Инклузивно образование

Discussion in 'Образование' started by cresa-jagoda, Apr 26, 2017.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,844
    Likes Received:
    39,787
    Gender:
    Female
    Е па дајте да ја смениме инклузија. Да ја направиме подобра. Не да бараме децата да се изолирани во посебни училишта. Дајте да бараме заедништво а не сегрегација.
     
    WildMk and mariz like this.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    1,667
    Likes Received:
    8,612
    Gender:
    Female

    Тоа е мое мислење. Конкретно, во случајов, детево не е малтретирано туку си има свој свет, си зборува самото итн. Ќе видиме сега како ќе функционира новоотворената сензорна соба. Жал ми е и за нив, и за родителите, а и за професорите. Јака им душа :bow:
     
  3. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,614
    Likes Received:
    290,521
    Кај мене децата посетуваат градинка со инклузија.
    Групите се поделени на околу 15 деца во група, од кои неколку деца се со дефицити во различни области а останатите со развиток соодветен за возраста.
    Најголемата започна со 2xнеделно дефектолог, 2xнеделно логопед, 2xнеделно физио терапија и еднаш неделно психолог. Доаѓаат терапевти во градинката и работат со децата без екстра надомест.
    Со години тој ритам.

    Предходно беше во градинка која не е специјализирана за нејзините потреби. Детето беше несреќно, ние бевме крајно револтирани од целиот однос на управата поради нивната немоќ да се справат со дете кое не се вклопува во калапот на кој беа навикнати, а капак на се исцрпени до максимум од развозување по терапевти и третмани.
    Колку се стручни лицата кои работат во образовните установи за да прифатат и обезбедат соодветни услови за учење и на детенцето со некаква потешкотија но и за сите други деца.
    Дали има доволен и соодветен кадар, дали се вложува во нивно надоградување, семинари итн. или и они се фрлени во ладна вода?



    Сега е прво одделение. Последните два официјални тестови за интелигенција покажаа дека има над просечна интелигенција(не е муабетов да се пофалиме, туку резултат на долгогодишна навремена работа со соодветен тим и во домот) и освен еднаш неделно лого ништо не е потребно. Дека сите дефицити се надокнадени, дека може и во редовно школо доколку сакаме. Исчезнаа дефицитите во когнитивната сфера, фина/груба моторика, социо-емоционално, исчезнаа и сеинзорните проблеми итн. Само говорот е за едно скалило назад и работиме на случајот.

    Пример дека со работата треба да се почне многу порано, во пред школска возраст, дека голем број од дефицитот ќе бидат надокнадени, или барем минимализирани, додека детето дојде до прво одделение. Ова е само еден пример, секако дека секое дете е приказна за себе. Кај некои деца не дојде до магичен скок и исчезнување на дефицитите, кај други само минимално, кај трети на жалост не се ниту очекува некакво чудо.
    Но, се дава шанса на сите деца.
    Е сега, доколку родителот треба секој ден да го развозува детето од терапевт до терапевт, па и приватни, колку вистински се вложува во стимулацијата и работата со овие деца.
    Цел финансиски терет е на родителот а колку може он да си дозволи, посебно доколку живее и во внатрешноста.
    Потребна е секојдневна работа, во домот и со стручни лица, паралелно.
    Мене ме интересира колку се вложува во специјалноте училишта и како се опремени. Јас лично секогаш нив би им дала предност во однос на инклузија.

    Најдоброто другарче на најголемата не успеа да положи тестовите за да влезе во школа со инклузија, посетува школа за деца со поголеми пречки во развој (аутист). Родителите ја прифатија одлуката, не ни имаат друг избор. Автоматски секое дете кое се соочува со некаква попреченост или дефицит не значи дека добива право и на инклузија.

    И да наш избор беше школа за деца со пречки во говор поради бенефитите кои ги нуди во однос на настава со асистент или редовно училиште. Мали групи, прилагодена програма(иако е истата содржина со редовните школи). Поради идентичната програма ќе може во секој момент да де префрли во редовна школа.
    И другите две деца ги запишав во истата градинка за од мали нозе да научат за различностите, да ги прифатат различностите и да ги почитуваат истите.
    Најдоброто другарче на најмалата е со микроцефалија и голем степен на физичка и когнитивната/емоционална попреченост. Се запознаа кога беа квази бебиња…како растат она ги приметува разликите, но не бега, не го исмева, се труди да помогне и да го вклучи во активностите.
    Деца буткаат количките на други деца кои седат во количка, држат за рака деца кои имаат големо оштетување на видот итн.
    Примери имам многу, муабетот ми е дека многу порано се започнува со оваа тема. Се се започнува со соодветни институции и стручен кадар. Нема ништо срамно доколку детето не посетува редовно училиште, срамно е за мене доколку не се зедат во обзир сите околности и реално не се согледа што е најдобро за него и за околината.
     
