Јас се осеќам ко балон,прееска имав и многу јаки бодежи во левиот јајник,ме уби Кломифенот,јас најверојатно немам никаква потреба од стимулации,преку 5 фоликули имав,ќе експлоадирам.
...не е точно, треба еден фоликул да расте и да биде како треба и на одредена големина „созреан“да пукне и да се ослободи јајната клетка, колку повеќе фоликули има „се губи силината на растење“ и тие ќе перзистираат, едно од несакани дејства на Кломифенот, значи се ординира таму каде нема овулација, а не да се даде „за секој случај“ и да даде спротивен ефект со создавање на повеќе фоликули, затоа треба да се мери анално Базална температура и доколку има 3 до 5 дена покачена температура (37,1) од 10 - 14 ден од менструалниот циклус, укажува на овулација и не треба да се даде Кломифен како овулативен стимулатор!
Nemora bazalna da meri toj e star metod dovolno e da ode na eho I Dr da I kaze dali ima ovulacija ili ne
И покрај тоа што доаѓа до пукање со помош на некоја од инекциите не значи дека ќе бидат добри со созреана јајна ќелија?!
Точно,во право си,претходно сум следела овулација на гинеколог,секој месец имам по едно фоликулче шо си растит до 24 цм и си прска,а Кломифенот ми го дадоа баш ко шо викаш,за секој случај,за поголеми шанси,а мене ми беше многу тешко овој пат,тежина осеќав од толку мн фоликули. Овулациите ми се редовни и уредни,AMH ми е 4.6 а имам 33 години.
А фсх колку ти е?!Ја амх неамам проверено,а фсх ми е 9,ме гледаше докторот на 3ти ден од циклус и одлучи по 1 кломифен за инсеминација...дали му се видоа малку фоликули?!
Ne e tocno oti taka se nauceni jas za vtorata I tretata inseminacija ne primav nisto I klomifen se dava ako se ima potreba
Девојки хелоу. Денес ми е последен ден од циклус и деновиве си имав долги разговори со себеси. Бев разочарана, тажна, па сфатив дека од мојата негативност не може да произлезе она на што се надевам, Мојата прва инсеминација и деновите после неа ми беа кулминација во оваа моја и на сопругот борба за наше чедо. Не оди вака и не смее да бидам ваква не смеам да дозволам да бидам пак некогаш таква како во тие две недели. Овој месец пауза, продолжувам со витамините пијам Овунорм и Имприл а сопругот пие Профертил. Месецов сакам да поработиме на нашата љубов и среќа и да уживаме во сите моменти, без барање симптоми, стрес, страв и лоши чувства. Ќе ни подари Господ на сите нас благослов, знам!
И јас прашав кај докторот што ми ја правеше инсеминацијата (1ва неуспешна) дали за наредната треба да земам за стимулација и ми рече нема потреба а исто се консултирав и со матичниот гинеголог и ме искара зошто со стимулација се трошеле оваријалните резерви а јас си имам редовно по 1 фоликулче секој месец и овој месец во петокот бев на 10 ден од циклус имав 16 мм и овулацијата ја следев со микроскоп и се покажа дека саб, нед, и пон ми беа плодни денови па сега со Господ напред овој пат сами си работевме со мм, ако не бидне ќе одам на 2ра иуи по пресметки некаде крај на Март или поч на Април Би ви препорачала да земите maybe baby микроскоп има во зегин и секое сабајле до деновите на овулација со првата плунка се проверува брзо и лесно *
Исто сум и јас ама докторката ми рече да пијам Кломифен,а тешко го поднесов искрено. Дај Боже да си завршите сами работа
...што значи овулациите ти се редовни и уредни? велиш,,..AMХ ми е 4.6 а имам 33 години..,, попрецизно според годините : ...НО, вредноста Anti-Mullerian Hormone- AMH (Анти-Милерскиот хормон (АМХ) е хормон произведен од репродуктивни ткива, вклучувајќи ги тестисите кај машките и јајниците кај жените) при раѓање, една жена има околу еден милион јајца (ооцити), кои потоа се намалуваат природно во број во детството на околу 500.000, само мал број од овие преостанати јајца ќе одат низ созревање на фоликулите - еден по еден, како дел од месечниот менструален циклус на жената, AMХ има балансирачки ефект врз месечните циклични дејства на фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачкиот хормон (LH) за време на процесот на созревање и ослободување на јајцето (овулација), но едно да знаеш дека количината на AMХ е одраз на овој фоликуларен раст, но нивото не го одразуваат квалитетот на јајцата, зашто повеќе јајца не секогаш значат повеќе ембриони! ... да речеме кај тебе со 33 години треба (види табела) АМХормон треба да е од 2,3- 3,5, а ти кажуваш вредност од 4,6 што спаѓа во високи нивоа (види табела) што најчесто е поради PCOS (polycystic ovary syndrome) состојба која влијае на јајниците познати како синдром на полицистични јајници, значи вишокот на фоликулите кои се јавуваат во овој синдром предизвикуваат абнормално големи количини на AMH, а додавање на Кломифен само ја влошува состојбата на ако ТИ тврдиш дека имаш овулативни менструални цилуси што кломифенот апсолутно не треба, туку е дури и контраиндицирано да го земаш! ...FSH е 6,7 - ФСХ е Фоликуло стимулирачки хормон ФСХ, кој се произведува од страна на хипофизата, вклучен во овулацијата и е одговорен за помагање на јајниците да создадат зрели јајни клетки, нивото на ФСХ варира во текот на целиот циклус и неговата вредност е највисока непосредно пред овулацијата! ... за точна проценка, хормонските тестови се прават на вториот или третиот ден од менструалниот циклус. Нормалните граници на овие хормони се следните SH, LH, Estradiol, Prolaktin, TSH!
... кој оди толку редовно секој месец на ехо? овулациите не се секогаш исти во секој месец... со домашно следење на базална температура ќе се знае точно скокот и овулацијата, а не препоставка од едно ехо следење во еден месец дека ќе биде исто и следниот месец! и за какво ехо со вагинална сонда зборуваме?