1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсајдер (İçerde)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 2 февруари 2017.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.044
    [​IMG]
    Моментално најгледаната и најпопуларна турска серија, од режисерот на Езел - Улуч Бајрактар, адаптација на филмот "The Departed" со Леондардо Ди Каприо и Мет Дејмон.​

    Серијата го следи животот на двајца браќа - Сарп и Умут Јилмаз.
    Уште на рана возраст Умут е киднапиран од страна на организирана чета за експлоатирање деца, а Сарп целиот живот се обвинува себеси за исчезнувањето на својот брат.
    Поминувајќи го животот во сенката на нивниот татко, поранешен член на моќна турска мафија на чело со Џелал Думан, Сарп одлучува да стане детектив и запишува воена академија со цел да го уништи човекот (Џелал Думан) за кој смета дека го уби неговиот татко.
    На истата академија студира и Умут - Мерт, но тој не знае дека тој е всушност неговиот изгубен брат. Уште откако бил киднапиран како дете е постојано злоставуван што не се сеќава на своето минато, знае само дека името му е Мерт кое му е променето од страна на поглаварот на четата.
    Тука ја запознава Мелек.
    Мерт и Мелек подоцна ги присвојува моќниот мафијаш Џелал Думан, тој ги израснува како свои деца, Мелек станува адвокат се грижи за валканите бизниси, а Умут завршува полициска академија со цел да се инфилтрира во полицијата како инсајдер и да работи за мафијата.

    Мајката на Сарп - Фисун Јимлаз, има мал ресторан кој го именува по својот изгубен син "Umut Ev Yemekleri" - „Јадењата во куќата на надежта“
    Заедно со младата девојка од сосетството - Ејлем која ја присвојува како сопствена ќерка откако нејзините родители погинале во собраќајна несреќа.
    Ејлем завршува факултет и станува успешна новинарка.

    Главата на најголемото мафија во Турција - Џелал Думан, познат како „ќебапчињата Џелал“ е познат нарко бос, тој држи своја гостилница преку која уствари ги прикрива своите валкани работи.
    Тој е причината за смртта на таткото на Сарп и Умут - Метин Јилмаз кој умира во затвор откако е лажно обвинет за 8 убиства од страна на Џелал.

    Главното дејствие се случува кога Сарп да денот на дипломирањето е избркан од началникот на полициската академија Јусуф Каја поради криминалното досие на својот татко. Јусуф Каја е долгогодишен непријател на Џелал кој единствен спас да го уништи Џелал гледа во Сарп.
    Тука Сарп започнува нов живот под прикритие како таен агент инфилтриран во подземјето со цел да направи распад на криминална империја.

    Серијата е напнат трилер кој не ви дава да трепнете ниту секунда, шокантни пресврти и прекрасни љубовни приказни помеѓу забранети светови.

    Во главните улоги:
    Cagatay Ulusoy ја толкува улогата на Леонардо Ди Каприо како Сарп Јилмаз
    [​IMG]


    Aras Bulut Iynemli ја толкува улогата на Мет Дејмон како Умут/Мерт Јимаз
    [​IMG]


    Cetin Tekindor ја толкува улогата на Џек Николсон како Џелал Думан
    [​IMG]


    Mustafa Ugurlu - Јусуф Каја
    [​IMG]

    Bensu Soral - Мелек Јилдиз Думан
    [​IMG]

    Damla Colbay - Ејлем
    [​IMG]

    Nihal Koldas - Фусун Јилмаз
    [​IMG]

    Riza Kocaoglu - Давут
    [​IMG]



    Серијата редовно со превод можете да ја гледате на movtex, pregledaj.net , saprevodom.net
     
    На the.vampire.girl, rhcpfan, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Како некој штo не сака турски серии, сепак ја почнав поради препорака :D Не зажалив затоа што навистина не е лоша, интересна адаптација, цело време држи во неизвесност. За глумата немам зборови, навистина фантастична. Cagatay омилен ми е,ептен талентиран глумец,секоја чест :inlove::clap:
    Само се надевам дека нема да развлечат некои работи за да биде подолга и со тоа да ја уништат.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Уште не сум ја почнала серијава (се надевам летово)ама знам дека со превод ја преведува на македонски јазик. Па може таму да ја гледате:).
     
