Другарки... ситуацијата е оваа,ендометриумот не е за машала ама... шо мислите вие,естрофем ќе пијам,цвекло,ананас... друго?
Само цвекло исцеди, чисто. Не го мешај со друго. Пиј си секој ден барем по пола литро. Ананас после инсеминација не. Ствара контракции на матката. До сега ако си јадела ок. Живи кикирики. Ги има на рефус на пазар и по маркетите. По еден-два бразилски ореви. И нозете да ти се топли цело време. Дај Боже да успееш!
Мојата инсеминација на 22.05 вроди со прекрасно девојче кое е мојата среќа ти ја праќам и тебе да успееш и да се гушкате
Ти благодарам најмногу ,иако добивме лош материјал по обработка,ќе се надеваме дека едно јуначе барем ќе исплива
Одам на втора иуи во 11 и 30 со мојот нов пријател во мојата матка кој се вика миом, па што биде нека биде! Пуштајте среќа!
Катастрофа,ќе ти ги атачирам од вторава и од првата инсеминација,види ги... Вие како поминавте? Ајде дај Боже да вродит со плод ❤
Ништо,само ме подпраша дали сме правеле спермограм и каков бил,кажав дека е супер,така и беше,ко го видов резултатов ко си одевме ми стана јасно зошто ме прашал. Му кажав плус дека сум со терапија ради мтхфр,и тој као,ајдеее овој пат ќе фатит... јас немам мн мн надеж,ама то е шо е,следниот пат здравје...
Пуштам среќа едно најбрзо инаетчивче да успее да го фати момето и да успее Нели знаеме едно е доволно, се надевам ќе имате успешна инсеминација
Да послаб е од минатиот пат но по се што поминуваме една работа сватив дека навистин 2+2 во медицината не се 4! И веќе ништо не може да ме изненади, едноставно се очекувам така даа.. не се знае до самиот крај. Ти посакувам плодна иуи !! Еве ги нашите резз
Здраво женички,еве сум јас после втората иуи овој пат кај Трајковски во Њуборн .Си го пислушав инстинктот и отидов кај него За разлика од др Клементина која ме водеше на природен циклус само со стоп инекција тој ми даде стимулација многу внимателно дозирана за да не ми направи хиперстимулација .Испив само 3 апченца Кломифен,по ден два пауза и два Пурегона еден во неделата сабајле и еден во понеделникот . Тоа се покажа како полн погодок ,дури и докторот се изненади колку добро реагирав на стимулацијата веќе на 11 ден од циклусот имавме 4 зрели фоликули Денес на 13 ден од циклус ја направивме втората и се надевам последна иуи . Материјалот ни е исто така добар како и минатиот пат, дури за нијанса и подобар.Докторот е оптимист со оглед на тоа што кај нас нема конкретен проблем ,едноставно не сакаше да бидне .. Како што кажа членката погоре во медицината за жал не секогаш 2+2 =4 така да сепак на крај се останува во Божји раце . @Stressed Out i @monka_bonbonka ви ја посакувам целата среќа на овој свет Еве ги нашите резултати од обработката на материјалот.
@Stressed Out @monka_bonbonka @Anomis11 so lesno na site i daj boze ovaa inseminacija da ni e posledna,da bide so uspeh so plod
Здраво мои Фемикнки , ако може да ве замолам за совет и мислење. По завршената иуи вчера докторот нормално ми препорача обавезно односи да си имаме со мажето истиот и наредните неколку дена . Е сега јас и претходно знаев да имам болни овулации , не секоја ама преку една но болките што ги имав вчера и денес се неиздржливи .Вчера писебно ,чувствував болка и кога одев Докторот ме праша дали чувствувам болки од овулацијата ,и ми кажа дека тоа е поради поголемиот број фоликули па затоа толку бурно реагирам .Јас претпоставував дека односите во таква ситуација ке бидат приблем и беа за жал Минатиот пат кога правев иуи не чувствував волку голема болка, нелагодност да,ама болка не. Вчера пробавме ама беше невозможно да имаме односи, денес еве некако на мака од сабајле Стварно се нервирам и се разочарав . Се извинувам што споделувам волку интимни нешта но стварно би ми користело ваше мислење. Дали некоја од вас го имала ова искуство ?
Нормално е да имаш поголеми болки, имаш повеќе фоликули. Еве сега сум пред овулација, еден фоликул е, вчера едно половина час во одење ме болеше. Па прекинува, па пак боцка. Нормално е, не се секирај. Кога ќе прснат фоликулите, ќе помине болката. Ајде со среќа и биди со убава мисла.