Дај Боже ..излив значи дека веќе е почната овулацијата и можно е баш со таа прва течност да се ослободи јаце клетката ...нека ни биде среќна оваа иуи
Можно е во исто време да бевме на иуи, јас во едната просторија а ти во другата најсреќно нека ни е. Заедно ќе се бодриме
Не примам клексан само утрогестан и аспирин ми препиша и исто на 14 бета да проверам..а од кога ти кажа да поч еш со терапијата? Сестрата запишала од 27 а др.ми рече од н едела а тоа е 26 и малку ме збуни
Здраво девојки.Сакам да Ве прашам при собирање на документи за ваучер дали е проблем што инсемнациите се правени во поголем временски интервал едната е во март 2019,сега имав во јануари 2020?Поради тоа што партнерот работи во странство не сме во можност.Дали од фондот би ги признале или мора да се преку еден циклус?Досега и двете се неуспешни во Newborn се правени.Инаку сме со не баш добар спермограм астенотератозооспермија.Незнам дали има шанси со таква дијагноза да се успее со инсеменација.
Дали се сеќаваш околу термините за фоликулометрија и инсеминација на ГАК? Дали може на фоликулометрија на пример да идеш попладне? А иуи ако се падне во викенд дали прават? Прашувам поради одсуствата од работа. Благодарам
Не прават попладне фоликулометрии, прегледите се во амбуланта прва смена. Не сум сигурна за викенд дали прават, мислам дека не. Мислам дека ќе темпираат или во петок или во понеделник да ти прават ако се ближи викенд.
Благодарам Оли. Размислувам за 3та на ГАК да правам. Иако би сакала да можеше што поскоро да поднесам документи да не губам време со 4 иуи бидејќи сум со ниско АМХ
Девојки ја направивме и втората инсеминација. Сега на ред е исчекувањето, најтешкиот дел. Овој месец ќе примам утрогестан, аспирин и метил фолат. Вие од кој ден почнувавте со утрогестан и како го примавте, вагинално или го пиевте?
ќе се дружиме во чекањето. Јас овој пат наместо утрогестан пијам дабростон. По 2 дена од денот на иуи почнав со терапија. Ти каде правеше иуи?
Кај Трајковски во New born. Првиот пат не примав ништо, ама сега ми рече да пробаме со мала подршка. Мене од 21 ден ми рече, зошто на денот на инсеминација имав на левата страна фоликул од 17мм и овие денови интезивни односи. Јас навечер вагинално планирам, а наутро да ги пијам. Докторот ми ррче да ги пијам, ама дека може навечер и вагинално.
Да...најдобро ти е така. И јас сум кај него и баш се прашував во кој случај се одлучуваат за утрогестан а кога даваат дабростон....Среќно нека ни е!!!
Девојки среќно,јас петок ќе правам 2 инсеминација на клиника.утре треба да примам стоп инекција.ајде дај боже позитивни да ви се резултатите.со лесно чекањето☺
Ajde i jas da vi soopstam nisto od mojata prva inseminacija denes dobiv so sreka na siteee sto cekate