Инсеминација

Дискусија во 'Бременост' започната од Maarina, 26 декември 2012.

  1. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Драги Феминки дали некои од вас имаат правено инсеминација и дали можи да споделите искуства, и колкави се шансите истата да биде успешна? поздрав
     
  2. kaja.JK

    kaja.JK Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво Маринаа,
    Мило ми е што имаме ваква тема но сепак жално што никој не напишал искуство.
    Еве јас да го напишам своето, значи јас имам правено една инсеминација но за жал без успех, сепак инсеминацијата зависи од многу други фактори (значи сите оние брисеви, пап, хормонски и најважно ХСГ снимање). Ако те интересира нешто слободно пиши што можам, тука сум! поздрав и се надевам дека и други феминки ке споделат искуства!
     
  3. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Вака јас еве веќе една година не можам да забременам, од пред неколку месеци почнав со испитувања од кои микробиолошките се негативни, пап тестот во ред, хормонските исто во ред, и последно значи пред месец го правев хсг-то и тоа е во ред двата јајцеводи проодни. Гинекологот ми вика дека после хсг то се зголемувале шансите за бременост бидеќи самиот контраст на некој начин имал терапевтско дејство. Е сага ако не дојди до бременост во наредните 4-5 месеци треба да правам инсеминација, затоа ме интересираше постапката и успешноста
    п.с Заборавив, спермограмот на сопругот е нормален.
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    744
    Марина срце, па што брзаш толку за инсеминација кога све ви е во ред? И јас бев во таква ситуација како тебе,сите тестови одлични, а бебе нема.Па паднав во очај,размислував за ИВФ. И после 2,5 години забременив природно. Сега сум 9-ти месец,секој момент може да се породам. А ти само една година се обидуваш...Ај не си го мачи телото со испитувања веќе, а ни со хормони и терапии...пушти природата да си ја заврши работата кога ќе биде најпогдно.....
    Ти посакувам многу среќа, и здраво и право бебнце во најскоро време :*
     
    На Flower123123, AnonimnaDevojka, mdb и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Леле Силк од твоја уста во божји уши!!! Најпрво со лесно да ти помини пораѓајот и живо и здраво да си го земиш ангелчето во прагратка.
    Навистина си во право, една година не е голем временски период ама сепак желбата за бебенце е преголема.... денес бев кај матичниот и за жал на 14 ден од циклусот ниту еден фоликул ;( Па по негов предлог од наредниот циклус ке почнам со кломифен па ке видиме каков ке биди резултатот. :*
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    744
    Ти иста ситуација како мене. Јас бев на 15 ден кај матичнава,ме гледа и вика немаш ни еден фоликул. А јас истиот месец останав бремена. Или врска немаат што гледаат, или веќе фоликулите ми биле прснати и еден веќе оплоден. Ми даде упут за на клинка за стерилитет, и ќути што не отидов,може беља ќе ми направеа.После 2 недели кога и отидов со позитивен тест во рака, занеме од изненадување. Се обрука како никој. Она вика нема ни еден фоликул а јас трудна.
    Не губи надеж, една година е многу краток период. Докторите чекаат до 2 години па после се почнува со некаква терапија.
    Поздравче :*
     
    На Arthur и StEfAnIjA-84 им се допаѓа ова.
  7. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило за тебе СИЛК, твојов пост навистина ми влева надеж. Дај боже сите што сакаат да ги израдува Господ со малечки ангелчина.
    А ти Сикл известине кога ќе има ново кај тебе па заедно да славиме тука на форумов :party:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daniela-pp

    Daniela-pp Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Zdravo i od mene .Celo vreme citam po forumov za site temi povrzani so bremenosta i sega morav da napisam i da go spodelam moeto iskustvo vo ovaa tema.Pred nekolku nedeli ocajno barav po site forumi na temata inseminacija nekoj da napisi deka pominal so pozitiven rezultat ama na zalost takvi se retki.Zatoa eve jas da vikazam deka mojata prva inseminacija napravena tocno vo nedela pred 3 nedeli bese uspesna :)))))Vejke tri nedeli sum bremena :))))Vo vtronik ke odime vo Plodnost kaj d-r Tase da go vidime bebusot na eho.Se dodeka ne go vidam ne mozam da si poveruvam.Ako imate nekoe prasanje slobodno prasajte.imajte ubav koledarski den i badnikova vecer :$

    [mod-kirilica:anow3gn7][/mod-kirilica:anow3gn7]
     
    На tinamace94 и danielka0507 им се допаѓа ова.
  9. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски

    Баш ми е мило за тебе Даниела, сега да си уживаш и да си имаш лесна бременост.
    Дај боже на сите да им биде успешна инсеминацијата од прва како на тебе и сите да си се израдуваме. инаку јас од наредниов месец почнувам со кломифен неколку месеци па зависно од резултатот можеби и инсеминалија, инаку и јас сакам да ја правам кај таше во плодност, искрено сум задоволна од него многу.
    Имајте прекрасна бадникова вечер!
     
