Втора ми беше , првата кај Клементина во Систина (незадоволна сум од пристапот затоа и си отидов од кај неа ) втората еве ситно броиме до гушкање со ќеркичето кај Владимир од Њуборн (презадоволна од докторот) . Имам кажано и претходно фала му на Бога за успешната иуи ама и да беше неуспешна пак ќе одев кај Владимир- прекрасен човек и прекрасен и грижлив пристап .
Да,само првата инсеминација со терапија,а останатите не ми дадоа ама баш ништо,а мислам дека требаше.Сакав да земам на своја рака,ама мм ме предомисли.И кога забременив ми дадоа аспирин,утрогестан, фолна и пренатални и мислам дека ми треба терапија,сепак и таа придонесува,барем во мојот случај.Кај мене зависеше од терапијата.Можда ми е мака што не пробав приватно,него правев све на гак(без терапија),но бидна веќе,но сите негативни тестови ме разочаруваа, и кога и да ги прашав на гак ми велеа само однос со мм и да уживам.Да сето тоа ок,но треба и бременост,а не само негативни тестови.Но тоа е мое искуство и мислење.Сепак се лекови за поддржување на бременоста,мислам дека пак придонесуваат во успешноста.Барем во мојот случај се докажа.Како што пишав правав 9 инсеминации,ако ја одбијам успешната,еве и седум нека се,барем една ќе успееше(без терапија) и само преку однос.
Со лесно нека ти е ,памтам колку се насекира дека не можевте да работите сеуште на случајот после инсеминацијата Господ за сите има план
Не. Туку во зависност од проблемот што го имате може да ги враќаат документите за нешто да доиспитате. Кога навистина се исцрпиле сите испитувања дават на сите без исклучок. Многу често тие испитувањА се врзани со некој ден од циклусот, а кај тебе поминал тој ден па че треба следен циклус да чекаш и така.. знае да трае долго, ама нема потреба да фаќаш врски, ќе добиеш секако откако доставиш се што ќе ти побараат.
Леле да,умирав од болки при односот..практично невозможно беше ! Па утредента маж замина на службено патување си мислев најголем малер сум А испадна дека сум имала гоолема среќа ! Во исто време правевме јас, ти и @monka_bonbonka . Мноогу се израдував кога видов дека е таа бремена па и тоа со ! Ајде те чекаме и тебе побрзо со најубава вест !
Ние месецов направивме спермограм,следниов со циклус да до соберам хормони,брисеви,еха и тоа што фали,уште 1 спермограм и со Господ напред ќе поднесеме за ваучер подучиме ако имаш некој совет Вие до кај сте?Како си?
А дали за ваучер иуи мора да бидат преку еден месец или може последователно 2 пати. Сега ќе правам втора па ме интересира дали за последните две треба да помине уште мн. време додека дособерам документи. Фала и среќно