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2017
    Messages:
    3,791
    Likes Received:
    18,283
    Gender:
    Female
    Така е Дани.Тука проблемот почнува уште со матичните педијатри кој најчесто ги занемаруваат симптомите дали од неажурност или од неукост.Многу е полесно кога на рана возраст ќе се препознаат знаци и симптоми.После на ред се луѓето кои прават точна проценка.Кај нас и тоа не е како што треба.Ја прават еднаш и таа останува заведена во наредните 10 год.А состојбата на детето е променета,кое на подобро кое на полошо.Најчесто децата со лесна попреченост се оние кои се запоставени,се останатото е со средна до тешка попреченост.
    Ова школо во кое е сопругот мој се труди максимално да извлече од децата кај кои има лесна попреченост.Не само што го завршуваат образованието туку имаат и практичен дел каде ги спремаат за вработување.Имаат контакти со одредени фирми каде што ги вработуваат децата.
     
    Resana, KiT and danichap like this.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,348
    Ете го проблемот.
    Неквалификуван кадар, кадар кој не си ја работи работата прописно, кадар кој воопшто не работи само се појавува на работно место, кадар кој не се ни појавува на работно место.

    Не се проблемот децата, проблемот сме ние - возрасните.

    Или ќе преземеме одговорност, или ќе бидеме вакво... поделено општество.
     
    Zorina and simona_baby like this.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2017
    Messages:
    3,791
    Likes Received:
    18,283
    Gender:
    Female
    Добро јасно ни е дека се е труло, незадоволство и кај едните и кај другите родители.Што ќе се добие ако детето почне во училиште за нормален развој?! Дали има придобивки?Некако тука инклузијата ја направија само родителите да се задоволни зошто детето не им е отфрлено.Ама подлабоко во проблемот не е навлезено.Се е површно.Место да се залагаме од почеток да се подредат нештата,ние ќе се залагаме да не се отфрлени.Најмалку што треба е да бидат отфрлени,ама вака не се направи ништо добро за тие дечиња.И најчест проблем е што родителите не се спремни да се помират со дијагнозата на детето,мислат дека асистентот ќе направи магија наеднаш.Со тие деца си треба многу работа и точка.
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,844
    Likes Received:
    39,787
    Gender:
    Female
    Супер е тоа. Ама кај вас инклузивната градинка е составена до деца со мешани способности. Кај нас такви градинаки нема,а училиштата се поделени. Или обично или одвоени за деца со посебни потреби.
    Нема мешање. Ич или брич е работава. И за тоа јас се оправам тука. Ставот ми е дека не треба да е така поделено. Дека инклузија сепак треба да има.
    Дека треба многу работа потполно се сложувам со тебе. Исто се сложувам и дека родителите треба да бидат „обучени“ од страна на системот да им помогнат на своите деца. Јас сум потполно сигурна дека за напредокот на детето голем удел имаш и ти со сите твои активности што ги организираше за твоите деца. Буквално е така.
    Не е срамно да се оди во посебно училиште, ама е срамно некој од страна да го сугерира тоа, не самите родители. И срамно е да се бара отсртанување на таквите деца од училиште. Туак сме уште на ниво да протестираме против такви деца (имаше огромни протести при деинституционализација на деца со големи пречки во развој - голем дел неподвижни, во мал групен дом во село во близина на Неготино). Како општество уште полесно замижуваме пред проблемите отколку да се трудиме да ги решиме. За жал.
     
