Лавици, по колку време ви е направена инсеминацијата откако ќе ја примите инекцијата (бидејќи колку што прочитав и разбрав од луѓе кои го поминале тој пат во текот на 36 часа требало да се направи)... Какви се вашите искуства? А исто така ми прави забуна што и за втора инсеминација не ми дава стимулација кломофен или нешто слично Бидејќи со стимулација (мое мислење е дека) шансите се поголеми за забременување (но и немора да значи) - а за ова матичната ме искара бидејќи се трошеле оваријалните резерви
Мене ми направија 40 часа после инекцијата на 13ти ден од циклус...инаку бев стимулирана со кломифен 5 дена х 1 ..сега чекаме позитивен резултат
Исто и мене на 13ти ден ме правеа,39часа после инекцијата.А од трет ден од циклус пиев Летрасан 2 х 1 пет дена.И ете ситно бројам до тест Првата заврши неуспешно,а сега се надевам оваа пат дека сме успеале Ти каде правеше иуи и која по ред?
Во New Born..на нас ни е прва искрено сакам да успееме а после инсем. примаше некоја терапија,каде ја правевте и кога тест? Ајде да се пофалиш наскоро
И јас таму двете ги правев,примав да Дабростон,Естрофем,и Аспирин.Среда ми е 15ти ден а тест здравје во Четврток планирам ако случајно не ме изненади вештерката Првата за жал беше неуспешна сега ке видеме што ке биде... Како и да е нема откажување Ти примаш ли нешто терапија,кога тест?
Имам терапија дабростон и аспирин....а до тестот имам време...денес ја правевме а симптоми некакви осеќаш или се е психа Секако дека нема откажување
Помеѓу двете иуи се е различно,првата пат само на денот кога ја правев осекав тапа болка во пределот на стомакот и ништо повеќе немаше,откако ја испив терапијата на 2ден си добив.А сеа втората кога ја правев првите два дена имав јаки болки,а потоа продолжија како во секој момент да треба да добијам и сеуште ги имам,а оваа пат имав три пати розево-црвенкаво исцедок на 5,7,12ти ден одкога е направена иуи...Па ке видеме што ке биде
Девојки дај боже кај сите да биде и јас нареден вторник треба здравје боже тест да правам да се надеваме дека ке е позитивен.
Дај Боже кај сите да биде...и ќе биде ама исчекувањето е најтешко,како да ги преспиеме тие 2 недели?!