Пиши го ова и во темата Вештачко оплодување, таму повеќе искуства ќе споделат, доста се пишуваше за ваков проблем. Немам искуство со ова, само што сум читала на форумов дека одобруваат од фзо, но мислам дека бараат и документи за состојбата. Сепак најдобро да пишеш во другата тема, ќе ти помогнат тие што поминале низ ова.
Такаа е...ни докторот ниту во лабараторија не би се нафатиле ако нешто не чини...кај мене и за инсем. викаше да почекаме ама јас срце јуначко и фер се за испитувања не инсистираат кај нив да правиш....Се што може на државно си одиме
Абе уживај таман работа... Значи има 36 милиони а 3 милилитри тоа значи ?? хахаха многу ми е смешно со милиониве
И овој пат негативно.За жал мојата втора инсеминација повторно заврши неуспешно .....повеќе срека следниот пат
Мислам и 36 милиони не е баш ок ама ајде ќе тераме со иуи за ваучерот колку да го добиеме... не верувам многу многу во моќта на иуи.
Кога ја правевме првата инсеминација на ГАК, прочистена имавме 34 милиони. Таму ни рекоа дека е одлично и дека таму ретко гледаат такви бројки. Бројката ви е одлична. Дајбоже да се изненадиш со || и да се смени вербата во иуи. Јас и покрај неуспесите верувам во инсеминациите, многумина се израдувале со нив. @Lavica2016 веќе си има бебенце од успешна инсеминација. @Lara 27 ни е бремена со инсеминација. Имаше наназад уште неколку, да не набројувам. Ајде со убава мисла и само напред. Само позитивно Еден ден е дозволено да си тажна и да боли, но од утре глава горе! Штом ќе дојде нов циклус, тоа значи нова надеж
А се осеќаш ко за добивање?Кој ден од циклус ти е?Леле колку ги мразам тие тестови што им "фали" една цртичка
Од иуи се до неделата нон стоп осекав болки како секој момент да треба да добијам,а од Понеделникот исчезнаа ништо не осекам 29 ден од циклус ми е.
Аспиринот ми го прекина Др бидејќи на 4 и 6 ден од иуи ми се појави минимално розево-црвеникаво,Дабростонот го испив,сеа ми останаа уште неколку таблети од Естрофемот но нив ги пијам се сеуште.
Нема откажување, не би ти рекла не плачи и не жали, ти тоа секако ќе го направиш. Болно е но еден ден сите овие таги ќе бидат избришани од првата прегратка со нашето чедо. Немам иста судбина со мојата сестра , братучетка и најдобра пријателка, но имам со сите што сте тука и сте непознати во мојот живот. Делиме болка а тоа е силна поврзаност. Трпеливоста е доблест а ние сме приморани да ја совладаме и примениме. Еден ден ќе се исплати. Биди силна и нема откажување! Идни мајки сме , мора да сме силни! Те поздравувам❤️
Фала ти и тебе сите други феминки кои се тука за секоја дилема секое прашање да се разјасни и сме си поддршка една на друга. Никој кој не е поминал низ оваа не знае колку боли да се нема дете.Но затоа ние што сме овде најдобро можеме да се разбереме една со друга и знаеме колку боли секој негативен тест. Силни сме ке дојдеме до нашата цел и откога ке го земеме тоа малечко човече во нашите прегратки ке заборавеме на секоја солза,на секоја боцка..