Еве да ви се приклучам и јас дами Правев прва инсеминација пред десет дена во Систина.Без стимулација на природен циклус ,примив стоп инекција на 31.03 на 13 ден од циклус и после 36 часа ја направивме инсеминацијата со 40 мил обработен материјал.Ми дадоа утерогестан два пати на ден вагиналети и аспирин од 100мил.(валјда аспиринот за подобра циркулација) .Денес ми е 10ти ден од инс а сеуште немам симптоми ниту за доаѓање на вештерката ниту пак некои симптоми што би наговестиле дека биднала работата Се надевам дека во меѓувреме нема да дојде па на 15ти ден да испитам бета Со среќа на сите па да галиме мешиња
Па јас да ти кажам се тешам дека е можеби сеуште рано за симотоми.. Во два три наврати минатата недела почувствував грчеви , и имав констипација што мене ми се нема случено речиси никогаш Е сега,некаде тоа се наведува како симптом ама може и да е чиста случајност ... А онака симптоми како отечени и болни гради,болки во половината или гадење немам... Останува само уште да си бидеме меѓусебна подршка и да се надеваме дека сепак нема да дојде
14ден помина денес од втора инсеминација, страв ми е да правам тест. Од вчера и денес цел ден ќе се осетам нршто протекува и трчам во вц, ама прв пат ова ми се дешава, вода ми тече, чисто без боја и мирис. Цел ден мењам секојдневни мокри. Како водењак да ми пукнал. Нервозна сум збеснав. Друго ниш не осекам, само ми се спие, може и од времево.
Страв ми од тестови не ги сакам ич. Јас добивам 27 према 28, утре ме е 28ден ако не добијам тогаш здравје. Како овој пат никогаш претходно не сум била исплашена. Не ме болат градите, само тоа ме плаши нели ако сум ќе ме болат.
Зависи , мене секогаш ме болат гради пред да добијам. Денес и јајниците ,она чувство пред да добијам . И си велам подобро без симптоми да си бидам и да не му ја мислам.
Истото ми се случува и мене ..Ама потполно исто! И мене ме плаши тоа што не чувствувам никакви симптоми како напнатост во градите,ама си велам па можеби сум исклучок , па ме прескокнал тој симптом А чудниот воденест секрет од денес го имам и јас . Мислев дека можеби се должи на утерогестанот .. И мене не ми се прави тест исто како и на тебе Од друга страна ни трага од нема А, јас сум вообичаено со кратки циклуси на 24-25 дена а некогаш и на пократки например минатиот циклус на 22дена а еве веке ми е 28 ден па тоа ми влева надеж Мене ми е прва инсеминација и тоа на природен циклус .Исплашена не сум - повеќе би рекла нестрплива. Стварно и мене ме зачуди тој воденест секрет..
Јас пијам добростан, не утрегостан, мокро исто ко вода чисто. Прошлиот месец од прва инсеминација ова време на 27 попладнето добив, сега не утре ако не добијам среда ќе купам тест. Многу пати сум се разочарала и ако се фатило нема да ми се веруваа. Леле дај боже, семо трчам во купатило...
Добростан ја има истата улога како и утрогестанот,така ? Минатиот месец доби додека сеуште го примаше добростанот(ако си го земала и тогаш) или откако го прекина ? Мене циклусот никогаш не ми доцнел како овој месец секогаш ми досѓа на максимум 25 ден ,премногу ретко на 26 ден (можам да избројам колку пати тоа се случило на една рака )А денес ми е 28 ден од циклус Не знам дали доцнењето се должи на прогрстеронската терапија, или се надевам сепак поради двете посакувани цртки
Оф мила и ја така се тешам, дека ќе видиме 2 цртки. Претходната инсеминација не пиев ништо, се по природен пат. Ќе издржам уште утре. Ајде мила заедно да се префрлиме во труднички.
Од се срце се надевам дека ќе ни бидат услушани молитвите драга Нам и на сите други феминки кои ни се сопатнички во битката за бебче . Се надевам наскоро на добри вести
Дали сеуште го пиете Дабростон? Јас за жал имав две неуспешни инсеминации,па додека го пиев него не добивав менструација.Откако завршував со терапијата добивав на 2-3 ден. Се надевам кај вас ќе се успешни иуи и дека нема да дојде ,,вештерката,, Ви посакувам успех,нека дава Господ на сите па и на нас
Мила и ја така си мислам дека доростан ми прави вака, да ми доцни, дај боже да грешам. ќе чекаме уште денес.
Да драга уште ја примам терапијата со утрогестан .Денес ми е 14 ден од иуи и неможев да издржам до утре како што ми рече докторката да направам тест на 15ден преку крв и денес направив дома тест и испадна негативен . Не го правев со утринска мокрача,пред пола саат го направив ама мислам дека сепак би покажало..Е, сега не знам дали да ја прекинам терапијата со утрогестан или да ја ставам последната вагиналета вечер како што треба или да не ја ставам да си чекам да дојде .. и уште нешто на секојдневната ми се појавија две-три како светло кафенкави точки , и поради тоа се одлучив денес на тест . Кај тебе @Mini26 има нешто ново или сеуште не ?
Нема ништо мила, абер немам за добивање, ни симтом за бременост. Чисто ни кафеаво ни жолто, чисто.Денес ми е 15ден од инсеминација, 28ден помина. Утре веќе ми касни. Се јавив да прашам во Њу борн ми рекоа на 21 да правам преку крв, дека недела и на 20може, до тогаш да пијам добростен. Ајде мила почекај може рано е за домашен тест. Страв ми е мене за тест.
Драга ти правеше иуи во понеделник јас правев во вторник ,еден ден после тебе.. Кај мене се појавија тие две три точки што веќе ги нема толку беа и сега пак е чисто.Можеби се избрзав ама пуста јас нестрплива.. А имам уште од терапијата и не знаев што да правам , дали раководејќи се од негативниот тест да ги прекинам а освен тие точки кои ги спомнав симптом на доаѓање немам . А пробав да звонам да се консултирам со докторката никој не добив