Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инклузивно образование

Дискусија во 'Образование' започната од cresa-jagoda, 26 април 2017.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    20.578
    Баш.
    Жената гарантирам дека не е тип што дискриминира, само не знае како да се постави. Стручна си е за нејзиниот предмет ама едвај некој да ѝ кажал како да научи деца со аутизам, даун итн.
    Значи дружење е едно, ама учење, напредување во образованието дефинитивно не може без посебна програма. Зависи од детето де, ама кај некои си треба малце подруг пристап што обичен наставник не го може секогаш.
    Како што деца со оштетен вид и слух не може исто да следат настава како деца со нормален вид и слух. Само ќе е мачење за нив самите ако не се обезбедат посебни услови.
     
    Последна измена: 1 ноември 2022
    На Серотин и Cosmi им се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Сабајле ја гледам асистенткава на детево во нашето училиште, врти детето круг, врти и она. Неможе да го убеди да влезе на час, и ја гледам смачено и е, бидејќи секое сабајле иста песна. Детево големо, мислам 7 или 8 одделение, ич не соработува, дури и бега, па таа трчи по него (facepalm)
    Се прашувам кого да жалам, детево или жената, аман.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Детето.

    Асистентката е платена за тоа што го прави.
    Ако и' е проблем, нека отстапи место на некој кој има трпение и знаење како да се носи со предизвикот.
     
    На JoyJoy и KiT им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.982
    Пол:
    Женски
    Вистината е дека не е лесно.А исто така реалноста е дека асистентот е платен за тоа.Ама ако не си во близина на такви деца незнаеш што се можеш да очекуваш.Нажалост се поретко се децата со лесна дијагноза,зголемент е процентот на деца со средна до тешка попреченост.Мојот сопруг е нападнат од страна на децата милион пати,среќа е маж па може и да ги фати и смири,ама жените потешко се справуваат.Секојдневно некое дете има напад,дел од секунда е недај боже лошо да падне ќе се повреди.Пробуваат да си наштетат на себе,добиваат огромна сила,најчесто ни маж неможе да се справи.Мал милион пати професорите се мавнати со шамари и боксови.Од 50 деца само 10 се способни за следење настава,другите се како билки кои не реагираат на ништо.Да за инклузија,ама работите да се решаваат од корен.За да се воведе инклузија прво треба со години да се работи на тоа,да се наредат сите коцки.Вака само на родителите им дадоа лажна надеж,а кај детето нема напредок.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Тоа значи дека нестручни лица вработуваат како асистенти.
    Што воопшто не ме изненадува, судејќи по она како функционира се' во државава.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.982
    Пол:
    Женски
    Што е нестручност?Мислиш дека кај секое едно дете може да се случи подобрување со асистент?Или ако е стручен нема да добие удар?
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не мислам дека нема да добие удар.
    Затоа не се нафаќа секој да ја работи таа работа.

    Исто како што не е секој спремен и способен да се носи со лица со алцхајмер, или паркинсон.
    И ќе те удри и ќе изврши нужда на подот и се'.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Помислив, работа и е тоа. Ама не е лесно, излегува пола од персоналот да го намолат да влезе и едвај. Не се сите нестручни тука. Пак ќе речам, не дискриминирам никого, ама ваквите деца треба да одат во специјализирани установи/школи каде соодветно ќе бидат третирани и соучениците ќе им се отприлика исти.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Кога-тогаш, мора да се интегрираат во општеството.
    Колку порано, толку подобро.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.982
    Пол:
    Женски
    Епа со инклузијата е предвидено да се затворат специјалните училишта.И еве се помалку деца се запишуваат во нив,ги запишуваат во редовни основни училишта.И мислам дека е огромна грешка,времето ќе покаже кој греши.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Јас не сум против, на моите деца им зборувам дека треба и со нив да се дружат, да ги третираат најнормално. Меѓутоа, тие и сами гледаат што се случува и еве помалечково почна да се плаши од испадите на детето секое сабајле. Мора упорно зборување дома, треба да бидат исто прифатени во општеството, ама многу тешко е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Тежок е животот...
    Најтежок, за оние кои не се како другите...
     