    danichap likes this.
  8. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Joined:
    Aug 16, 2018
    Messages:
    3,638
    Likes Received:
    43,577
    Gender:
    Female
    Серотин likes this.
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    9,804
    Likes Received:
    285,516
    Gender:
    Female
    Инклузија ДА ама само за деца со полесен пречки.Се друго во овие услови кај нас е само на штета и на инклузираните и на др.деца.
    А сега проценката ја врши некое "стручно" тело според некои меѓународни стандарди но во балкански услови па затоа е хаосот.
    99% се проценети за во редовна настава но со подршка (од тие ресурсни центри)која е најчесто на хартија.И телепатски може...
    Асистентите годинава имаа дводневна обука а тоа се особи со било какво образование поврзано со наставните струки кое најчесто го стекнале пред 20 и повеќе години.Колку и да сакаат НЕможат многу да помогнат.
    Наместо да се финансираат 700 асистенти нека направеа стручни тимови од дефектолози логопеди психолози физиотерапевти невропсихијатри во секое место кои бесплатно би им давале третман и помош на овие деца.Така многу повеќе ќе им помогнеа .
    И едно само знам.Тешко на тие деца и родители во вакво општество.
     
    Resana, Annath, supergirlmb and 2 others like this.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,348
    Ете... неквалификуван кадар...

    А асистентите се впишани во закон со години наназад, само сега прв пат се спроведува во пракса... и ко обично непрофесионално.
     
    JoyJoy likes this.
  11. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2022
    Messages:
    128
    Likes Received:
    1,027
    Gender:
    Female
    Пишав веќе тие што треба да се пример и добро да го изорганизираат сето ова изиграваат величини и си играат играчки.
    Навистина тешко на родителите и нивните дечиња во вакво општество, кое ете сите сме согласни дека не чини, ама од кого е сочинето тоа пустото такво?

    Многу непрофесионализам и напикани да клатат врата и земаат плата, а немаат никакви стручни квалификации затоа што завршиле факултети со купени дипломи или полагале по принцип мито или врски.
    Е потоа недостатоците од сето ова ќе ги плаќаат тие што најмалку заслужиле, ако воопшто некој нешто ''заслужил'' да трпи од ваквиве се позачестени појави во општествово.
     
    supergirlmb likes this.
  12. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Joined:
    Apr 15, 2022
    Messages:
    987
    Likes Received:
    2,397
    Gender:
    Female
    Па немаат, на аутистичните деца им треба и помош од други специјалисти. Работата за тоа детенце треба да почне од надвор, не само да се префрла топката на асистентите. Знаеш само колку аутистични деца имаат коморбидитет епилепсија за која при напад треба невролог, а не асистент? Ова ти е само пример, цел тим е потребен, не само асистент.
     
    Cosmi and cresa-jagoda like this.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,844
    Likes Received:
    39,787
    Gender:
    Female
    За во школо треба образовен асистент за да помогне во совладување на материјал и за полесно вклопување на детето во школо (при тоа треба и со другите деца да поработи на прифаќање и дружење со детето на кое е асистент). За некои работи како дружење не треба посебно образование треба добра воља.

    Тимови од различни професии требаат за третман на децата, ама тоа не е во школо туку надвор од школо. Да почнат со работа од порано.

    Ама пак ќе пишам за прифаќање на децата потребно е сите да ги прифатиме. Не да ги зборуваме по форуми како не им е место таму каде што ставени. За учењето родителите и наставниците и асистентите нека се грижат. Наше е да ги прифатиме.
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,785
    Likes Received:
    93,376
    Gender:
    Female
    Работата е што има деца кои се вклучени во инклузијата во редовна настава ,а кои не можат да го совладаат материјалот @JoyJoy
    Не поради асистентите и наставниците туку поради болеста.
    Треба да се биде реален.
    Има дијагнози поради кои не можат да следат редовна настава,а најчесто ја следат колку само да се помине основното образование.
    Тоа не им помага.
    Не може асистент да помогне да совлада материјал кога се работи за дете со тежок аутизам каде 5 часа детето гледа на едно место.
    Не може асистент и наставник да помогнат ако се работи за пречки во развој од висок степен.

    Инаку децата се прифатени од другите деца и во градинка и во школо.

    Повеќе од десет години постои,како им помогна инклузијата,никако.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,348
    Кај се спроведува 10 години?
    На хартија?
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,785
    Likes Received:
    93,376
    Gender:
    Female
    Кај нас.
    Јас уште 2009 имав во градинка инклузија на деца со посебни потреби во група.
    Едно со аутизам.Второто со тешки пречки во развој.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Joined:
    Nov 23, 2017
    Messages:
    10,818
    Likes Received:
    97,405
    Gender:
    Female
    Не сум за инклузија по секоја цена, на штета на децата е, ама битно инклузивни сме.
    Ако не може да совлада материјал, ако не е обучен наставникот за деца со пречки во развој, ако пречи на другите деца, се тоа е на штета само на децата и сигурна сум дека ќе добијат многу поголем бенефит од школо кај што работат обучени професионалци.
    Во градинка би рекла дека е подруго, полесно е да се спроведе инклузија, но во школи не секогаш, некогаш да, но некогаш само се романтизира, а се игнорира штетата што ја трпи најпрво детето со пречки во развој.
     
