Зошто лошо сфатена? Ти си го кажа своето искуство, нема ништо лошо во тоа. Ни јас не сум најзадоволна од неа бидејќи ме виде во ходник кога дојдов за инсеминацијата, направивме муабет, и' кажав за што сум дојдена и си замина, не дојде. Всушност, најчесто самото вбризгување на спермата го прават специјализанти, докториве само прегледите ги прават. Ова генерално, веројатни има случаи и до крај да ја истераат работата.
Јас од ГАК воопшто не сум задоволна. Поготово ако не познаваш никој и одиш на тепка, 90 % си се зезнал мене ми го повредија грлото на матката крварев неколку саати по инсеминацијата, и самата постапка ми беше болна а воопшто не треба да биде!!! Катастрофа тешка се, по толку мислење им дадов шанса и се зезнав. Е тоа е моето искуство. Ако ме прашаш мене оди си плати си, биди си госпоѓа без непожелни "ситуации"
@monka_bonbonka Јас бев во Плодност и мене многу ме болеше самото вбризгување, но докторот кажа дека од многуте фоликули бидејќи притискале на каналот. И во приватните не секогаш ни посветуваат доволно внимание, јас таков впечаток добив.
Од тоа ми е страв невнимателни доктори неискусни сепак оваа не е мала работа и незнам дали имат добра апаратура за да може да се изведе се како што треба
На природен циклус без стумулации бев кога правев во државна. Предходните 3 ми беа на приватно ама такво искуство немав никаде.
Така е тоа миличка се учат на нас,за жал,нека им земат таму кукли па нека се учат на нив.Но не мисли на тоа сега него уживкај.
Здраво на сите, денес ја правев втората инсеминација, првата за жал неуспешна а вторава со Господ напред ке видиме како ке биде, сакав да прашам за утрогестанот, ми препиша докторката по една вагиналета навечер. Е сега дали треба во исто време секој ден или безразлика, важно да ја ставам пред спиење? И колку време после вагиналетата треба да не станувам?
Ве молам да споделите искуство со вашата инсеминација... 4ти ден ми е од иуи и денес посевно имам болки во јајници, излегов од работа зошто на стол неможев да седам, се движам споро од болки и кога ке отидам во тоалет кога ке седнам на шоља мислам дека ке ми излезат јајнициве. Ужасно чувство... првата ИУИ не ми беше вака... имав тогаш благи грчеви ама ова денес е неиздржливо. Ве молам за искуство
Кломифен и бемфола 150 четри инекции, меѓутоа само два фолекули извадивме, смешна доза примив на инекции ама морав зошто само со кломифен не растеа доволно.
Јас имам правено 4 инсеминации за жсл неуспешни.Баш ништо не ме болеше.Првата ми беше со комифлен а другите три не.Во ниту еден случај немав баш никаква реакција.Дај Боже кај тебе да е позитивен знак штом чувствуваш некакви болки.
Добар знак е ова, дај боже да е тоа тоа Но доколку се неиздржливи болки појди на ехо, мада што сега и да има бременост нема ништо да се види.. Јас правев 2 со стимулации две без, никакви болки не чувствував, можда благи пред циклус ама вака не.
Си пишав со докторката, ми препорача парацетамол и спазмекс, и рече дека можеби се борат дајбоже да е тоа ❤ фала ви на сите за одговорите
Колку кошта една инсеминација и доколку се неуспешни дали ваучерот може да се искористи во систина, дали се доплаќа нешто за инвитро ако може малку објаснивање, докторот ни предложи инсеминасија бидејќи немаше подобрување на спермата остана иста за жал. Фала однапред
Штом имате лош спермограм зошто би оделе со инсеминација воопшто кога инсеминацијата е речиси како потпомогнат нормален однос .. само со скратена патека на спермата до матката и прочистен материјал (ништо посебно ) . Знам од искуства овде дека кај некои членки што се со тежок машки фактор докторите препорачуваат инвитро без претходно поминати инсеминации и така по скратена постапка си аплицираат директно за ваучер за инвитро без да се малтертираат со инсеминации . Инаку инсеминација на ГАК е некоја симболична сума од 150 ден мислам а на приватниве е околу 200-250 евра . За инсеминација не се добива никаков ваучер ваучерот си е за инвитро и само за инвитрото си го користиш .Може да се случи да треба да се доплаќа ако треба да зимаш додатни стимулации ако оние што спаѓаат во она што те следува не ти е доволно па треба да докупуваш .Инаку да ваучерот од фондот можеш да си го искористиш во било која од приватниве вклучувајки ја Систина се разбира .