  10. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Ајде девојки пишете за вашите искуства без разлика какви се. Тука на сите ни е потребна поддршка!
     
  11. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Еве да напишам и тука, првата инсеминација кај мене за жал беше неуспешна!!!!
     
  12. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    130
    кога постои некој проблем кај партнерите, успешноста кај инсеминациите е 10% :( :( :( нажалост така е
     
  13. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Ех драга моја, кога би ти кажала дека сите испитувања се во најдобар ред ( микробиолошки, пап, хормонски статус хсг, спермограм и незнам што друго .... ) Колкави би ми биле шансите? Јас сепак мислам дека бременоста некогаш не зависи ни од нас пациентите ни од докторите..... има нешто посилно од сите нас... Господ! Но што е тука е...... нема откажување!
     
  14. gjul

    gjul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    206
    da ti kazam pravo vo pravo si marina gospod znae koga treba toj ima plan za nas eve i jas bev razocarana epten ama moram da ziveam si vikam aj zdravje ke bide zasega se tesam so kerkickata na bratmi kako angelce e koga e poglednam nea sitnicka milicka si vikam ima nadez i za mene i za site drugi... :*
     
    На Maarina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    130
    Оваа процентуална успешност ми ја кажа еден ембриолог од една наша клиника :( јас би ти препорачала на 10 ти или 12 ден од циклус да си појдеш кај матичниот да те види на ехо и според големината на фоликулот ќе ти каже кои денови да се милувате со сопругот. Иначе пред некој ден се видов со една пријателка кај која исто така немаше никаков проблем па се решија со инсеминација, и ете кај неа успеа. Цврсо сум убедена дека и вие ќе успеете само треба малку да се поопуштиш, да не мислиш на тоа
     
  16. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Навистина Каја бројките за успех на инсеминацијата се многу мали, но сепак колку и да се минимални мора да се бориме со сите искушенија што животот ни ги приредува.
    А за следењето на фоликулите не сум тргната од кај матичниот :rofl: Иако мојата инсеминација беше добро темпирана.... примав кломифен, имав 3 следења на фоликулите со вагинално ехо, примав прогинова таблети за да го зедебелам ендометриумот кој ми беше 5,5мм, на денот на инсеминацијата почнав со утрогестан, пиев б комплекс со фолна киселина...... но ете не бидна ништо, за жал :@ Сега си почнав со контрацепција по препорака на гинекологот, ќе примам 2 месеци па потоа господ здравје..... пак инсеминација!
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    5.200
    Се сложувам со тебе. Повеќето жени кои не можат да имаат деца веднаш паѓаат во очај, живеат во стрес и нервоза, со што си прават себе си уште потешко да забременат. :!:
     
  18. Daniela-pp

    Daniela-pp Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Нема откаЖуваЊе ,бидете упорни и не оставајте се на судбината.Судбината ние сами си ја одредуваме.Јас минатото лето останав бремена по природен пат,после 2 години пропување.За мене тие 2 год беа предолг период.....Мислев дека на среќата нема да и дојде никогаш крајот ,но на жалост и дојде......После еден месец бебето немаше срцева акција.Следуваше киретжа во Плодност и период на тешка депресија и големо разочарување.Не сакав да помислам пак да пробувам уште две или повеќе години за бебе...Плус како последица од психичката состојба после киретажата немаше никакви фоликули кај мене ,спремограмот кај маж ми се влоши и општо земено се беше катастрофа.Единствено што не сакав беше да не чекам повеќе за бебе.После 4 месеци со една доза на кломифен и со ЕДНА ЕДИНСТВЕНА ИНСЕМИНАЦИЈА јас останав бремена.Сега сум 12 та недела и сме пресреќни.Немојте да чекате,превземете ги раотите во свој раце и одете напред!!!!Сега во Плодност сите ме познаваат како пациентката со успешната инсеминација.Ви посакувам на сите што се спремаат за на таков чекор да ви биде успешно и да се радувате и да смислувате имиња вака како нас .
     
    На Flower123123, Play...Boy, Beautiful-Princess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    a kolku te cinese isemenacijata vo PLODNOST???
     
  20. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Во Плодност инсеминацијата кошта 6 000 денари. Посебно си плаќаш прегледи ( овде мислам на фоликулометрија - следење на растот на фоликулите, еден преглед е 600 ден .... а најверојатно ќе бидат три такви прегледи ) и плус си плаќаш за лекарства (овде мислам на кломифен, прегнил, утрогестан и сл ако има потреба ) Се надевам помогнав :) ако сакаш друго да прашаш само повели.... :*