    Cosmi and Resana like this.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2017
    Messages:
    1,366
    Likes Received:
    7,840
    Gender:
    Female
    имав аплицирано за образовен асистент годинава, во огласот беше наведено со Педагошки факултет ама по ЕКТС систем, е сега јас пред да се пријавам посетував вебинари читав литература еден куп сертификати спремам и магистерска (не да се фалам али професорот ми велеше добро бе девојче кој учи вака во денешно време ми даваш волја за работа уште , се пензионира сега) се тоа наведено беше. Се тоа што правев правев од љубов кон тоа што сум учела, од што ме интересира таа детска психологија Но, нели кај нас по заслуга во партијата, примија кого примија башка го прекршија законот со тоа што тие пред 20 години со Педагошки не се по ектс. Поднесов приговор ама џабе. Е сега ситуација, кај малиов прваче има девојче со аутизам, асистентката е околу 55,6 години веројатно со виша педагошка, едвај се справува наместо да работат се бркаат по ходници. Е сега пак ќе испадне фалење додека првите дена го носев на училиште дур чекавме да влезат не знам како девојчево само мене ми се смееше, ми реагираше позитивно, некако како да се приврза. Ама тоа е, баш тешко на родители и деца,инклузија да ама со стручни лица а не вака со перење пари од Еу преку партии
     
  19. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Joined:
    Apr 15, 2022
    Messages:
    987
    Likes Received:
    2,397
    Gender:
    Female

    Точно е тоа за партиски неквалификувани кадар ама.. Знаеш ти дека едно е теорија друго е пракса? Може да си најдобар студент ама во пракса да не е така. Лесно е да се справуваш во ходник кога ќе се разминеш со тие дечиња, сосем друго е да работиш со нив . Не би коментирала повеќе.
     
    cresa-jagoda likes this.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,491
    Likes Received:
    206,952
    Gender:
    Female
    Сум за инклузија, но не по секоја цена. Кај нас прво нема услови за тоа, нема соодветен кадар, нема соодветно прилагоден начин на едукација, не само на кадарот, туку и на тие деца кои секако треба да се оспособат за интегрирање во општеството. Без посебни подготовки и одредување на степенот на попреченост само ги запишаа во училиштата, им тупнаа на наставниците да работат со нив како да немаат проблеми во развојот, и нормално дека ќе има застој во наставата и неможност за непречено одвивање на истата.

    Во земја каде што митото и корупцијата се насекаде, каде што вработувањето оди по принцип на партиска послушност наместо соодветна способност за одредено работно место, тешко може да се воведе нешто што е практика во ЕУ земји, земји кои се многу понапредни од нас, да не речам земји кои имаат функционален систем, функционално општество, солиден образовен и здравствен систем. Оти ние ништо од ова немаме, и за жал, деца кои се попречени во развојот, прво немаат соодветна дијагноза, проценка на состојбата и немаат соодветен начин за работа со нив, не може туку така да се пуштат на училиште да се вклопат лесно со останатите дечиња.

    И кај син ми има едно девојче со пречки во развојот, не можам да проценам кој степен е, со него на часови седи бабата, оти претпоставувам дека не можат да обезбедат асистент, или не може државата да обезбеди, не сум запознаена дали им следува. Ама тоа девојче тешко се фокусира на часови, не е мирна, шета низ училница и вика, пее, зборува на свој јазик, на свој начин, и поради тоа децата не можат да следат настава и не им е лесно да бидат во чекор со програмата, која пак од друга страна не е ни соодветна за првачињата и нивната возраст.
    Повеќе сум за тоа да има специјални училишта кои на тие деца ќе им овозможат правилна едукација, со соодветни тимови од повеќе области да работат на нивното интегрирање во општеството. Ама кај нас тоа не верувам ни дека го имало, ни ќе го има, оти едноставно поважно е да се наполнат сопствените џебови отколку да им се помогне на децата.
     
    eli25, cresa-jagoda, mareane and 4 others like this.