Девојки, чисто информативно се јавив во Newborn пак да препрашам за цените да не се избрукам таму да немам пари ко ке дојде за плаќање ми рекоа иуи чини 9,500 МКД. Стоп инекција имале само овитрел и коштал 3,200 МКД. Исто така ми рекоа и дека фоликулометрија се наплаќа 1,200 МКД. @Dance27 и @Stressed Out
@marijamarkoska Ауу па не е можно толку да се покачила цени и плус фоликулиметрија да почнат да наплаќаат.Третата иуи ми беше во август не ми наплатија,ниту за првата и втората иуи не ми наплатија фоликулиметрија.А инекцијата Овитрел беше околу 2200ден од таму за купував и 10000% сум сигурна во врска со цените.За секоја иуи си имам запишано колку ме има коштано,и фискални ми стојат.Значи навистина не е фер од месец во месец се покачувања да прават..
Јас па се надевам дека сепак нема да ми наплатат за фоликулометрија и покрај информацијата што ми ја дадоа на тел. Ќе видиме
Помина точно една недела од имсеминацијата. Последниве 2 дена имам слаба и тапа болка во пределот кај јајниците, а денес осеќам подуеност во стомакот како пред да ми дојде. И често одам во ВЦ по 3 пати на ден како кога имам добиено. Инаку сум со полицистични јајници и претходно кога сум имала подуеност во стомакот секогаш ми касни. Одвај чекам да помине неделава. Ако има некој слични симптоми ќе го ценам мислењето.
Различни им се цените за пациенти кои се повеќе од еднаш кај нив. Јас исто бев со истите цени како и ти во окромври. Порано изгледа не им било така.
Јас кога правев иуи таму февруари и март иста беше цената 9.500. За фоликулометрија никогаш не ми наплатиле, а овитрелот точно дека беше поевтина од таму ја зимав околу 2.000 денари.
Да за инсеминација е сеуште 9500ден. но изгледа почнале да наплаќаат за фоликулиметрија по 1200ден така пиша пред некој ден @marijamarkoska Јас последната иуи ја правев во август но не ми наплатија кога бев за мерење фоликули.И стоп инекција имаа само Овитрел која ја платив околу 2000 ден а сега пред некој ден кога се јавила членката и рекле за Овитрел 3200 ден.Изгледа имаат некои нови покачувања.
Гарант членката има прашано за цена како цена за фоликулометрија и имаат кажано колку е. Не верувам да ќе наплаќаат посебно за фоликулометрија кога би правеле иуи кај нив. Ми нема логика
И мене не ми се верува дека ќе наплаќаат,останува да ја направи иуи па да сподели инфо,но и што ја пиша цената за Овитрел не ми е некако реална пред три месеци ја платив 2000 а на нејзе кога се јавила да праша и кажале дека е 3200ден
Па почекај до тест. Можеби ќе немаш потреба од ваучер Или ако толку ти се брза испрати ги сега документите ако имаш све. Која иуи ти е оваа?
Прашав колку е уиу и дали се наплаќаат фоликулом. Ми рекоа дајте име и презиме ќе ви се јавиме. Кога ме побараа пак ми рекоа да се наплаќа 1200 и цена за овитрел над 3000. Сум била 4 пати кај нив ако им значи тоа...не знам зошто ми побараа име и презиме. Останува да видам во петок и баш ќе ви пишам пак.