Fala duso, senadevam i jas da bide, sekako Bog ke dade na site samo mnogu godini se,,Uteha mi e da bide, poslednava imav 19 ml folikul na levata strana, ana destana mal folikul i se nadevav mnogu... ama ete sekoj den se boram i se raduvam na pomislata deka naskoro ke bide... Pozdrav mnogu i mnogu mi e milo Daj Boze site da dobijat bebinja <3 <3 <3
Не сум од Скопје. Не ми е практично да одам толку често за Ск. А и докторот ми рече дека нема потреба. Дека он ке ме проследи и само за постапката да одам. Не знам дали е можно такво нешто.
Не сум баш сигурна како би одело тоа...јави се утре во било која..систина, њу борн или некоја др. Ќе ти кажат дали може така или не па бар ќе знаеш на што си. Инаку јас прошлиот месец правев и така махинално си кажав да закажам за инсем.ми рекоа дека прво треба консултација и ехо ( не се плаќа плус)...и им реков да да за консултација да закажам со тоа што јас се јавив дента кога добив.
Јави се и прашај си дали така ќе се нафатат да ти ја прават постапката без претходно следење на некоја од приватниве ,мада мислам дека само на државно ви прифатиле .. Јас правев во Њуборн и јас не сум од Ск од Кочани сум ама одев постојано за Ск на фоликулометрии и прегледи и ми се исплатеше навистина . Мислам дека и покрај малтертирањето најдобро е докторот што ја изведува постапката да те следи и дава терапија . Со среќа
Се спремам за прва инсеминација после 5 години неуспешни обиди. Штом се случи ќе споделам искуства. Инаку одам кај др. Лазаревски во Систина
Мила со лесно нека ти е.И јас правев кај др Лазаревски во средата па еве сега си чекам да поминат две недели.Чувствувам само како благи грчеви во стомакот поточно на десниот јајник и цело време одам во вц,лувствувам како да имам баш балон во долниот дел,страв ми е да не сум настинала. Со господ напред и на двете и на сите што се во постапка
Здраво девојки. Јас сум нова тука. Правев две инсеминации кај др. Михаило Поповиќ во Систина но и двете беа неуспешни ( Докторот ми кажа дека ке бараме ваучер за инвитро преку фондот . Сега се мислам дали да останам кај Поповиќ или да се префрлам кај др. Слободан Лазаревски. Ве молам за помош
Здраво на сите. Сакам да прашам дали некоја ги користела инекциите Bemfola 225ml ? Се спремам за втора инсеминација, првата беше неуспешна
Денес штотуку ја направив имсеминацијата и ги имам истите симптоми. Го прашав докторот и ми рече дека е нормално дека плодни денови се. Ај со среќа ќе пишам по 2 недели. И
Мила ти ја испраќам цела среќа на овој свет.Јас во среда ќе правам тест преку крв и ќе кажам резултат.На моменти сум мн позитивна а на моменти некако мислам дека ќе биде негативен.Не знам што да мислам.Болка имам во десниот јајник накај препоните сма не силна и цело време сум во вц и градите многу ме болат ама тие симптоми ги имам и пред да добијам така да исто е
Во последниве 3 дена го прочитав скоро цел форум и сите приказни.Имам дијагноза на полицистични јајници. Вчера ми беше првата инсеминација. Примав Летрозол од 3 ден 2×1, 5 дена па 4 инекции FSH, па Стоп OVETRIL, после 36ч ми е направена инсеминација. За време на инсеминацијата докторот ми кажа дека сум во овулација и имав исцедок, па прво ме чистеше со некоја течност со шприц, па потоа ја вбризга инсеминацијата.Спермограмот секогаш бил во ред, за инсеминацијата имавме 18мил/ml. Ми кажаа дека било супер. На денот на инсеминацијата имав јаки болки во левиот јајник и вечерта не бев во состојба да имаме односи но имавме сабајле наредниот ден. Болки повеќе немам, малку тапа болка сега на десниот јајник. Терапија после инсеминацијата антибиотик Doxiciclin 3 дена 2×1, утогестан 2×1, естрофем 2×1и фембион 1×1. Сега останува да чекаме. Инаку не сум од Скопје па самата инсеминација ме чинеше 11 000 ден, но со лекатства инекции, патување околу 30000 ден имам потрошено.
Ги има и во Марија Гален Фарм..мислам така се викаше. До Броз кафе по скаличките надолу. Околу 1000 ден.една лента од 15 апчиња.