Доцнам со одговорот гледам членката веќе детално објаснила Да, 9500 иуи со вклучени фоликулометрии . Плус климифен 3 апченца (од аптека го земав него сама и знам не беше скап ) две инјекции пурегон од Њуборн ми ги дадоа не ги купував од аптека по 1200 ден мислам дека беше една и Choriomon и него го земав од Њуборн и знам дека беше поевтин од Овитрелот , некаде околу 600-800 ден мислам беше . Блузу 13000 ден ме кошташе севкупно , далеку поевтино него ли во Систина каде иуи ми наплатија мислам 14700 (не се сеќавам точно знам околу 15000 ден беше ) БЕЗ никаква стимулација , примив само Овитрел што си го купив сама од аптеката долу . И тоа пази - секоја фоликулометрија ми ја наплаќаа пи 2500 ден ! Ништо не ми сметаа во цената . Не сакам ни да се сетам колку пари лупнав во Систина а односот и заинтересираноста на докторка Клементина рамен на 0 ! Тоа е моето искуство
Да бев од Ск ќе ми беше супер,вака тешко,мене ме следи тука мојата докторка,по 700 ден ехо плаќам и само директно на инсеминација во Плодност,таму е 9000ден.
Матичниот доктор ми е 70 годишен со ехо старо 30 години,само за упати ми е и срцка е,се сум земала без проблем,а гледам некои овде и со тоаа имаат проблем со матичните.
Мислам дека во извештајот пишуваше трицеф...не можев да го најдам...па звонев ко луда 40 пати не ми се јавуваа да прашам зошто и што да земам замена. Едвај сестрата ми се јави и ми рече ради што имало страно тело...и некаква течност давале па да земам доксицилин. Всушност недостапноста и гужвата беше причина што ја сменив Систина
За страно тело , кортико да дадат сум слушнала. Ама антибиотик прв пат слушам. Ај нема веза , си знаат они
Со лесно, дај боже со позитивен тест да заврши Инаку да на гак се 900 мкд НО препорачувам да си имате договорено доктор од пред постапката, затоа што јас немав позитивно искуство и им дадов шанса на гак но од сегашна гледна точка , згрешив :-/
Девојки во вторник е мојата прва инсеминација. Ме загрижува тоа што имам само еден фоликул . Докторот е со став дека еден е доволно. Ме интересира како се однесувавте после инсеминација , дали си продолжувавте по старо како и пред инсеминација, или малку повеќе се пазевте? Докторот ми вика си тераш нормално. Искрено ме фаќа трема
Најнормално. Јас правев инсеминација и одма се враќав на работа. Во Њу борн ги правев, Влатко ми викаше ако сакаш сега на глава стои исто ти е. Така да, опушти се, и не му ја мисли многу. И да еден фоликул е доволен
Јас и јас не сум од Ск , мене на 30 км ми е Штип ама попрво не би правела ништо одколку да правам кај Органџиски а тој ми е најблиску..Јас секој втор ден на фоликулометрии одев се правев во Ск..Патните трошоци никаде не ги ни рачунам , се поштедувам сама себе Само да е за убаво , секој денар ми се исплатеше .
Јаа следниот месец треба да правам пак, 3та по ред....па 4та и здравје до пролет планирам до инвитро да стигнеме...претходно бев мн по позитивна ама мм имаше драстично влошување на резултатите од 14 на 3 милиони имаше пад...сеуште не знаеме зошто...ќе одиме деновиве да се дог.со Др.Трајковски да ги поминеме ради реда и тоа е тоа... Ви посакувам успех на сите