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.044
    Серијата е маестрална. Засега една од најдобрите турски серии. Се е одлично вклопено и со вкус, без претерано развлекување, сите ликови се многу добро осмислени и обработени. Секој лик го откриваат полека по полека без да извадат премногу на „тацна“. Засега повеќето главни ликови не се расветлени, голем дел од тајните не се откриени и тоа е тоа што те тера да гледаш и понатаму. Во главно не сакам серии/филмови кои имаат ваква тематика и веќе од одма се отвораат картите и после само безврска развлекуваат со непотребни случки.
    Најавено е серијата да има 40 епизоди, но со оглед на брилијантниот рејтинг што го држи, секоја недела на 1-во место со милиони гледачи во живо од ширум светот, не верувам дека ќе ја завршат толку брзо. Материјал за развлекување има ите како, само се надевам дека нема да ја направат како Долина на волците, тоа ќе биде too much :D
    За Чатај и Арас имам само пофални зборови, мене ми се едни од најомилените турски актери, дечките се талент.. Арас го гледав во Бурни времиња, го гледав и во Величенствениот како принцот Бајазид. Можам да кажам дека има таква способност да се преобразува од еден лик во друг што не ти дава да осетиш дека си го гледал некаде, секој лик го доловува со посебна специфичност.
    За ликот на Мерт изјави дека бил инспириран од Џокер на Хит Леџер. Сосема одлично... :clap:
    Од цела екипа само женските малку ми штекаат, не се некој глумици. Особено Бенсу (Мелек) глуми премногу аматерски..
    А дон Џелал Корлеоне го обожавам иако е најголемиот негативец (y) Очекувам некоја добра позадина на неговата приказна за тоа како стана „крал на подземјето“, нешто слично баш како од Кум. :D
     
    На the.vampire.girl и rhcpfan им се допаѓа ова.
  5. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Каде ја дават на македонски ?
    И мене ми се допадна ама не ми е баш на листата за гледање.
    Инаку која беше страницата за да се види кои филмови наскоро ќе ги дават на телевизија ?
     
  6. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    http://www.soprevod.com/browse-infiltrator-videos-1-date.html Овде ги имаш епизодите 1 неделно објавуваат нова епизода, а овде ја имаш најавата за серијата.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Фала а едниот од браќата е Емир од девојката по име Фериха.
    Многу личен глумец.
     
  8. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Сега го сфаќам манијачкото смеање на Арас од каде му е :rofl: Значи предобар е и тој. Глумата му е на ниво иако го немам гледано предходно. А Чаатај љубов ми е, Делибал филмот е единствено нешто што имам гледано со него и тогаш ме остави без зборови. Толку јак и тежок лик го изведе маестрално :inlove::bow::clap:
    Инаку се согласувам за женските, повеќе лепота имаат ама ајде оди некако.
    Бенсу и Чаатај имаат многу хемија, но како да кажам ептен плитки сцени имаат. Им требаат повеќе deep сцени, за да подобро дојдат до израз. Ги сакам и двата пара, имаат потенцијал, особено Сарп и Мелек. Сепак толку е се заплеткано што почнаа да ги уништуваат. Ќе им треба многу време за да бидат како што треба.
    Во последно време сцените со Сарп и Мерт ми се најомилени и едвај чекам да дознаат веќе ;(
     
    На the.vampire.girl и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.562
    Допаѓања:
    109.104
    Пол:
    Женски
    Искрено сум воодушевена како ја имаат поставено серијата. На почеток изјавија дека ќе има само една сезона.

