Во право си мила ама кај мене не е психа,јас од операција од слепо црево пред 20 години правена имав проблеми и изваден ми е десниот канал ама битно ептен ми е мило за тебе и да си се радуваш бидејќи си жена борец,капа ти симнувам.Јас не се откажувам и ќе направам се за да се остварам како мајка,ама некои денови едноставно ми се вика да кренам раце од се бидејќи во секој момент чуствувам како нешто да ми фали ама благодарение на позитивните приказни и храброст на луѓе како тебе ми даваат сила за да продолжам
Данче, предходно не сте правеле инсеминации ? Не си поднесувала документи за ваучер за ивф овие 9 години? Прв пат поминуваш низ постапкава ? Можеби некогаш си пишала која е твојата приказна, но не се сеќавам. Иначе и јас имам една другарка 7 години пробуваа и никако да биде, таа не сакаше да прави испитувања секогаш викаше ако треба да имам ќе имам природно не сакам да си го мачам телото. И ... после 7 години бидна стварно природно, така да чуда се случуваат, но никогаш нема да дознаеме зашто сме морале да ги поминуваме тие искушенија додека не биде Нема откажување, се до успешна приказна!
Значи ништо не правев претходно.Матичниот а и сите други приватни кај што отидовме ни викаа дека со двајцата е се во ред и дека природно можам во секој момент да забременам. Прва интервенција ми беше декември 2017 кога Трајковски предложи хистероскопија поради септум.И цела година 2018 пробуваме природно и повторно не биде. Првата инсеминација ја направив Декември 2018 за жал неуспешна,потоа Февруари втората повторно неуспешна....И на следната контрола Трајковски ми кажа дека тешко оди,ми даде извештај каде пишува дека негово мислење и предлог е да се почне со ифв и дека со иуи нема шанси да се постигне бременост. Ги собрав сите документи пратив и од фондот добивме негативен одговор со образложение дека не го прифаќаат мислењето од Др. Светот ми се сруши,и одма почнавме кај што застанавме ја направивме и третата и таа неуспешна. Еден циклус помина и сега требаше во Октомври да добијам за да ја правам четвртата. Дата за менструација ми беше некаде 05.10.....и помина 05..помина 10ти,а јас болки на допир во гради,страшни менструални болки,а менструација нема.И веќе немав нерви бидејќи за два месеци скоро сите испитувања ќе ни истечеа со рок,па ке требаше се одново да правам...Недела вечерта на мм викам ке отидам во аптека да купам апциња за да добијам нема време за чекање можеби ќе ми доцни и месец дена (бидејќи имам нередовни циклуси поради полицистични)...На тоа мм вика подобро оди на матичен да те види.Понеделникот бевме за Софија Бугарија,Вторник станав и се мислам да одам кај матичен или не,и некаде кај 14часот собрав храброст отидов. Ме прашува Др кој ми се симптоми кажувам,и се насмевна,и вика ајде на ехо. Ме гледа на ехо и вика пааааа ти си бремена...А јас како во сон И јас упорна абе грешка си,9год неможев да забременам,со иуи не успеав од кај јас бремена Др ме убедува дека сум бремена а јас ја убедувам дека не сум,абе смешки бев.Ми ја покажа таа најпрекрасна точка што сум ја видела во мојот живот и вика утре бета ке провериме.. Одма дома правев тест и покажа позитивно за прв пат ги видов тие две жар црвени црти,после неколку часа мм повторно ми носи тест повторно позитивно...Бета вчера 1355 Господ ми ја исполни најголемата желба,сега му се молам само да е со нас и да не исчувам со бебко овие 8мес што ни преостанува... ЗАТОА:Никоја да не губи надеж Господ испраќа чудо кога веќе од се си се откажал....Моево си го викам чудо бебуле посакувам на сите да ви се скрати овој трнлив пат и сите да си добиете по едно чудо бебуле Те И се извинувам за долгиот пост
Bidi hrabra i veruvaj se e mozno.... Pravi tes preku krv i ke bide, pozitivno, od radost mene mi se nasolzija ocite, se obiduvam i jas tolku vreme,..... Super ke bide, bas mi e milo <3 pozdravce
Еве ме и мене, скришум сите ве следам 10 ден од инсеминација, бел исцедок, и мачнина, деновите тешко ми минат во исчекување некоја со слично искуство
I jas imav macnini, mi se povrakase, ama nisto mi dojde... se nadevam ke bide naskoro ... Daj boze da bide najjbrzo na site
jas imav macnini, mi se povrakase, ama nisto mi dojde... se nadevam ke bide naskoro ... Daj boze da bide najjbrzo na site
Лепотици јас овој циклус започнав со кломифен и вчера на последното ехо имав повеќе фоликули од кој водечкиот ми беше 19 мм и на лева страна и бев пресреќна бидејќи десен канал немам и ендометриум 9 ми беше.Др Лазаревски ми рече дркс е супер и дека и на десната страна имам ама помали кои не ми играат мн улога и вчера во 20 часот се боцнав со две инекции триптофем и здравје утре ми е инсеминацијата.Некако сум мн возбудена
Ох мила Не се разочарувај ете незнам колку ке ти е за утеха ќе ти ја кажам мојата ситуација...Правев две иуи,пратив за ваучер но не ми одобрија и покрај мислењето од спец.др. дека предлага да се оди на ифв постапка. Продолжив ја направив и третата и пак неуспешна и додека си чекав да добијам па да правам и четврта мене не ми дојде...Две недели помина третата недела исто помина тест не ни помислив да правам бидејќи 9год се една црта гледав. Отидов кај матичен за таблетки за да добијам и да пратам дополнителни документи.Но тогаш на ехо се виде точкичка после 9год борба,три иуи неуспешни....природно останав бремена 8ма недела сум,секој ден му благодарам на Господ за овој благослов,се молам само да не исчува со бебко и се да се заврши најдобро Опушти се Господ е голем за секоја од нас чува бебчиња
Девојки овој месец се спремам за мојата прва инсеминација, уште немам одлучено каде да ја правам. Ме води матичниот доктор, значи терапија со кломифен, мерење фоликули, боцкање прегнил се ми е кај него. Само денот на инсеминација не знам каде да одам. Ве молам за позитивни искуства од клиника и доктор.
Нели е поубаво да си цело време кај ист доктор...на пример твојот доктор ќе мисли дека ти е 12-13 ден добар за иуи може ќе отидеш за постапката ќе ти речат дека си касно или рано...незнам колку ти дозволуваат можностите ориентирај се кон специјалист....