Здраво феминки ние правевме прва инсеминација пред 20 ден, но со негативен тест преку крв и денес ми е 37 ден од циклус и уште немам добиено, иначе инсеминацијата беше на природен циклус и без стоп инекција. Прашањето ми е дали некој имал вакво искуство со негативен тест да му доцни циклус и дали може од утрогестанот вагиналети да доцни?
Во петокот направив преку крв позитивен-негативен и излезе негативен и престанав да ставам утрогестан, последната вагиналета ја ставив во петокот наутро и искрено не осекам никаков симптом за добивање и се нервирам бар порано да добијам.
Не јас го правев тој тест преку крв што покажува само или позитивен или негативно без вредности е тој
Во систина, ништо не примав дури ни инекција за пукање на фоликули така сметаше др, на спонтан циклус.Првпат правиме и незнам стварно дали вака е и кај другите и со добивање при нег.тест и зошто толку ми доцни. Минатиот месец на 30 дена добив обично и така ми се движи циклусот до 33ден добивам
Фала ти златна, ама некако месец за месец ја трошам и таа малку надеж што ја имав и веќе станува неподносливо да се живее со тоа, некое исчекување нон стоп..
Знам душичко како ти е. Јас дури имав почнато да размислувам и за посвојување,бидејќи тишината многу боли,а надежта од ден на ден скоро и ја снема. Но се е во божји раце,кога веќе немав трошка надеж Господ не благослови. Ти посакувам се најдобро и дај боже во скоро да ни се пофалиш со најубавата вест.
Добро девојки, ајде нека каже некоја убаво и позитивно искуство , каде што имала успешна инсеминација. На сите овде ни треба поддршка, ние секако штом сме овде сме си поддршка една на друга, ама верувам дека многу од нас 'висат' по форуми и очекуваат да прочитаат позитивно искуство како би се дигнала самодоверба
Брат ми и снаа ми, после 10 години борба со неплодност, успешна инсеминација од прва во Ремедика. Три години потоа, без намера и на изненадување на сите, забремени природно и сега си имаат две ќерки .
Здраво девојки, сакам да ве прашам од тие што веќе имате правено инсеменација. Јас правев втора инсеменација пред 5 дена, е сега кога сум активна или се качувам по скали имам болки слични како на добиено. Прегеска пазарував и дигнав две кеси тешки, скроз заборавив дека не смеам и одма осетив болки. Малку ме плаши ова дали е нормално. Нејќам да паничам да се јавувам на докторот, можеби некоја од вас имала слично искуство да сподели. Фала ви
Почитувани содрушки, Ве молам за информација, од кога почнавте со летрозол, тие што биле стимулирани (од кој ден во циклусот се почнува)? Фала ви!!
Мене лично од Летресанот не ми се направија богзнае колку. 2-3 Ако не се лажам некаде имам прочитано дека се 'полабави' за разлика од Кломифенот. Не му ја мисли на тоа сега