1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсајдер (İçerde)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 2 февруари 2017.

  1. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @MayDiamonds Дефинитивно се согласувам со тебе . Инаку Хазал од Adini Feriha Koydum започнува нова серија се вика Bizim Hikaye се надевам дека ќе најдам превод на македонски или евентуално српски.

    Додека зборуваме за серии дали ќе можеш да ми препорачаш некоја добра серија? Секако ако не е проблемм:?:
     
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    @Adary.16 Секако, зошто да би ми било проблем :D
    Не знам на каков жанр си љубител, но ќе ти препорачам неколку серии кои обавезно мораш да ги изгледаш па нека ти бидат на листа..

    Medcezir со Чатај претпоставувам си ја гледала..
    Мојата најомилена турска сетија Merhamet - Милост ја даваа и кај нас ја препорачувам на сите, драма е но вреди за секоја минута.
    Kara Para Ask
    Kara Sevda
    Olene Kadar - крими трилер е доста е добра
    Son - крими трилер мистерија
    Од поновите Fi Ci Pi е исто така добра држи внимание

    Ако се присетам на уште некоја ќе те означам, горе долу овие ми оставиле најголем впечаток а последно ја изгледав и Ask i Memnu, знам дека е стара и "каснам на забавата" со гледање но мислев дека нема да ме привлече и страшно многу сум се излажала, има доста епизоди но вреди да се погледне. :)
     
    На Adary.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @MayDiamonds Лелее, многу ти благодарааамм обавезно ќе ги гледам и ќе ти пишам впечатоци.
    Само да ти кажам дека Ask i Memnu ја имаш како Притаени Страсти со синхронизација на страницата www.soprevod.com јас ја имам гледано ја даваа на Канал 5 одлична и многу поучна серија :)
    Ти благодарам уште еднаш за предлозите , ако ти треба и тебе помош тука сум ! :D
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Нормално дека не се работеше за љубовна драма, но факт беше дека таа беше клучен лик за браќата како и за уништувањето на Џелал.
    И да не беше нејзината смрт, работите не би се одвивале како што се одвиваа понатаму. Сепак според мене можеше и таа да има среќен крај со браќата.
    Како и да е крајот на серијата беше добар, барем и двајцата останаа живи а глумата фантастична.
    Тоа со Бенсу и Чаатај се само шпекулации.
     
    На Adary.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дечки , на офивицијалниот сајт на Инсајдер објавено е дека на 19 Септември имаат изненадување за сите гледачи и обожаватели на серијата Инсајдер. Инаку изненадувањето е по повод 1 година од снимањето на првата епизода од серијата. По многу портали и сајтови пишува дека можеби ќе има нов филм или продолжеток од серијата. Останува да видиме.
    Што мислите вие на ова?
     
    На the.vampire.girl и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    За сите љубители на Арас (Мерт) и Инсајдер од овој месец стартува новата серија Çukur по наше Јама. Содржината е доста слична со Инсајдер веќе на големо се зборува дека е некоја копија а и голем дел од актерите што играа таму сега ќе играат и тука. Главната женска улога и е доделена на Дилан Дениз. Ако има интерес ќе отвориме и тема за серијата кога ќе започне.. Еве ги и трејлерите :)



     
  7. zarkojames

    zarkojames Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Машки
    Серијава е стварно многу јака ама стварно.. НО некаде од половина веќе почнува да ја губи енергијата и сите работи се повторуваат во глобала. Но сепак убаво е за гледање многу добра акција.
     
  8. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Ја почнав серијава на интернет и сум воодушевена од првите епизоди. :inlove:
    Кај нас ја немаат давано оваа серија?
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.