    На JoyJoy и KiT им се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.982
    Пол:
    Женски
    Исто и син ми во градинка имаше аутистично дете,прифатено од сите.Имаше и напредок.Ги учеа на различности и како функционираат тие дечиња.Детето нормално викаше премногу постојано тропаше,и на син ми му сметаа тие звуци.Небитно,со многу зборување и тек на времето научија да се носат со тоа.Арно ама кога имаа оној образовен дел учителката им рече на родителите дека мора да му даде мобилен да гледа цртани за да биде тишина и они да научат нешто.Сега се прашувам како би било на училиште?На сите првачиња тешко им оди со концентрацијата,учат бројки,букви,здравје и читање,како би се работело во таква атмосфера?!
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Така е, тешко и на родителите на овие дечиња :(
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    20.578
    Ама не е секогаш проблемот дека наставниците или родителите не сакаат да ги прифатат еве со аутизам децата.
    Туку еве примерот од моето средно, немаат никаква дополнителна едукација како да им предаваат на тие деца, како да се постават према нив. Оти да, мора да признаеме дека мора различен пристап.
    Замисли да ставиш глувонемо дете со деца со нормален слух и говор во иста паралелка. Значи дружење, прифаќање е едно. Ама ако комуникацијата меѓу детето и наставниците е никаква и никој надлежен не смисли алтернативи, за самото дете ќе е тешко учењето и напредувањето.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Тие си знат, кутрите...
    Па уште кога општеството им ги отфрла децата, дупла им е борбата...

    Затоа асистентите треба да се едуцирани за работа со специфични појави.
     
    Последна измена од модератор: 2 ноември 2022
    На JoyJoy и KiT им се допаѓа ова.
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    .
    Во специјалните училишта се големи тимови на психолози, има помеѓу нив соработка и затоа полесно им оди да се справат со тие дечиња.. Не е само еден психолог /асистент како што е случајот со инклузијата.
     
    На KiT и simona_baby им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Глупости.
    Не реков то.

    Реков да го препознаеш (разбереш) аутизмот (кај оние кои го имаат) исто како што ја препознаваш (разбираш) анксиозноста.
    Затоа што и тие се луѓе како нас... само со поинакви проблеми од нашите.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.552
    Пол:
    Женски
    Леле бре ептен ги мешате лончињата.

    Училиштата кои треба да бидат ресурсни училишта треба да пружат поддршка. На кадарот таму ќе остане да ги подготвува другите, да подготвува наставни материјали, да дава постручна помош каде што е потребно. Штета е што тие што се во системот се трудат да го рушат веројатно зашто се чувствуваат загрозени во нивните комотни позиции. Секако дека тие пак ќе имаат деца кои нема да можат да се вклучат во редовна настава ама одредени облици на аутизам, физички хендикепи и слично ќе мора да се интегрираат. Зашто колку порано се интегрираат толку подобро. Ќе имаат контакти со врсници итн итн.

    @Munchmallow20 ако сака наставникот ќе најде начин. Не мора се да чека од небо да му падне. Има ресурси. Еве јас сум имала и студенти со оштетен слух и студенти со оштетен вид. Бара одредени прилагодувања ама ако се сака се се може. Инаку во ресурсните училишта би требало да има уреди кои ќе им се дадат на користење на таквите деца и би требало детето да работи со некој стручен за да се обучат како да ги користат. Ама кога ќе се обучат нема да им е проблем. Има и организација Отворете ги Прозорците која дава таква помош. Ама ако само кукаме како немаме начин никогаш нема ни да го најдеме.

    @KiT а оние „нормалните“ што секој ден бегаат од часови арни се нели. Дека ова е видливо па се реагира. Тие што одат сами од дома и потоа испаруваат од школо не се проблем. Само ова што е поискрено па од старт не сака да влезе во школо е проблем. Плус знаеш ли зошто не сака да влезе? Има милион причини. Ако се чувствува отфрлено, а со вакви ставови тука веројатноста за тоа е огромна сигурно е дека нема да сака да влезе. Големо е веќе, разбира што се случува.

    Факт е дека за да биде инклузијата успешна потребни се образовни асистенти кои ќе бидат соодветно подготвени. Факт е дека на родителите им е тешко зашто не се поддржани, ама ставовите дека не треба ни да се обидеме со вистинска инклузија и дека ете тие деца нека си одат и понатаму како до сега кај што си оделе па може некогаш ќе ги подружиме ако и кога ние сакаме се навистин поразителни.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Каде ти виде дека јас напишав дека не се луѓе. Реков и ќе речам пак дека на ваков начин со инклузија во образованието не добиваат соодветна грижа и напредок. Добиваат само малтретирање. И да многу состојби и дијагнози не се препознаени и соодветно третирани во нашето општество.