Се пиј од терапија.Аспиринот се пие до 30та недела.Кога ќе отидеш на контрола гинекологот што ти ја правел инсеминавијата ќе ти каже што да правиш.Ништо на своја рака ок @Оли веќе го пишала истото не видов
Утрогестанот може ли да дади нег.тест? Мене ми е 15 ден од иуи. И уште денес ли да ставам утрогестан ? Ги имам сите симптоми за добивање . Домашен негативен тест. Реков бета утре да проверам .
Додека не провериш бета, ништо не прекинувај. Можеби домашен тест нема да покаже ако има бременост, но со бета нема утка. Од Утрогестанот не може негативен да е тестот. Утре бета, пуштам среќа да е висока, да е рана бременост и тестот да е лажно негативен
Значи Оли @0ли кога ќе видам нотификација од тебе едвај чекам да го прочитам коментарот, некако ми даваш сигурност, позитивна енергија а истовремено си реална и приземна. Покрај се што помина си исклучително позитивна личност со ведар дух, ти се восхитувам. Ти благодарам за безусловната поддршка што ни ја даваш на сите секојдневно... искрено имам чувство дека се грижиш подеднакво за сите нас додека во најнајбрзо време од срце ти посакувам висока бета конечно на тебе!!! now is your turn
Мило ми е ако влијаам позитивно и ако успевам да помогнам со некоја информација Мора да се биде позитивен бидејќи полесно е со убава мисла да се оди напред отколку со очај, плачење, разочарување, паѓање во лошо расположение. Мора да се има на ум дека борбата за бебе е дел од животот, како и борбата со учењето, со завршувањето факултет, со магистрирање, со докторирање, со барање работа, со наоѓање работа, со справување со сите предизвици на работа, дома, на улица.. Дел од животот е и со упорност се успева во се'. Како и секоја борба во животот, така и оваа ќе се победи. Треба да се биде спремен на се' и да се обидуваме да ги надминуваме што побрзо неуспесите за побрзо да дојдеме до успех Сите ве гушкам и посакувам што побрзо да си одите во поубавите теми Сите ќе успееме. Еден ден ќе биде и нашиот ден. Која порано, која малку подоцна, но сите ќе успееме!
Фала Оли . До утре ако не добијам ќе проверам преку крв. Ти верувам некако си реална и покомпетентна. Да ти се враќа со исполнување на твојата желба
Јас во понеделникот бев на државно на инсеминација па здравје за 2 недели ќе го видиме резултатот. Инаку и првата инсеминација ја правев на ГАК и ми беше неуспешна.
Девојки дали некоја е кај докторка Кузеска ,и како сте задоволни од неа? И дали ендометриум 7.8мм е добар Со Господ напред утре ја правам втората иуи,внатрешно осеќам некоја возбуда Дај Боже да е влијае позитивно. Сите што сте во исчекување на II цртички ДАј Боже да си ги видите
ДАЛИ МОРА ТОЧНО ПОСЛЕ 15 ДЕНА ОД ИНСЕМИНАЦИЈАТА ДА СЕ НАПРАВИ ТЕСТ ИЛИ МОЖЕ ДА ПОКАЖЕ И ПОРАНО??? ВИ БЛАГОДАРАМ
Јас ти препорачувам да извадиш бета на 15 ден. Немој порано. Ако треба порано, такви нструкции ќе ти дале. Биди трпелива!
Женички гледам скоро сите после иуи имате правено тест на 15ден.А мене според дата што ми ја кажа сестрата ми излегува на 21 ден од извршена иуи да правам тест.Незнам што да правам не ми се чека толку немам стрление,а најмногу поради тоа што на 5 и на 7 ден по една капка прокрварев па кога му се јавив на Др ми рече дека така се случувало и кога имало имплантација па сега останува да почекам уште некој ден Дали има некој искуство како мене после иуи да прокрваре?На првата иуи кога ја правев немав никакви крварење си добив регуларно на дата
Здраво на сите Нова сум на форумот, а Ве пратам извесно време. Со мажми сме во брак 3 ипол години и уште немаме бебе. Проблемот е кај мажот ми. Има лош спермограм само 10% брзи сперматозоиди од кои само 3% нормални, проблемот е Варикоцела на левиот тестис и да не навлегувам понатака .... ме интересира дали има некаква си шанса со инсеминација да се обидеме доколку проблемот еве е кај мажот ми. Или да не гбиме време да отидеме директно на инвитро. доколку има некоја шанса понатаму би поставила други прашања во врска каде, како каде е најдобро. Фала ви однапред и многу успех на сите кои веќе сте правиле, со лесно нека е .
И мене така ми рече Трајковски ама јас си направив на 16ти ден искочи негативен и следниот ден добив. Така да можеш да си направиш обичен тест. Они ти рекле на 21 бета да провериш.