Девојки дали добро имам разбрано. За инсеминација се потребни чист пап и брисеви, направено хсг и спермогам спермокултура сопругот. Дали пропуштам нешто? Уште не сме за инсеминација ќе почекаме до септември октомври доколку не бидне докторкава вика од декември да сме почнеле со иуи. Како се движат цените отприлика на приватно?
Да...тоа е тоа што е потребно. Цените се околу 10.000 но има разлика и ги мењаат често затоа најдобро пред да правиш и телефонски да се информираш во сите клиники. Најефтино беше на ГАК- со осигурување, но сега ГАК не работат.
Ти благодарам многу за информациите, да си бидам спремна однапред ја за се. Дајбоже и спонтано да бидне до тогаш ама желбата е поголема што и да треба ќе направиме.
И хормони ќе си провериш обавезно инаку цените од прилика се 11000 плус стоп инекција околу 2000 и плус ако треба терапија за стимулација , мене еднаш мј наплатија 11000 во систина , а после тоа 14000 врска немам зашто изгледа од ракав им се
Само инсеминацијата 12.500 ден, плус инекции за стимулација и стоп инекција. Од 12.500 до 18.000 денари од прилика чини една инсеминација. Со среќа
Inseminacija vo Plodnost cinii 9000 den, plus eho pregledi-merenje na folikulite do 3 pati i stop inekcija okolu 2000 den.
Здраво Дали може да ми препорачате доктор за инсеминација. И да споделите искуства. Се двоумам меѓу Систина и Плодност. Ви благодарам
Јас дојдов да се карам со тебе. Рано ти е тебе за во темава. Каде брзаш Иди таму опуштено на гушкање со мажето и кажи и на матичната дека во декември бебуш ќе го гледате како претка на ехо
Аии мила фала ти. Банкет правам ако се деси ова. Ќе видиме, ама докторкава ме спрема изгледа со време дека може да дојде до инсеминација.
Девојки, за инсеминација, не постари од колку месеци треба да се пап, брисеви спермограм и хсг? Мене ми се од лани, октомври, а сега во Јули прва инсеминација сакаме да правиме, кога ќе добијам треба да се јавам да ми кажат кога да одам. Така ми рекоа од ре медика, но не ми спомнаа претходно ништо за овие резултати. Исто некој искуство со инсеминации со полицистични јајници, метформин, миоинозитол, д цитамин и фолна како терапија веќе 9 месеци и одличен спермограм? Ви благодарам
Гледам дека не ти одговорил никој Јас во NewBorn правев една, ми рекоа дека не постари од 6 месеци тие резултати што ти ги споменуваш. ХСГ и Хормони секако постари можат. Ова е за NewBorn не знам можеби други клиники друга пракса имаат околу резултати