Јас ја примав истата терапија без Естрофем и добив како швајцарски саат, точно на 30ти ден а вообичаено добивам околу 32,33 ден абе бог да чува. Не се грижи, ете викаат дека симптомите се исти како за добивање. Иначе мене прв пат кичма ме болеше, долен дел на стомак и градите многу ме болеа но само 3 дена и пред да добијам болката исчезна, по тоа знаев дека не сум бремена...обично сите викаат дека кога има бременост градите мноооогу болат дури пржат, тоа се повеќето искуства на мои блиски што и немора да значи дека е кај сите така. Нема да добиеш, ајде позитивни мисли и ќе биде!
Женички пак јас.. Денес кога станав бев во вц и приметив светло розеникаво,имам тапа болка како за добивање веќе неколку денови,а иуи ја правев на 12ти.Инаку дата за циклус приридно си добивам секогаш на 30/31 од месецот....Некоја од вас која е правела иуи да има слично искуство..Дали е можно и овој пат да е неуспешно
За после инсеминацијата докторката ми даде утрогестан вагинални и аспирин 100 дали некоја од вас ја примила оваа терапија??
Не,светло розева крв ппвеќе укажува на имплантација Не грижи се,рано е за тест но мисли и надевај се на најубавото
Дај боже да е најубавото на тоа и се надевам...Само знаеш како е кога нешто посакуваш од се и сешто паника фаќа.
Те чекаме да ни се пофалеш со новости.....И да даде Господ во твоите очи да има солзи РАДОСНИЦИИИ ајде чекаме ll цртки...Нека не снемува една по една од овде
Ајде @Lara 27 на низок старт сме да почнеме да скокаме од среќа Од ти посакувам две цртички и висока бета
Женички здраво Напоменав дека на 6ти фев имав 1ва иуи и вчера ми се појави бледо розово но и денес ми е така целл ден, направив тест нег. е, зборував со др. ми рече да го прекинам дабростонот а фолната да ја продолжам на 1 дневно, кажете ми дали има нешто врска дабростонов бидејќи кај мене првиот ден имам малку а после пообилна менструација од 2от ден си течи нормално и кажете ми искуство ваше И уште едно прашање кај кој др. ја правевте иуи
Кога ќе прекинеш до Дабростонот, би требало да почне нормалното менструално крвавење. А бета дали провери или домашен тест?
Сепак не се прекинува терапија пред да се провери преку крв. Розевата крв не мора да значи дека е циклус.