Да, знам. Затоа треба соодветна обука, прочита погоре дека со два дена обука ги пуштаат да работат со тие дечиња? И верувај не е лесно ни разминување зашто и агресија знаат да покажат, ама кој не читал литература. Еве ситуација уште една им даваа на децава ккао сертификати нишѕо, го читаат името на девојчево, девојчето си го слушна и тргна на бина меѓутоа од другата страна не од каде што одеа сите деца. Што би направила ти во таа ситуација? Еве јас би ја фатила за раче и заедно би го зеле, а не да ја вратам назад и јас да го земам тоа што беше за неа. Значи тие деца имаат чувства осет имаат, разбираат се... Не може да ги правиме не знам како да се изразам да не сум грешно сфатено. Пак ќе кажам тешко на родители најмногу искрено Се е ова со инклузијава перење европски пари. Само што жалосно е што баш кој сака да види ќе види дека е токму тоа. Дечињата и те како според мене треба да се вклучат, но треба со нив да работи професионалец кој нема да дозволи попречување на часот на другите деца. И да наместо прво да ги спремат дечињата (и тие без и тие со посебни потреби) како што викаш им ги тупнаа на наставниците да се снаоѓаат. Значи моето е прваче буквално не знае што се случува, се чуди ама јас работам на тоа да објаснувам на начин на кој не би дошло до лоша ситуација. Далеку се нашите училишта од градење емпатија дури и кон децата кои немаат проблем а камоли кон ваквите дечиња.
Интересна дискусија, и јас би рекла дека сум за инклузија но не по секоја цена и не на штета на другите. Ќе ви кажам два лични примери: 1. Додека брат ми беше основно во клас му дојде детенце со пречки во развој(веројатно аутизам). Детето генерациски беше поголемо две години од соучениците, беше придружуван од баба му која искрено воопшто не се залагаше дозволувајќи му да ги премине сите граници. Како поголем(веќе скоро тинејџер) хормоните, нормално, почнале да му работат и секојдневно ги пипкаше девојчињата по интимни делови. Се тепаше со машките со закани дека ќе ги прободе со ножици, на сред час правеше шоу и немаше никаква работна атмосфера сите беа под стрес. Наставничките никако не можеа да постапат-немаат право, бабава као го кара ама ништо, децата исплашени со трауми и плачки секој ден, детето и нервозно и агресивно и карано. Кој добива тука? Во ваков случај, каде страдаат останатите деца не сум за инклузија, од логични причини. Родителите и со право се бунеа, и детето го префрлија во друго училиште(што пак не го решава проблемот, само го префрла од еден на друг) 2. Додека учев јас, имав во клас дете со Даунов, цел клас го обожававме, гушкавме, игравме, едноставно беше срцето на класот. Толку мирољубиво, питмо, едноставно ширеше ненормална позитива. За овие деца сум за да има инклузија. Значи, да за инклузија, но не по секоја цена.