Денес ми е денот за (не)добивање...до сега имам 3 негативни тестови засекој случај ке проверам и бета денес. Дали некој знае за цените за инсеминација и фоликулометрија во NewBorn?
Мислам дека беше 9500-10000 макс. (иуи и фоликулометрии за процедурата ) со тоа што доколку примаш стимулација терапијата нормално не спаѓа во ценава . Јас сум презадоволна и топло го препорачувам др.Трајковски доколку се одлучиш
Почекај сеуште имај надеж.....Тестовите некогаш знаат да не бидат точни..АКо останевме регуларно труднички ке правевме тестови по задоцнувањето...само смирено миличка и ке биде......
Благодарам девојчиња, златни сте. Многу значи оваа меѓусебна поддршка што си ја даваме на целата мака
Ке биде само позитивна мисла..... И јас сум во очекување треба да не добијам до 5 ти септември и не правам до тогаш тест што биде нека биде ама мислам ќе се фати јајници болат, гради болат......
Ако добро памтам една феминка кажа дека ја чинело околу 10.000 без терапија.Ако грешам нека ме исправи.
Јас правев 10.500 плус преглед претходен 2500, стоп инекција 3000 витамини и остало 4000 околу 20.000 му доаѓа
Прегледот пред иуи го наплаќаат? Што е многу многу е Мене во ЊуБорн со прегнилот ми доаѓаше нешто помалку од 10.000ден,а сега откога ја нема со онаа за замена (стоп инекцијата) ми излегуваат инсеминациите 12.500денари кога одам на преглед и мерење фоликули ништо ми немаат наплатено (се случувало пред да ја правеме иуи да одам и по 2-3 пати,и не ми наплаќаат) 3те иуи таму ги правев,сега и последната таму ќе ја правам
Ми наплатија 10,500 и плус 1,450 една фоликулометрија. Терапија и инекција плус се разбира...Не носев толку пари па тие 1450 дополнитено ги доплатив на сметка.
Јас примав 5 дена терапија,и откако ќе завршев со терапијата 2слободни денови, па на 3тиот ден одев за мерење фоликули,и според тоа Др одлучуваше кога ке е иуи