутисти) и знаеш тие деца таму колку подобри резултати имаат од дечиња што се со инклузивново об.? Ти тие институции ги направи од се подоле. Арно ти кажаа дека ти дискриминираш. Исто така кога спомна тепање знаеш колку посилно може да удри детенце со аутизам поради афективноста? Доста веќе ја тупиш, не си во право,еве јас сигурно на моето дете нема да му викам не дружи сине со тие деца, напротив.. Ме мрзи да пишувам, што сакаш мислиси.
     
    Последна измена: 1 ноември 2022
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Реалност е дека тешко се изведува настава.
    Реалност е дека им треба помош на тие деца,а во регуларно училиште/градинка не можат да ја добијат,нит стручност нит интеграција.
    Ако во специјализирано повеќе се потрудат и постручно можат да му помогнат со што ке им олесни во животот,зошто е тоа страшно?
    Да, сакаме да не бидат одвоени од другите деца,да се рамноправно вклучени,греота се,но не им помага.
    Повекето од вас се држат во теорија за инклузија на деца со попреченост.Во пракса е многу тешко.
    Знаете ли или сте виделе како изгледа кога дете со пречки во развој има напад на агресија,или тежок аутизам кое освен што седи цела настава нема никаков напредок освен што е физички присутно?
    Имав девојче во група со сериозни пречки,се преселија во САД,таму оди во специјализирано училиште ,со возило ја земаат и враќаат, според мајка и.далеку е во подобра состојба.
    Кај нас инклузијата е само формална,колку да се рече дека постои.
     
    На mareane, Peanut Butter, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе доста, шо збораш.
    Од секогаш имало 'проблематични' деца, уште пред да ги откријат сите овие дијагнози, а и ден-денес ги има.
    Не мора ни да е со дијагноза дете, посебно во првите 2-3 одделенија, за да му треба време да се навикне на новата средина.

    Во прво па... пола клас рипаат ко мајмуни 4 саати со ред
    Ами ај сите да ги изолираме едни од други, случајно да не се повредат?
    Ќе се повредат.
    И ќе се искараат за молив и ќе се истепаат и се'.

    Поќе имавме инклузија претходно.
    Ни тие со посебни потреби не ги делевме, ни по националност се делевме.
    Сега, се' ни е 'поделено' во образованиево.

    тие горе шо се, ако имат тро мозок во та глата, треба да почнат да спроведуваат закони, оти никаде нема да стигниме со овај ум.

    Ќе тапкаме во место, се помалку и помалку на број... и ќе коментираме како 'кај нас чинело, странство не чинело оти во Шведска не смееш да си го тепаш детето'

    ... Не знам како попластично да објаснам некои работи.
    Можи сум идеалист, можи и будала, ама повеќето ич не се трудите за ништо.
    Само сакате 'да ви се тргни проблемо од глата'

    *Чејте, ми текна ептен соодветна поговорка за муабетов

    village.png
     
    Последна измена од модератор: 1 ноември 2022
    На JoyJoy и NewMama им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам за што ме заќуткуваш да не зборам.
    Не се работи за тоа колку и кои деца се проблематични.
    Туку дека оваа наша инклузија на деца со попреченост во развој во редовната настава не им дава резултат ни помош.
    А родителите на децата очекуваат напредок.
    Напредок може да се очекува само ако се работи само со нив,долго и посветено,а не да ги стават во занимална или училна со 30 други деца и толку.
    Без проценка без ништо.
    За другото не коментирај кога не си работела, не знаеш.
    Тројца персонал +родител не можевме 6 год дете да го отргнеме од клупата за која се држеше при нападот,да не се повреди или да удира со главата,посебна сила имаат.
    Родителите потоа го запишаа во Златан Сремац и се многу задоволни од напредокот.
    Сигурна сум дека децата таму имаат поголем напредок од останатите што не сакаа таму да ги запишат.
    Работат со нив дефектолози наставници со дидактички материјали и ја следат програмТа за деветгодишно образование.
     
    Последна измена: 1 ноември 2022
    На Resana, simona_baby и Серотин им се допаѓа ова.
  16. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    ^ Потврдувам дека без соодветна проценка ваквите деца се запишуваат во училиште . Кај моето во одделение има детенце со потежок степен на аутизам . Детето не добива соодветна помош и работа со него и никаков напредок. Само колку го има присутно. Затоа сметам дека е многу подобро да одат во специјачни училишта каде што соодветно ќе се работи со нив и ќе можат да напредуваат. Не е само да зборуваме дека не треба да ги делиме од другите деца . Ако не се работи соодветно со нив и не можат да напредуваат џабе е секаква инклузија.
     
    На mariz, Peanut Butter, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    20.591
    Ако дете со типичен развој прави проблеми и дете со нетипичен развој прави проблеми, дали истиот коментар и третман ќе добијат за казна?
    Дали и за двете ќе речеме невоспитано е, родителот е разгален, ќе се намали поведение, оценка итн.? Претпоставувам не.
    Еднаков третман не значи буквално еднаков туку според потребите.
    Еве и да ги тргнеме настрана другите деца, самата настава одвивана на "нормален" начин без да се вклучат асистенти, психолози, ќе е мачење за детето ако му е тешко да се прилагоди.
    Едно е дружење на децата, друго е да форсираш нешто што не оди.
    Може на пример дел од наставата да поминува со група деца слични на него со посебни лица кои не знам, олеснуваат да се прилагоди со некакви програми САМО за такви деца, а дел со другите деца.

    Во средното кај што учев има деца со атипичен развој и една професорка баш ова го кажуваше.
    Вика мене ми се мили, еве и да не прават проблем со наставата, не знам како да им предавам за да можат да научат полесно оти не сум нешто стручна како да се поставам према нив. Сакам вели да ги научам, ама еве не знам како.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Добро бе.
    Почнете се аутистите, па после продолжете до сеца со други форми на развојни проблеми, па со оние кои се анксиозни и/или депресивни, па оние кои се со физички проблеми, па избркајте ги сиромашните, па после Евреите.

    Бомобона филозофија :*:

    И други ја практикувале истата...
     
    На JoyJoy и NewMama им се допаѓа ова.
  19. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    @WildMk никој не ги брка . Реков дека не добиваат образование прилагодено за нивни потреби со тоа не ни можат да напредуваат. А за анксиозност не ми зборувај. Многу добро ми е позната. И да и беше препознаена и соодветно третирана тогаш пред 20 години немаше да поминува низ сите голготи низ кои мина. Затоа треба соодветна проценка и соодветна работа а не само не ги бркајте.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Ете така, треба и они да научат нешто да напредуваат, не само да дремат на часови. Поента е да стекнат образование покрај социјализацијата.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.