tenk juu иначе мене ми е 16 ден и не сум добила сеуште, но во принцип ми доцни секогаш така да не се возбудувам многу многу. Немам направено тест. Само што се слушнав со докторот ми рече утре да направам а не сакам некако пошто смачено ми е од правење тестови и гледање една цртка... вака што биде нека биде а имам симптоми буквално како пред добивање. Ќе размислам до пред да си одам од работа дали ќе купам или не
Јас и ти драга сме во ист ден правени кај Трајковски и би било прекрасно да е успешно кај двете Нема што да ти кажам што веќе не го знаеш и сама ,симптомите си се исти Чекам убави вести и од двете
Не можеш да се заштитиш на форум, секакви коментари ќе прочиташ. Најдобро е ако ти влијае негативно, да се повлечеш малку за да не читаш додека не помине таквиот период. И во Прво тромесечие и во Труднички секакви искуства ќе прочиташ, ќе те стресираат, ќе те фаќа паника. Ако те стресира, заштити се и не читај. Не ме сфаќај погрешно, за твое добро го велам ова. Ајде со лесно и се' убаво да си тече @monka_bonbonka
Драга Оли ти благодарам на убавите зборови Да секако дека не ни помислувам нешто друго освен дека советот ти е најдобронамерен. Можеби и ќе те послушам .. Малку периодов сум поосетлива-па можеби и најпаметно би било тоа . Фактот што некој коментира без да дочитува ме исфрли од колосек ,јас барем така мислам и правам.Без да обрнам внимание на тоа што е претходно објавено од членката не ни помислувам да вадам коментари од џеб и да мудрувам .Можеби тоа што јас го делам како совет веќе членката го знае и го има спазено како детал и тоа јасно нагласено во претходните постови. Не сум јас овде на форумов најначитана и најмудра , најголемиот дел од членките се навистина добро информирани,што од искуство што од истражување барајки чаре. Како и да е на форумов имам многу повеќе убави искуства,прочитано совети и мислења што мене лично тврдам дека ми имаат помогнато во голема мера .
Здраво. Веке со години пробуваме да останам трудна ама неуспешно и сега започнавме со инсеминации. Имавме две неуспешни и сега одиме на трета. Сите на ГАК. Меѓутоа ве читам и гледам дека сите имате некои терапии кои ги пијете а мене не ми препишаа ништо, дури ни стоп инјекција првиот пат ми ставија а вториот не ниту пак сега. Па се плашам да не губам тука време, не сме веке ни млади толку за да можеме да си дозволиме. Некој совет?
Јас само за првата пиев комифлен, за втората и третата докторот ми рече дека нема потреба (за да не се трошат јајце клетките) а и секако секој месец имам по еден фоликул.Стоп инекција примав при секоја инсеминација. Мислам дека таа е задолжителна за да може навреме да си испланира инсеминацијата.само после третата инсеминација ми дадоа да пијам Дабростон (како прогестеронска подршка). Мислам дека докторот одлучува за терапијата (дали има или нема потреба), а за стоп инекцијата мислам дека би требало да ја имаш при секоја инсеминација.
I jas ne piev nisto za vtorata I tretata inseminacija I posle so tri inseminacii ni odobrija vaucer za ivf po preporaka na Dr
Те молам кажи ми дали за да ти одобрат ваучер за ивф мора претходно да имаш направено хистероскопија или доволно е само проодност на канали?
Зависи Може да се случи да побараат и хистеро . Но , со 4 иуи и хсг јас не сум сретнала жена на која од фонд и побарале хистеро
Jas imav napraveno histeroskopija prethodno taka da neznam ama mislam oti nemora ama moj sovet ti e napravi si ne e strasno ic a od nea potocna metoda za sostojbata na matkata nema
Фала ти, важно ми беше да знам, зашто ако сега не успеам со третата а после и четвртата инсеминација би сакала веднаш да почнам да собирам докумнети за инвитро.
Фала Meckicja. знам дека и некои доктори не прават инвитро без хистероскопија, ама ми беше важно да знам за фондот, што побрзо да поднесам документи.
Не мора, ако комисијата увиди нешто што им е сомнително на хсг може да бара хистероскопија, во спротивно не . Јас правев ивф без хистероскопија, само со снимки од хсг.
Супер,Фала ти, се плашев дека ако е задолжителна да не изгубам уште повеќе време при собирање документи.
Женички ,само што ги добив резултатите од бетата ! Пресреќна сум Денес ми е 18ти ден после инсеминацијата а резултатот од бетата ми е над 2000 единици ,не ми кажаа точно а и да кажала не сум слушнала затоа што кога слушнав 2000 ќе се онесвестев .Ми кажа сестрата дека тој резултат е одличен .Ја прашав дали да ја повторам бетата за некој ден ,ми кажа дека немало потреба и ми закажаа преглед на 27ми .Ке ве замолам за мислење во врска со нивото на хормонот