Ајде нека пливаат... За нова година таман поклон од дедо мраз бебенце. И јас правев во понеделникот. На кој ден правеше инсеминација, каде ја правеше и каква терапија примаш?
На 13- ти ден од циклус правев иуи. Пиев 5 таблети кломифен. Овитрел се боцнав на 01.04 во 20h Еден фоликул беше пукнат уште два имаше . Инаку во Систина одам кај др Лазаревски. А ти кај правеше ? Пиеш и аспирин видов зошто?
Во њу борн, исто на 13ден и јас правев. Аспирин се пие за да не дојде до згрутчување на крв зашто сите терапии инекции се хормонски. Пиј си азпирин не штеѕи. Исто и ја овитрел се боцкав, сега по инсеминација пијам и добростан. Ајдее дај боже да се префрлиме во триднички од нареден месец
Девојки ние се боревме 13 год за деца три инсеминации три ивф и дури третото ивф беше успешно и имаме веќе 4 месечна ќеркичка верувајте во себе оти можете да станете мајки и одете со мислата дека Господ Бог ги дава најтешките битки на најсилните борци
Утеогестанот ми направи некоја иритација,вагинално го ставав. Сега ќе го пијам . А ефектот бил подобар при вагинална апликација .
И кога се пие мислам дека може како нус-појава да е гадење и непријатност во желудник, мачнина, вртоглавица. Чисто да знаеш, од што сум читала низ форумов, јас немам искуство со пиење, секогаш вагинално сум ставала. Провери во упатството.
Дабростонот е исто ефикасен како и утрогестанот и немаш несакани ефекти, како зголемен секрет или вагинална иритација, што може да ги даде утрогестанот, ако се аплицира вагинално. А ти, не се замарај со вакви прашања, само уживај и чекаме позитивен тест.
Јас орално пијам утрогестан, бидејќи имам цервикален полип,и го пијам веќе 5 месеци. Немам ни мачнини ни ништо, само благо седативно дејство. Мојот др.вика дека ефикасен е и вака и така да се зема, што пишува и во упатството.
Е па супер штом си од тие што немаат мака Муабетот ми беше за да знае ако почувствува некои од нус-појавите, да знае од што и' е Но не значи дека ќе ги има, може да нема мака како ти.
Еве два дена го пијам , имам мачнини во желудникот. Мене утрогестанот ме уништи. Ќе пробам уште ден два . Ако не на своја рака да си земам Добрастон
Можеби е најдобро да му кажеш на докторот за тоа какви реакции имаш од Утрогестанот, види што ќе ти рече.
Jaс веќе со една неуспешна инсеминација, без стимулација, на природен циклус, пред 2 месеца. Денес правев втора, со стимулација кломифен фостимон, стоп инекција . Е сега читам требало и после тоа односи? Докторката не ми рече ништо. Ни првиот пат ни сега. И за мирување, дали треба да лежиш? Јас за 8 дена од инсеминацијава треба со авион да патувам (туристички водич сум па и нема а многу да седам и таму). Што мислите има ли врска тоа. Многу ми е страв.  Па тоа не ми е доста, после и за велигден пак одам на пат
Јас сум со две неуспешни инсеминации. А за односи да треба,мене и двата пати ми рекоа уште истата вечер да имаме односи,и најнормално да си функционирам,освен да избегавам да не кревам тешко... И само денот кога ги правев инсеминациите одмарав,лежев а од наредна ден најнормално си функционирав. Кај правеше?
Страшен стрес со ова инсеминациите, односи треба да и вечерта и утредента. И јас сум си една неуспешна инсеминација по природен циклус, денес една недела од втора инсеминација ви њу борн. Од недела имам многу бело прање, мокроо ептен, до сега не сум имала. Офф тешка борба, не се секирај функионирај си нормално, ако сака бог да биде ќе биде од ништо нешто. Подобро да патуваш, отколку да седиш и да мислиш со денови да поминат две недели за резултат.
Тој повеќе го фалат од Гуржанова...Ајде кај сите да дава Господ Среќа е. Еднаш ќе се погоди. Се надевам сега и јас на ||. Фала на утеха... Дај боже две цртки и кај тебе.. Правило е дека нема правило. Пак ке кажам, еднаш ќе бидне, толку ни треба