    Чагатај со ова аулога се докажа како сериозен глумец. Претходно глумеше само во лимонада серии, ама со Делибал филмот и оваа улога .. Немам коментар. За улогата се спремал во Америка каде што земал часови по глума, тренинзи за да може да го достигне ова ниво.

    Арас е едноставно Арас.

    Друг кој го обожаам од секогаш е Риза Коџаоглу. Маестрален лик.
     
    Последна измена: 4 април 2017
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.044
    Delibal дефинитивно му е хајлајт во кариерата на Чатај, се надмина самиот себеси. Откако пред тоа го гледав во Medcezir не можев да поверувам дека те всушност тој истиот, каква преобразба :clap:
    Како Сарп ми е исто толку беспрекорен, му лежат ваквите улоги и мислам дека треба да продолжи да снима вакви жанрови, мрачни bad boy улоги, лимонадите не му лежат некако, не успева да се докажи а има градба и експресии за вакви опасни ликови.
    Со Мелек имаат хемија да, ама кај неа како да ми фали нешто, не знам некоја жестокост, смелост.. Како девојка која живеела тежок живот на улица мислам дека треба да биде повеќе безобзирна и вообразена.. Мој фаворит пар засега ми се Мерт и Ејлем, преслатки ми се :inlove:
    @nena2010 Добро ме потсети за Риза, човекот е легенда :muscle: :clap: Ретко во сериите да се случи лудак негативец да има толку харизма. Хуморот на Давут е одличен. :D
     
    На the.vampire.girl и rhcpfan им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав серијава уште кога испадна, имаше одличен трејлер и нормално одлична екипа.
    Не знам дали очекував премногу, ама некаде после 15 епизода почна да ме разочарува, па прекинав тој период.
    Чатај е навистина добар, мене ми се допаѓаше уште во Medcezir, презгоден е. Хемијата со Мелек ја нема, мада тоа е до глумицата, право дрво е, не знам каде ја нашле, ама ужасна е.
    Од друга страна, Мерт и Ејлем се пар снова. Арас е еден од најдобрите глумци во Турција според мене, некаде го ставам на исто место со Енгин, начинот на кој ги доловува емоциите, посебно бесот, едноставно феноменален.
    Ејлем е преслатка и борбена, навистина ми се допаѓа, не памтам каде ја имам видено порано глумицата, ама овде е баш супер.
    Е сега, збор два за Четин Текиндор. Човекот е легенда во турските серии, а во тие што ги имам гледано, навистина беше беспрекорен. Тие што ја гледаа Карадај знаат за што зборувам. Ама на човекот му лежат само такви улоги, малку филозофски, со многу мака и добрина зад сите зборови. ФАла богу, и на Џелал не му фалат филозофии, ама ужасно се поклопува Четин со гнасниот мафијашки ум. Не му стои едноставно, дури кога ќе го видам во некоја сцена, превртувам, гласот му е толку несвојствен, едноставно лош кастинг за таа улога.
    А знам многу глумци од калибарот на Четин кои многу подобро би легнале на тоа место.

    Инаку сега не знам до каде се со серијата, се надевам скоро ќе дознаат двајцата оти се браќа, вака е непотребно влечкање.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    @MayDiamonds Во право си, Мелек на моменти почнаа да ја оправаат, таман малку се оправи се тргна од Џелал и оп пак со него како ништо да не било.|( Eптен ја направија никаква, слаба дури без карактер. (facepalm)Но поради некои работи што ги направија еден за друг, сеуште ми се омилени со Сарп. Се надевам дека ќе ги оправат малку. И Мерт и Ејлем ми се ептен убави. Како и да е и двата пара се далеку од совршени поради лагите.
    Давут е цар ! Глумецот е фантастичен. Сцените со Сарп,најомилени особено кога се боцкаат цело време :rofl:
     
    На Adary.16 и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  13. Nikolcce

    Nikolcce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Иако е серијава е копија на КУМ, предобра е.
     
