Спермограмите (најмалку два) треба да не се постари од една година и разлика меѓу двата да е најмалку еден месец. Мене матичниот ми нагласи да се двата во различни институции, но еве @Bubce38 вели дека и во иста може. Ако сте со машки фактор треба да ги поднесете сите стари спермограми... Ние поднесовме 6 спермограми правени во три различни лаборатории, најстариот ни беше од 2017година.
Оф брее, како се приближи време за недобивање и мене се повеќе страв ме фаќа од негативен тест. Денес една недела од прва инсеминација. Убава оваа чекање.
Те разбирам скроз....како хипнотизирана бев...неможеш а да не мислиш кога си во исчекување нека не те фаќа страв од негативен тест,нека те фаќа возбуда за позитивен тест
Леле неможам да ти објаснам...до ништо не ми е...љута сум Да имаше нешто тестот бар малку ќе светнеше тоа другото невидливо линииче Дај Боже да грешам...можно е од терапијата да не добивам?!
Може од терапијата да не добиваш. Затоа провери бета и ако е висока, продолжуваш со терапијата, а ако е негативна, тогаш прекинуваш и за некој ден ќе добиеш. Некои добиваат и додека примаат терапија, а некои и по 7 до 10 дена од прекинувањето на терапијата. Но тест може и да не покаже, а преку крв да е позитивен.
Многу добро го знам тоа чуство како е ,го пребродив многу тешко во саботата но тоа е ,подобро провери не си ја мачи душата .Ти посакувам позитивна бета