Друштво зошто мора секогаш наместо полесното мене да ми се пага да поминувам по потешкиот пат? Решивме да собираме документи за ваучер. Микробиолошките се чисти но ПАП не е баш во ред. Сега ке примам терапија да лечам бактерија,па повторно проверка на ПАП ќе правам. Незнам дали и претходно сум го имала проблемот мислам дали и за време на иуи сум имала бактерија (симптоми никакви,никаков проблем немав,,а и сега не осеќам ништо) ,дали е можно тоа да биде причината за двете неуспешни инсеминации Незнам зошто Др кој ми правеше иуи не ми побара претходно да правам микро.и пап тест,туку без тие испитувања одма одлучи да правам инсеминација Оххх бее многу прашања ЗОШТО?? Дали и некоја од вас е имала сличен проблем како мене? Ќе сликнам да видете за што се работи.Ако може некоја да сподели искуство...
Само со матичниот гинеколог се консултирав.Незнам дали и со тој што ми правеше иуи да се консултирам,бидејќи ми кажа дека се гледаме кога ке треба ифв да се почнеме. А матичниот ми даде два вида вагинални. Ми даде POLYGYNAX eдна кутија 6 капсули се,по една навечер,потоа откога ке ги завршам продолжувам со другите, тие се 10капсули (но ги немаше во неколку аптеки прашав,само по порачка ги носеле па утре треба да ги пратат) и откога ке ги завршам сите 3-4 дена да одморам па да отидам да го повториме ПАП тестот.Инаку малку се зачуди бидејќи на микробиолошките се е чисто. Навистина многу се разочарав,и неможев а да не ви пишам на вас женички лавици
Јас би те советувала да му го покажеш резултатот и на докторот што ти прави инсеминации. И микробиолошките можеби е добро да ги повториш. Знам дека си разочарана, но проблемите што ќе излезат мора да ги решаваме, што да се прави. Собирај си ги другите документи во меѓувреме. Ајде, ќе биде океј, ќе се среди
Што ќе беше ова само по нешто ново ни искача А претходно пап кога правеше?!Тогаш се беше ок?! Јас мислам и со докторот да се слушнеш
Во право си мораме да решаваме и да се справиме со секое проблемче. А од документи ми треба уште хормонско и хепатит да направам.Но сега овој месец застанувам да излечам ова па наредниот месец ке продолжам,а во меѓувреме мм ке ги прави спермограмите. Фала ти за се
Тоа е се по некоја препрека ни се појавува и ни отежнува патот до бебче Последна пат ПАП и микробиолошки правев пред 8 месеци,тогаш беше се чисто. Ме мачи зошто не побара да се повторат пред да почнам со инсеминациите. Цел ден мисла ме мачи дали можеби баш поради тоа не успеав да дојдам до ll цртки.
Пап тестот треба да биде скроз чист за да се одобри ваучер? Па јас со години имам ХПВ и неможам да го излечам, но среќа без епителни промени.
Пап не ти побарале најверојатно бидејќи не ти е постар од 1 година. Инаку и во фонд за документи не треба да е постар од 1 година. Можеш стариот да го поднесеш.
Мила сега дури видов дека сум прескокнала едно бројче. Не е поминато 8 туку 18месеци.Се извинувам во брзање не сум приметила
Немој да се обвинуваш.. терај напред. Земај витамини повеќе. Кокоидни бактерии и не се до толку опасни како хламидија микоплазми ... Вагиналетите ставај ги . Прашај си за антибиотик дали плус да земеш и не се нервирај . Оние што остануваат природно бремени , синкир немаат бактерии..Мене од утрогестанот ми се направи некоја иритација минатата иуи . И сега ќе му кажам на др овој пат дали ќе може да ги примам пер ос преку уста. А затоа вистина ништо не баараат имаш ли немаш ли бактерија. Пролактинот висок ли е .. сами се мораме.