  14. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Се прашувам како ќе ја замолчат Мелек сега бидејќи не верувам дека ќе дознаат.
    Знаејќи дека ќе ја ранат, се надевам дека нема да направат губење на меморија и слично.|(
     
  15. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Серијава е врв! Јас ја почнав летово и ја завршв за 3 дена . Многу ми е жал што има само 40 епизоди . Како што истражував дознав дека Бенсу ( Мелек ) била во некои недоразбирања со Чагатај ( Сарп ) . Исто така дознав дека Чагатај ( Сарп ) ќе започнел филм следната година во соработка со Netflix ако некој има информации за тоа ве молам да ми пишете :mm:
     
  16. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.044
    Нема такво нешто околу недоразбирање. Ликот на Мелек мораше да заврши така заради понатамошното развивање на настаните, и онака веќе при крајот едвај се појавуваше 5 минути во цела епизода, ликот стана отвишок сепак не се работи за љубовна драма па за да имаше нешто повеќе со Сарп, фокусот во серијата беа тој и Умут.
    На галата за финалето Чатај и Бенсу (Мелек) пристигнаа заедно и постојано беа фотографирани како зборуваат..

    Што се однесува до новата серија на Чато, се шпекулира дека ќе е адаптација на роман историска фикција која се базира на животот на Султанот Селим (таткото на Сулејман Величенствениот). Чатај ќе го глуми, додека женската улога на неговата миленица ќе ја игра Неслихан Атаѓул но се нема уште потврдено. Серијата ваљда ќе биде нешто во стилот на модерниве историски фикции како што ги прават американците денес како Reign и слично. Останува да видиме.. :)
     
  17. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на информацииве! Сепак мислам дека на Чатај повеќе му одговараат серии со ваков жанр како на Инсајдер . Едвај чекам нешто ново со него омилен ми е! Се надевам дека серијава ќе излезе и на Маедонските телевизии .
     
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.044
    @Adary.16 Сигурно ќе ја откупат но ќе ја уништат со синхронизација. :(
    Се согласувам дека му лежат вакви улоги но изгледа сака да се проба во секаков тип на ликови и тоа е добро за еден млад глумец како него да може да го пронајде она вистинското кое му лежи па за понатаму да нема проекти кои ќе му пропаднат, ма да не верувам дека некогаш би пропаднала серија со Чатај што и да глуми има огромна фан база мислам дека ги шиша Бурак, Енгин и Киванч. Млад е и нормално е.. Ама самата помисла некако ми има премногу "модерен" да кажам изглед за да глуми средновековен лик, дури и со брада.. Се надевам дека ќе изненади позитивно и ќе си го повлечам зборот :D
     
    На Adary.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @MayDiamonds Така е, се надевам дека ќе не изненади , предобар е и исто така многу успешен . Наскоро му е роденден ќе прави филм кој ќе биде хуманитарен тоа многу ме израдува искрено , исто така и во серијата Инсајдер направија хуманитарна организација но штета што не можев да испратам порака бидејќи важеше само за Турција.
    Приметив дека Бенсу и Чатај се немаат следено на Инстаграм , тоа искрено ме зачуди .
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.044
    @Adary.16 Да, тоа се случува често кај актерите што глумат парови. Конкретно Чато досега бил во врска со сите партнерки со кои глумел (Серенај од Medcezir, Гизем од Emirin Yolu, а се шушкаше дека беше во врска и со Хазал од Adini Feriha Koydum) но сите му завршија безуспешно :lol: па изгледа човекот се реши да држи дистанца помеѓу приватниот живот и работата а инаку Бенсу е во долга врска. Нормално дека како колеги додека работат заедно ќе бидат во контакт но не се приморани да го одржуваат контактот и надвор од камерите. :)
     
    На Adary.16 му/ѝ се допаѓа ова.