Абе каков понеделник жено, оди одма провери, да не се клукаш за џабе со хормони. Знам како е да си љута, знам како е да си бесна, знам како е да сакаш од кожа да излезеш. Ама, па, затоа може па се да се смени за 360. Трк по крв, ем нема да мислиш на ова ем чудо може да се случи!!!!
Да, и јас за инсеминации кога правев, дур примав терапија не добивав. Ама ако си решила да праиш во понеделник тест, тогаш ќе си ги пиеш, морално е! Ај пробај до понеделник направи уште 2 теста не те кошта ништо!
Не ,не ми доцнеше дури и порано една ден ми дојде . Направив тест (на 28 ден)беше негативен и утрето добив менстурација. Кој ден тие од иуи?
На 15ти или 16ти ден прекинував со терапија, на кринонот ми се појавуваше крвца ко за пред добивање, кафеава.... тоа беше за првата , тогаш не ни правев преку крв тест, ми дојде во нормален рок... за втората ја примив колку шо ми кажаа, и правев тест преку крв, ја прекинав и пак не добив одма, мислам за околу недела дена дека добив, незнам зашо така беше вториот пат, може од стрес
18ти ден ми е,на 25.02 правев иуи...30ти ден од циклус ми е денес ... ќе почекам денес,утре па ќе видиме што даље
Обично после 15-16 ден од иуи се прави тест барем домашен незнам зошто ти кажале така . Можеш домашен да си направиш.
Да мене во Њу Борн ми кажаа на 15 ден тест а ако недобијам на 21ден од иуи бета да проверам.Но за жал и за двете иуи ми дојде на време
За време на терапија добив точно на 28 ден Др. Влатко ми рече нема да добиеш додека ја пиеш, а јас добив, така да кај секој најверојатно е различно
https://lady.mk/bez-izgovori-bez-opravduvana-parkiraj-odgovorno-sekogash-i-sekade/ Многу добро напишана статија
Ние не сме од Скопје, правевме еден во Newborn, еден во Плодност-Битола, и другите во државна лабораторија
15 ден од инсеминација,тестот негативен не сум разочарана,очекував,си го осетив телото. Повеќе среќа следен пат
Уште не,ама ич не се надевам,плус открив дека имам MTHFR C677T мутиран ген од двајцата родители,па можда зато ми беа високи и ддимерите,па најверојатно ќе мора да се поработи на тоа.
Иста сум и јас, 11ден ми е од инсеминација, и толку сум убдена дека ништо нема да биде, другите месеци сум имала повеќе надеж од природно, отколку од инсиминацијава. Дури едвај чекам да добијма за да ми заврши мислава и надежта. Симтоми никакви немам.
И јас готово си добив денес...ама нема откажување...одиме понатаму а ти @Mini26 немој такви мисли ајдее позитивно