Дали постои некоја релевантна статистика која инсеминација има најголеми шанси да биде успешна или не постои такво нешто? 1, 2, 3, 4
Сите ние што се бориме со неплодноста сме најсилни,и знам како се чувствуваш Монка и јас поминав една неуспешна иуи но беа разочарување мораме да продолжеме.Секој неуспех,секоја боцка се болни но кога се работи за бебче се ќе забораваме и ќе истраеме.Јас вчера ја направив втората иуи едвај го чекам 5ти март за тест.Се надевам дека ќе го добијам најубавиот поклон за месецот на жената И сакам во најскоро сите да сме со полно мешенце
Срца јас имав некаде по форумиве прочитано дека со секоја наредна инсеминација шансите за успех се зголемувале,а колку е точно незнам се надевам некој стручен ке се најде овде да ни потврди и мене баш ме интересира тоа.
Стискам палци за тебе, за мене ќе стискаме во март за втора ИУИ. Да реално разочарување е и тоа со солзи, но што е тука е. Се помируваме и продолжуваме напред.
Девојки ,знаете која е докторка Кузевска мислам беше ,докторот мој ќе бил отсутен неколку дена па за контрола да ме видела таа докторка дали ,имате искуство со неа?
Да во Систина,мојот доктор ќе бил отсутен е сега незнам до кога дали за контролата само или до самата инсеминација незнам не кажа рече ќе те види Кузеска па за да знам што да очекувам
Здраво женички лавици , направив прва ИУИ на 6 Февруари е сега прашањето ми е пошто имам знаци за идење на "лошата вештерка" ... какво е вашето искуство бидејќи имам слушано дека исти биле знаците и ако останам бремена, и да напоменам под терапија сум со дабростон, а тест треба да направам по 16 ден. на 21 Февруари (едвај чекам) Поздрав до сите и бидете силни you
Во понеделник или вторник одам на втора инсеминација. Дали после инсеминацијата пиевте нешто. Држете ми срекичка да биде успешна и да си видам 2 II. Има ли некоја што ке прави тие денови инсеминација да си бидеме поддршка. Убав ден
Знаците се исти дали за бременост,и за добивање но нема да мислиш на добивање ,само со позитивни мисли и да си имаш позитивен тест. @snow-girl За после иуи треба докторот да ти дади терапија исто да си прашаш за болки ако имаш дали може аналгетик да се напиеш .Со среќа
Јас пиев и за првата и сега за втората.После првата иуи пиев Дабростон и Аспирин,а сега за втората истото ми ги даде плус ми додаде Естрофен.
Среќно и ти посакувам две цртки, јас ќе почекам до нареден петок кога треба да направам тест па се надевам ќе си галиме мешиња
Срцки јас во Вторникот правев втората инсеминација.Но од вчера почнав да осеќам болка како за добивање менструација.Кога ја правев првата инсеминација немав никаква болка.Дали е можно ако и оваа е неуспешна порано да ми дојде иако примам терапија (Дабростон,Естрофем,Аспирин) Вие како се чувствувавте после инсеминациите
И јас така осеќав болка нормално е Јас сега имам тапа болка како за добивање ама нема да добиеме овај пат