Не знам зошто ама мене пак нејзиниот пристап ми нема оставено добар впечаток , некако цело време ме протрчува како да се брза дури и тогаш кога имам некои прашања Дури на еден преглед не по своја вина поради тоа што патувам од друг град задоцнив пола час со најава додека патувам дека ке задоцнам и немаше ни грам разбирање и дрско се понесе . Еднаш до сега сум правела иуи а веќе 4 месеци одам на фоликулометрии редовно кај неа ама некако не ми се останува кај неа Фала ти за споделеното искуство драга
Ако не ти се допаѓа односот, смени доктор. Не мора да трпиш и да ти влијае негативно. Оди на разговор кај двајца-тројца и тој што ќе ти остави убав впечаток, кај тој продолжи си. Со среќа!
Да има и во Штип кај Органџиски 10.000ден. И мислам дека прочита и во Плодност ама далеку ми е таму.Незнам дали е ден за ден или преку ден треба да прашам. Ако нема ништо овој месец ќе одам таму. Последна шанса, па ќе се спремам за инвитро . Штом дознаам како што е ќе ви пишам. Чекам до среда да не добијам.
Данче мислам дека сме кај истот др во Њу Ботн и мене така ми кажа даца да поднесам за ваучер, ама нешто же тера да пробам и во штип кај Органџиски. 10.000ден е ден е дупла инсеминација, незнам дали е ден за ден или преку ден, ќе се јавам ако добијам неделава.
Да во Њу Борн сум. Јас пола документи собрав,уште да средам околу ПАП и ќе поднесам документи. А исто и јас се мислам дали да направам уште една иуи.
Разговараше со Трајковски? Колку што знам имаш 2 иуи до сега пројдено ? Колку што те разбрав Трајковски ќе напише извештај дека предлага инвитро и со 2 иуи би ти одобриле ваучер? Јас следна недела правам 2ра ги средив хормониве прл и тсх КОНЕЧНО. Поздрав и со лесно..
Да тој самиот ми предложи ифв,и самиот ми напиша извештај,и рече дека со тој извештај требало и со 2иуи да одобрат.Собирам документи па ке пробам што ке направиме ке видам.Ако одобрат добро ќе е а ако побараат ке правам потоа уште 1-2 Кај мене хормоните се супер,проблем на ПАП се појави сега лечам бактерија и hpv.Се нешто се појавува и само се одолговлекува работата Поздрав ти посакувам успех,и се надевам во најскоро ке си видеме ll цртки
и јас имам се, само да ги обновам хормоните и брисевите. Денес добив, задутре ќе напраам хормони на 3ден. До сега никаков проблем не сум имала. Ама не сака и не сака.
И јас денес добив и баш се изнервирав веќе незз што да направам,ќе дособерам документи и ќе одам кај докторот да разговарам за инвитро,неможе веќе вака
Не збори, ми се плаче веќе толку стрес ми е тие два три дена пред добивање побудалувам. Имав фоликул 22мм прсна со инекција, односи сабајле и вечер, спермограм супер се супер и не сака и не сака. утре одам да земам упат за хормони на 3 ден. Помина 6 месеци од претходните.
Да ги проверам, и ќе поднесам нека чекаат за ваучер. А у меѓувреме сакам кај органџиски да прашам за дупла инсеминација.
Фала мила и јас на тебе и на сите останати ви испраќам среќа до небото! Заеднички да се радуваме за секоја успешна приказна
Здраво Здраво Дали имавте подобрување после терапијата, и дали ви предложија инф? И ние ја имаме истата дијагноза... на мм му препишаа трибрстан и еден куп витамини