Тоа е тоа. и јас се тешам велејќи си повеќе среќа следноит пат. Со лесно нека ни е на сите. Нема разочарување идиме напред!!!
Па даа ама лапаро е сепак операција и ако немаш потреба зошто да ти прават...бар ја така мислам,прашај си уште еднаш
Знаеш зошто ти кажувам....и јас имав полип и ме пратија на хистеро...отидов да закажам ми викаат и лапаро,викам ајде како ќе кажете така...и у последен момент сретнав познат таму што работи и ме посоветува без лапароскопија и така и направив,на крај и полипот го немаше
Она има и миом, затоа и рекле хистеролапаро да направи. А и подобро така. Со едно успивање да реши се. Веќе кога го вади полипот и миомот ќе и го извадат. Предходно имала спонтан, не е докажано ама можно е да е и од миомот. Леле и јас со миомов..... ивф... се молам на господ да биде се како што треба да не ми прави проблем
Незнам како е за миом ама мене кога ми го откри докторот полипот ми рече дека тој не претставува проблем за забременување, но подобро е да се отстрани за во иднина да не направи проблем недај боже и прво со апчиња се обидов,но на крај мораше хистероскопија. И ајде бебчиња да ни растат наскоро
Ќе биде добро ајде не го мисли. Повеќето што јас ги консултирав ми рекоа ако не смета да не се вади. Биди раат јас спроведов анкета имам собрано скоро 10 мислења
Ајде мала помош од вас девојки што проаѓате низ овој за нас процес во очекување....Инсеминацијата ја правев на 19.09.2019 кај Др.Лазаревски во Систина.Немам сеуште добиено а би требало денес утре....да не добијам дај боже.Утре дали ќе се покаже ако направам тест преку крв?Многу сум вознемирена и исплашена
Јас лично немав, ама имам читано дека знае да се случи поради самата постапка, се додека е кратко мислам дека нема простор за загриженост.
Девојки.... Јас да пријавам... Како да ми дојде вештеркава.... Малку крв имам.....не отидов да испитам крв пусти страв од негативен резултат....