Џенцки јас после пауза од 3 циклуси решив дека е време за нова iui И бидна...со тоа што мн ми е различна од првата а и имав 4-5 напредни фоликули што не беше случај со првата кај што имав едвај 2 на крај. И јајници различно реагираа и терапија различна... За сите што имавме не успешни "мисии" стискам палци и да дадеме позитивен смер на темава Време е...
Знаете што заборавив да пишам... Др.-от ми виде нешто како преграда скоро до самиот ѕид.... Немам искуство со ова...ама рече дека ако дојдеме до ин витро а дај боже да не дојдеме, ќе треба да се отстрани. Инаку тоа ми е на десна страна кај што немаше ни еден фоликул Овој пат сум цела лева П.с: Верувате во успешни инсеминации?
Мене доктор Владимир (Њуборн)ми кажа дека имам некоја мала преграда ама кажа дека не би требало да претставува проблем и не претставува фала Богу . Бремена сум 22+2 од успешна инсеминација кај него
Втора , прва кај др Клементина во Систина комплетно на природен циклус -неуспешна . Втора кај Владимир со мноогу слаба стимулација постигнавме одлични резултати и имавме успешна иуи . Јас после 2-3 неуспешни циклуси да останам бремена ги направив сите испитувања. Сите резултати си беа во ред, впрочем советот од доктороте беше да продолжиме да си пробуваме природно .Ама пуста јас нестрплива инсистирав и на иуи Севкупно од почеток на обиди до позитивниот тест поминаа 7месеци ,8ми веќе бев бремена .
Здраво женски јас овој месец одам здравје на трета инсеминација. Може кај мене ќе биде трета среќа и дај боже сите поскоро да се радуваме на две цртки
Cestitkiiiiiiiiiii imaj lesna bremenost......Super, jas od april pocnav, 2 pravev, pa odmori, sega 3 ama neuspesna se nadevam ke bide............. pozdravce
Женички јас целата сум растресена.... Ми доцни 12 дена бев сега кај матичен за да ми даде апчиња за да добијам бидејќи брзам со иуи другите испитувања ми важат уште месец ипол,а треба да пракам за ваучер. Ииииии замислете ми кажа дека е можно да сум останала бремена ми покажа на монитор јасно и јас самата видов точкичка,очите ми се насолзија и јас упорна викам не е можно 9 год пробување,3 иуи и ништо е викам нема шанси плус и овој месец бевме најмалку активни и фул опуштени не ни помисливме за да биде бебе и ми вика кога не се надеваше бидува.И јас повторно а да не е нешто лошо циста тумор абе се збркав,и книшката си ја заборавив кај сестрата па ајде се враќав абе смешки Ми даде упат да одам утре за бета и да и се јавам...Незнам како ќе ја поминам вечерва и се плашам од негативен резултат... Сега ќе се јавам на мм кога ке се враќа од работа да ми купи тест до утре неможе срце јуначко да издржи
Здраво,јас требаше овој циклус да правам инсеминација ама бидејќи естрадиолот ми беше малку повишен на трет ден док ми даде пвој месец да пијам микрогинон и здравје во ноември да почнеме со процедурата.Јас по препорака од др пијам имприл и едно апче неофолик оти имам мутацуја а сопругот профертил и плус мед со ореви лешници и бадеми на сабајле.Некој совет да не имате шо друго нешто да земам оти го прашав др ми рече дека е доволнп.Имам дома и мака во прав ама мн ми е гадна нз дали пак да почнам да пијам
Мој совет ти е само да бидеш опуштена, ништо друго неможе да допринесе до успех, освен олабавено тело и среќни мисли. Не се оптеретувај со тоа што треба да пиеш а што не. Што мислиш дека му фали на телото, тоа пиј си. Со лесно да ти е!
Ти благодарам мила ама некако тешко ми оди опуштањево,дали пти веќе 3 години се обидуваме или зошто луѓето околу мене се скоро сите бремени и само за тоа се разговара мислам уште толку ме прави напната ама тоа е наша борба,ќе издржиме се
Знам како ти е, те разбирам. Но што е тука е. Мора да се соочиме со проблемот и да бидеме упорни се до успех.
Мила опуштисе можеби се ти е од психа! Ние се обидуваме цели 9 години...кај што слушнавме секаде отидовме,правевме 3 иуи и не бидна и не бидна. Но ете Господ прави чуда.Од третата неуспешна иуи во септември кога добив,и кренав раце од се се помирив со судбината,и баш од средината на септември бев со најмногу обврски и напорна работа,и не ни помислив на бременост.Со душа чекав да добијам за да ја правам и 4тата иуи...и доцнеше 5,10,15 мм вика прави тест јас не бе од преуморба е. И вчера опп на ехо се виде нешто прекрасно П.с. А бев отидена со цел да ми даде терапија за да добијам