Оли ти го најдов овој фосилски коментар хахахаха и знам дека ќе го имаш инфото шо ми требит ко и обично,втората инсеминација би ја правеле на ГАК ради финансии,кажи ми како е точно процедурата,дали можам да го пратам само мм со првиот упат што ќе ни го дадат да му однесит документи на докторот(зш немам мн слободни дена)па после матичниот само да ни го закажит терминот за инсеминација. Ама имам многу дилеми,шо ако се паднит викенд,како би го погодила истиот доктор? Еве првава инсеминација ја правевме во сабота поручек,шо ако исто би ми се темпирало и на наредната инсеминација,шо тогаш?
Баш фосилски е коментарот За да правите инсеминација на ГАК, матичниот треба да ти даде упат за Амбуланта за асистирана репродукција. Зависно од денот, различни доктори се во амбулантата. Во среда, на пример, мислам дека е Тофоски, во петок е Роса Спасова. За другите денови не ми текнува каков им е распоредот, не ми текнува Трајанова кога е во Амбулантата. Јас бев кај Роса, супер е докторката, само се случува да е некаде и да треба да ја почекаш иако си со термин. Кај неа одиш со сите документи што ги имаш, се' што имате испитано. Таа ќе те прегледа и уште еднаш-двапати можеби ќе треба да дојдеш да те следи, па да види кога да ти закаже инсеминација. На ГАК ќе те следат како растат фоликули. Кога ќе закаже инсеминација, доаѓате со мажот и прво тој остава материјал, па по два часа одиш ти. Сабота не прават инсеминација, ќе темпираат да биде или петок или понеделник, зависи кој ден е посоодветен. Освен ако пробаш да се договориш да одиш за мерење фоликули кај матичниот, иако мислам дека нема да може, сепак тие ти закажуваат инсеминација, не матичниот.
Јас правев прва инсеминација на ГАК и лошо искуство многу. Едниот ден се падна понеделник беше Тофовски, од него ни Т тој не е во амбуланта негови студенти таму сестри те гледаат сликаат му праќаа слики на вибер за да се консултираат, ми рекоа дојди среда за инсеминација, средата пак исто Тофовски никаде го немаше истите сестри, горе инсемимација ми пушти една млада студентака а претходно си ги зимаш материјалите во шприц од лабораторија така ти ги дава ги носиш они ги ставаат на прозор и така си стојат 10мин дур да те наместа на светлина, без телесна температура во еден момент си помислив ништо не остана да мрда во шприцевите. И студентка шо беше на пракса дојдена ја учеа и таа ми направи инсеминација, кажувајќи и како една постара сестра. Ужааас. Лошо ме намести од средата до саботата крварев од шо ме повреди ставајќи ми го тоа шо го ставаат доле.
Леле бее што зборуваш. Си играат играчки, се учат на нас Јас па кога правев хистероскопија имаше двајца млади сигурно беа практиканти, а кој ми правел докторот или они којзнае ме успаа и ништо не знам... @Stressed Out , ами јас за хистероскопија кои патршествија ги поминав одев 6 пати до Скопје пред да поминам се. Божем поевтино потоа 100 пати се покајав што не направив на приватно бидејќи кога пресметав превоз, јадење, малтретирање и зимање на денови од работа ми испадна поскапо на државно...
Да не знаеш што да правиш, си викаш ај на приватно повеќе те тинтраат, ама и во нив не сум сигурна ич, еве втората ја правев приватно, со стимулации и стоп инекција 14500ден платив, си викаш само нека биде, па и си викаш дали стварно треба се ова да примаш или само за пари да ти земат и инекциите да си ги продадат. Незнам шо да кажам, се ќе се заборавиме и ќе издржиме, нема цена резултатот шо ќе го добиеме ама ајдее само нека биде. За стресот и исчекувањето да не збориме се уништивме.
Незнам дали имаше потреба имав по 2 фоликули и на двете страни на 8-9 ден ме боцнаа мериол мислам се викаа, и сабота оверил.
И јас правев две инсеминации на приватно исто за една инсеминација плаќав вкупно 14500денари само во болница,а плус и превоз и ред други трошоци бидејќи сум од друг град,но тоа е само нека вроди со плод,да се оствареме барем мајки на по едно бебче,нека се збие на парите.А за стрес и за уништување да не зборуваме,9 години душичката ме боле се уништив,од се почнав да се повлекувам,ниту ми се оди некаде ни сакам народ,се затворив дома и од другарки,комшивки се оддалечив (а не бев таква,се си шеткав, излегував) .Напуштив и работа, едноставно си сакам тишина. И најмногу ме боли кога некој од блиските ќе ми каже уживај додека немаш деца,потоа има ногу проблеми,трошоци и ке немаш ич мир...Но се разбира они немаат поминато низ ова што јас минувам (и многу други кој што се мачат со овој проблем) ,и всушност не знаат дека моите проблеми и трошоци се многууу многууу поголеми од нивните. Али тоа е ќе правиме се за да ја победиме оваа борба
Со истите зборови ме теши и мм Се надевам во најскоро со само ll долгоочекувани цртки ке ни се смени сета тага во најголема среќа
Никако такво запаѓање во депресии,тешки денови,моменти се нормални,ама целосно менување на животните навики немој никако. Јас денес се изнаплакав ама така од срце ко се наттегавме за Гак или приватно инсеминации,се истоштивме финансиски,ама пола саат и ми помина. Ќе дојт и нашиот ден ќе видиш ❤
Да да ке не сожали и нас Господ.. Колку само си имам плачено,и сеуште си плачам кога ми е тешко на душата. Си викам многу пати доста е се откажувам...А мм на тоа одма ке изреагира со овие зборови: Нема да испаднеме губитници,ќе се избориме и се ќе заборавиме кога ке го добиеме бебчето.Неговата поддршка многу ми значи и ми дава сила за да продолжам да се борам. Ќе успееме сите!!!
Ве читам и ми е поледно што не сум сама... Финансиски, голем трошок, но да биде само па друго не е важно. Инку со колкава бројка беа вашите инсеминации? Нашата прва, без стимулација со 10милиони неуспешна (после обработка) . Вторава е 4 милиони. Јас бев стимулирана за секој случај. Не примаше терпии ништо, а докторов не ни рече да направи нов спермограм. Според стариот тераше
Првата незнаж со колку беше дива лига е на клиника, а вторава после обработка 52милиона со 92% подвижност. Денес точно 10дена од кога ја правев. Не осекам ништо нормално се.
Oхоо супер бројка сте имале вие. Не се секирај, нормално е ништо да не осеќаш, покасно почнуваат симптоми. Со лесно и позитивен тест за некој ден П. С. Некој со успешна инсеминација, а помала бројка? Малку сум загрижена