Утре тест Веќе место не ме фаќа Утре или ке се радувам или повторно како претходниот месец ке се разочарам
Искрено само ме оддржува во живот тоа што за разлика од сите други месеци овој немам никаков исцедок што најавува циклус. Градите ме болат значително помалку од пред два три дена, што и Ме плаши. Од кринон гелот ми излегуваат некои грутчиња кафеавкасти..и понекогаш мали притисоци во долниот дел од стомакот, како струења повеќе. Само читам што е нормално што не е, неможам да се натерам да се олабавам. Денеска искористив момент бев сама па пуштив и некоја солза во случај да е неуспешно. Некој сличен на мене? Во петок треба тест, ама ќе го направам во сабота, ако не дај боже добијам до тогаш. Фала на прашањето навистина ми значи кога ќе дојдам тука, чувствувам не сум сама...
Јас не сум ти никаков репер,на почетокот кога мислев дека одма се останува бремена секој месец ги имав сите прочитани симптоми и читав,читав... се осеќам како да сум студирала "гинекологија"Непишано правило сите околу мене што со ништо не се замарале и едно редче не "истражиле,прочитале веднаш останале бремени ....Ова ми е прва инсеминација тука сме сите за подршка и заедно да се радуваме на успесите кои ни доаѓаат
Па слаба е бројката, мислам дека со 4 и под 4 советуваат да се оди на инвитро. Каде ги правите инсеминациите?
Дали има шанса со инсеминација со проблем лош спермограм на маж ми или да одиме директно инвитро би ве замолила за искуства.
Ај и јас нашите после ќе ги видам....да споредиме... Колку што сум информирана мислам баш и поради лош спермограм се прави инс. нели тогаш ја прочистуваат спермата...или мој совет со сите резултати кај доктор стручен на тоа поле и тој најдобро ќе ве посоветува
Колку лош спермограм? Со каква дијагноза? Сте биле ли на уролог или специјалист за неплодност? Прво можеби треба да се проба да се подобри спермограмот. Да се направи спермокултура да не има некоја бактерија што треба да се лечи со антибиотици, па да се направи пак спермограм и спермокултура за да се види дали се излечила и каква е состојбата по лекувањето. Може да се проба и со суплементи, подобра исхрана, физичка активност, менување на некои лоши навики. Под 4 милиони прочистена сперма се смета за машки фактор и од фонд не бараат инсеминации и даваат ваучер. Но, да додадам... Има случаи и со полош спермограм да се остане природно бремена.
Во Њу Борн.. Дали е можно заради тоа да неможам да забременам? Јас постојано си ја барам кривицата кај мене полипот што го имав, преградата, психата и.т.н :\ До сега никој не ми посочил дека без инсеминации можам да обијам ваучер од фондов поради лошиов спермограм.... Дали е така?
Кривица нема кај тебе или кај него! Заедно сте во ова. Немој така јас сум крива или маж ми е крив. Еден човек не е доволен за да направи бебе. Никако не се обвинувај така. Ти посакувам што побрзо да стигнеш до целта
Таму не ви споменале дека е слаб? Долго време пие суплементи, а нема подобрување. На уролог сте биле? Кривица немој бе душо да бараш во себе или во некој друг. Едноставно така е во моментов, но тоа ќе се смени, ќе си останеш бремена. Не се обвинувај, не го обвинувај ни сопругот. Разговарајте со докторот.
Кривица во смисла каде е проблемот и што е проблемот бидејќи докториве се со став као да слаб е спермограмот ама.... не е толку слаб да не може да се забремени 2 ипол години.
Спомнаа, но немаат некој конкретен став. Во смисла да слаб е но, не е страшен да не може да се забремени. Незнам што да кажам...Ако аплицирам за ваучер ќе ми одобрат со една инсеминација и ваков спермограм? Инаку да, беше на уролог има бактерии во спермокултурата кој неможе една година да ги откачи и најверојатно од тоа е и слаб спермограмот. Цела година пиеше антибиотици и ништо не постигна само си го намали имунитетот а бактериите се вртеа во круг. Димитров во ремедика ни рече терајте вака 6 месеци по мојата операција ако не се фати ќе превземаме нешто, некако ни се брзаше и почнавме во њу борн таму веднаш не советуваа да започнеме со инсеминации да не се чека 6 месеци, тоа ни одговараше и прифативме, но ако нема шанси да се забремени со овие мл незнам дали има потреба да ги правиме иуи....Дали од фондот би одобриле со слабиов спермограм и со бактериите во спермо и урино културата?
ќе фати, ќе фати и тоа како ќе фати. Кај сите. Околностите ни се такви во моментов. Среќни да сме што живееме во време кога медицината е мнооогу напред отидена и има решение за се! Што да кажеле жените кои живееле во време кога асистираната репродукција не постоела ни како поим?? Секогаш постоеле пареви кои мака мачат за да зачнат или да одржат бременост но, им поминува редот. На некои побрзо на некои малку повеќе им треба. Ќе дојде ред кога и ние ќе сме мајки, верувам во тоа силно!
@monka_bonbonka чекај сега малку, да не згрешиме или паничиме џабе. Нешто ми беше чудно како не препорачале за инвитро и зедов да ги гледам пак резултатите што ги стави овде и не ми беше јасно дали тоа 3мл им значи 3 милиони или 3 милилитри. Сега го зедов од мажот ми спермограмот и споредив. Не ви е 3 милиони по обработка, не се секирај. Тоа кај концентрација кај вас е 36, што е супер. Среќа е што бројката и контцентрацијата на сперматозоидите е добра и затоа излегле 36 милиони. Се извинувам многу ако те испаничив, не ми беше тоа целта. Но подвижноста на сперматозоидите може да е нарушена поради бактерии во спермата. Доколку се излечи, би се подобрила ситуацијата. Добро е што одите на инсеминации, сепак најдобрите пливачи се издвојуваат. Не се секирај, големи се шансите со инсеминација да забремениш штом е се' друго во ред.
Прилично лош, еве дијагноза ASTENOTERATOZOOSPERMIA, варикозна вена 4 мм на левиот тестис, само 10% подвижни од кои 3 до 7 % норални. Докторот го советуваше најдобро инвитро но му даде и Спермотренд да пие 45 дена па ако има подобрување да се разгледаат и опцијата операција. Можеби имал некој ваков случај да помогне. Ви благодарам.