Оли јас веќе не барам мислења по мислењето од др. Обедникоски кој ми рече да земам уште една доза на кломифен и покрај таквата реакција на мојот организам.... Од денес почнав со собирање на документи за ифв
И јас на Кломифен не реагирав, Др ми промени ми даде Летрасан малку се поскапи (околу 2.000ден) но од нив имав добар број на фоликули по 6 Со среќа мила
Помина и втората ИУИ. Правев вчера тест (15ти ден после иуи) и правев сабајле, 16ти ден, и негативно Најлошите три минути во живот ми се тоа чекање. А знаев дека ќе е негативен, сите симптоми на ПМС си ги имав (имам прилично јак ПМС). Ќе прекинм со терапииве, да не се полнам со хормони за ништо. Др рече уште една трета ќе пробаме, ако не ивф Со среќа на сите што чекате резултат, ви посакувам +
Мислиш на стоп инјекција? @Heidy многу ми е жал, исплачи се денес испразни си ја душата, а од утре главата горе и уште посилна, нема откажување.
Јас денес бев на контрола после инсеминација, и на 6ден од циклус имам 15мм фоликул и 8мм ендометриум. Во сабота пак на контрола за да видиме циста да не се направи. И односи ми кажа деновиве
Помина и мојата прва инсеминација,на природна овулација,без стоп инекција,ја правев на ГАК кај др Роса,останува да чекаме,ми рече уште вечер да се фрлиме на работа,таква терапија ми препиша со лесно на сите другии
Девојки да ви соопштам една убава вест ,после 3 години борба,после 2 неуспешни инсеминации,после многу падови и плачење дојде денот кога добив благослов од Господ ,конечно дозволи да ги видам II линии и тоа кога реков ќе правам пауза од се и малку да се опуштам и кога најмалку очекуваш,не ми беше верно незнам колку тестови направив Се молам за сите вас да ви ги наполне Господ рацете и сите да имаме благослов да бидиме родители.
@Andonia А сега скоро пишуваше дека ќе одмориш и дека си разочарана Море слави таму, уживај! Честитки и со лесно
Голем е Господ, само верба, надеж и трпение... Прекрасна вест, морници ми поминаа по цело тело кога прочитав ... Да си имаш лесна бременост и уживај во периодот кој ти претстои, најубавото за вас допрва доаѓа...
Браво девојче,ете гледаш?!Вербата и неоткажувањето се многу битни.Ептен ми е мило,да си имаш убава и лесна бременост. Профертил пиеше??
Вербата е на прво место ,а се друго после со ред.Се исплати и верувај дека кај секоја од нас ќе се исплати и една ден ќе бидиме мајки. Да пиев проферил јас и мм